Граница

Term Main definition
Граница

Ако преминувате граница: успех, никако не се откажувајте од своите способности; ако ја видите: не сте сигурни во своите намери.

Што значи да сонувате граница?

Ако сонувате граница

Ако во вашиот сон гледате граница, тоа имплицира дека не сте сигурни во своите намери. Веројатно сметате дека вашиот живот во странство би ви донел бројни можности кои и покрај напорната работа, ги немате во вашата татковина.

Ви било полесно кога вашите мисли биле во доменот на невозможното, но како што ви се будат прилики да ги остварите плановите, нема да знаете што е најпаметно да направите. Од една страна, вашите фрустрации ја доживеале точката на вриење, а од друга, врзани сте за семејството и пријателите без кои не можете да си го замислите животот.

Ако преминувате граница на сон

Ако сонувате дека преминувате граница тоа укажува да не се откажувате од вашите способности. Често ви се случува пред крајот на некоја работа да почнете да се сомневате во своите способности и да се преиспитате.

Причината поради тоа е преголемата желба за успех која ве доведува до брзо заситување што резултира со запоставување на обврските и одлагање на истите за подоцна. Таквиот пристап ви создава големо оптоварување бидејќи потсвесно знаете дека имате уште многу незавршени нешта, но на тој начин само се оддалечувате од вашите цели.

Ако сонувате дека цртате граници на географска карта

Кога во сонот сонувате дека цртате граници на географска карта тоа значи дека конечно ќе застанете во своја одбрана. Во последно време луѓето претерано ви се мешаат во животот, па ќе се одлучите да ги спречите во тоа. Ви здодеало другите да управуваат со вашиот живот и постојано да исполнуваат нечии желби.

Овој пат нештата ќе ги земете во свои раце и нема да се покаете поради тоа.

Ако сонувате дека некој друг човек црта граници на географска карта

Ваквиот сон укажува на недостаток на самодоверба. Сте дозволиле другите да профитираат преку вашиот грб само затоа што не сте сигурни во своите способности и доблести. По природа сте вредна личност која секогаш го дава својот максимум во работата со којашто се занимавате, но сè уште не сте ги почувствувале придобивките од вашиот труд.

Ако поработите на длабоко вкоренетите комплекси, ќе можете да се надевате на подобрување на ситуацијата.

Ако сонувате дека бришете граници на географска карта

Доколку во сонот ги бришете границите на географската карта можно е некому да му ги признаете вашите чувства или конечно да се доверите некому дека нешто ве измачува. Можеби веќе долго време криете како се чувствувате бидејќи се плашите дека ќе повредите друга личност или дека таа ќе ве повреди вам.

Од друга страна, можеби имате проблем за кој не сте зборувале со никого. Обидете се да се исповедате некому кому вистински му верувате, сигурно ќе добиете многу корисен совет од него.

Ако сонувате дека други луѓе бришат граница на карта

Ако во сонот гледате како некој друг брише граници на карта тоа значи дека повторно ќе ве изненади тоа колку луѓето умеат да бидат себични и безобразни. Сè уште не сте се навикнале дека тоа  е начинот на кој, за жал, општеството денеска функционира.

Никогаш не би заминале на лекар, во банка или на поштенски шалтер преку ред, а свесни сте дека многу луѓе го прават тоа. Ако продолжите да се држите до своите лични принципи совеста ќе ви биде мирна, но тоа не значи дека другите ќе почнат да се однесуваат како вас.

Ако сонувате дека чекате да преминете граница

Сонот во којшто чекате ред да преминете граница симболизира потреба барем на кратко да го промените местото на живеење. Веројатно веќе долго време не сте патувале некаде и сакате да ја почувствувате таа возбуда.

Ако веќе немате време и пари за заминување на некоја далечна дестинација, заминете барем на пократок излет. Промената на средина ќе ви биде мелем за душата и телото.

Ако сонувате дека некој ве брка преку граница

Кога сонувате дека некој ве истерува од државата тоа е знак дека треба да одбиете нелегална работа која ветува добра заработка. Можеби некој ќе се обиде да ве наговори да направите нешто поради кое би можеле да се посрамотите или загрозите сопствената егзистенција или егзистенцијата на луѓето кои зависат од вас.

Немојте да бидете наивни и не прифаќајте да работите нешто што не ви се допаѓа само поради големата сума на пари.

Ако сонувате дека вие некого бркате преку граница

Доколку вие сонувате дека бркате некого преку граница тоа е порака да не влегувате во расправија со тврдоглава личност, за да не го извлечете „подебелиот крај“. Можете да го изнесете своето мислење, но не им го наметнувајте на другите луѓе. Тоа не е начин тврдоглавиот човек да го убедите во нешто.

Ако сонувате дека ви е забрането да ја преминувате границата

Ако во сонот вие  забрането да ја преминувате границата од страна на полицијата тоа значи дека ве измачува совеста поради грешката којашто сте ја направиле во минатото. Можеби некоја личност сте успеале да навредите или повредите, а не сте побарале извинување.

Не е исклучено ниту дека сте направиле некој сообраќаен прекршок поради кого ќе влезете во судир со властите. Вашата тврдоглавост често ве доведува до непријатни ситуации. Би требале сериозно да размислите за сопствените постапки.

Ако сонувате дека нелегално се обидувате да ја поминете границата

Ваквиот сон е предупредување да бидете внимателни на работното место. Секоја ваша грешка може скапо да ве чини бидејќи во блиското опкружување имате некого кој се обидува да ве саботира вам и вашиот успех и напредок во кариерата.

Веројатно станува збор за љубоморен и завиден колега/колешка кој ќе стори сè што е во негова/нејзина моќ да напредува повеќе во работата од вас.

Ако сонувате дека бегате преку граница

Сонот во којшто бегате преку граница е знак да престанете да живеете во заблуда дека некој друг ќе ги реши вашите проблеми. Претерано се ослонувате на другите луѓе и често ги одложувате вашите обврски што ве доведува до непријатна положба.

Сепак, претпочитате да се жалите за својата судбина отколку да почнете да ги решавате проблемите кои ги имате. Почнете да се однесувате во согласност со вашите години.

Ако сонувате дека некој друг човек бега преку граница

Кога во сонот некој друг човек бега преку граница тоа значи дека не треба да им верувате на озборувањата. Што и да слушнете земете го со резерва бидејќи луѓето имаат тенденција да претеруваат. Не би сакале и вие да се најдете на нивното место и да станете главна тема на озборувањата.

Ако сонувате дека работите на граница (граничен премин)

Доколку сонувате дека работите на граничен премин тоа имплицира дека ќе запознаете некого кој може да ви помогне да напредувате во кариерата. Станува збор за многу влијателна личност која благодарение на своите контакти може да ви осигура подобра иднина.

Вам ви останува да одлучите дали ќе го искористите ова познанство или ќе уживате во фактот дека сте блиски со толку моќна и влијателна личност.

Значењата на овие соништа можат да бидат многу поедноставни. Доколку сте преминале граница тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз вашата потсвест.

Дефиниција за граница

Граница во географијата претставува линија која ги дели двете држави, области, региони и така натаму.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg