Грамофон

Term Main definition
Грамофон

Тешки облаци над љубовната  врска. Ако го видите: внимавајте на своето однесување; ако слушате музика на грамофонот: ве озборуваат.

Што значи да сонувате грамофон?

Ако сонувате грамофон

Ако во сонот видите грамофон, тоа е предупредување дека над вашата љубовна врска ќе надвиснат црни облаци. Можно е помеѓу вас и вашиот партнер нештата совршено да функционираат, но таа идила да ја нарушат членовите на нечие семејство кое се плетка во она што не е негова работа.

Еден од вас двајцата ќе се најде во многу тешка и незавидна позиција во која нема да знае како да реагира. Атмосферата ќе станува сè понападна, а од решение нема да има ниту трага ниту глас.

Друго значење е дека би требале да внимавате на своето однесување. По природа сте тврдоглава личност и не се откажувате додека не го остварите она што сте го наумиле. Дури и ако грешите нема да го признаете тоа поради вашите принципи.

Со таквиот став најмногу ќе си наштетите себеси, но и другите веќе нема да бидат имуни на вашите испади и ќе престанат сериозно да ве сфаќаат.

Ако слушате грамофон

Ако сонувате дека слушате музика од грамофон тоа имплицира дека некој ве озборува. Веројатно знаете за што се работи, но сте немоќни да промените нешто по тоа прашање. Најважно ви е дека оние коишто многу добро ве познаваат нема да поверуваат во лагите туку ќе се обидат да ве заштитат и охрабрат.

Сонот во којшто слушате говор од грамофон е предупредување да престанете да живеете во минатото. Постојано жалите за времињата коишто биле зад вас и никако не успевате да се ослободите од тоа. Затоа испуштате добри прилики од сегашноста и не можете потполно да се посветите на планирање на иднината.

Ако купувате грамофон

Доколку сонувате дека купувате грамофон тоа значи дека вашата инвестиција ќе се исплати. Можеби ќе вложите пари во акции или купување недвижнини, автомобил или квалитетен апарат за домаќинство. Во секој случај нема да се покаете поради таа одлука.

Ако продавате грамофон

Кога сонувате дека продавате грамофон тоа имплицира дека ќе мора да се откажете од нешто што го сакате. Можеби поради недостатокот на времето ќе го запоставите хобито во кое уживате или поради парична криза ќе бидете присилени да ги намалите месечните трошоци.  Тоа тешко ќе ви падне, но со оглед на тоа дека сте рационална личност, свесни сте дека немате друг избор.

Ако подарите грамофон

Ако некому подарите грамофон можно е да ви здодеало да ги слушате другите луѓе. Во блиско опкружување имате личност која управува со вашиот живот. Ништо не можете да направите без негова/нејзина согласност. Тоа честопати ве фрустрира, но досега не сте смееле или сакале да реагирате. Сепак, еден настан ќе ја промени вашата перцепција, па конечно ќе се одлучите да се заземете за себе.

Ако добиете грамофон на подарок

Сонот во којшто некој ќе ви подари грамофон тоа е предупредување да ги намалите очекувањата од луѓето за да не бидете постојано разочарани. Вие сте личност која има јасни принципи, ставови и уверувања и тешко си го менува своето мислење.

Исти стандарди сте поставиле и за пријателите, познаниците, па дури и за партнерот/партнерката. Многу е тешко да се задоволат вашите мерила, затоа забележувате дека има сè помалку луѓе со кои можете да се дружите. Исто важи и за емотивните партнери. Секој кој сака да ви се приближи се откажува кога ќе сфати дека го/ја тестирате.

Ако украдете грамофон

Доколку сонувате дека сте украле грамофон од продавница тоа значи дека сте многу амбициозна личност. Имате зацртана цел и правите сè што е во ваша моќ да ја остварите. Честопати се жртвувате поради работата и сметате дека тоа ќе ви помогне да напредувате во животот.

Кога сонувате дека сте украле грамофон од некого тоа имплицира дека сте запознале многу интересна личност која ќе ве воодушеви со своите ставови. Со негова/нејзина помош ќе научите нештата да ги гледаат од попозитивна страна.

Тоа многу добро ќе ви делува на вашата психичка состојба, па ќе посакате што повеќе време да поминувате заедно. Ако станува збор за личност од спротивен пол, не е исклучено ниту дека ќе се заљубите во него/нејзе.

Ако сонувате дека некој ви украл грамофон

Сонот во којшто некоја личност ви краде грамофон е предупредување да не се врзувате за луѓе за кои не сте сигурни дали имаат искрени намери.  Во својот живот сте пуштиле личност која има скриени мотиви за дружење со вас.

Веројатно ќе се обиде да искористи за да оствари некои лични интереси. Ако на време се соочите ќе ги намалите шансите неговото/нејзиното однесување да ве повреди и да ве разочара.

Ако сонувате дека сте пронашле грамофон

Ако во сонот пронајдете грамофон тоа укажува на добри вести. Можеби ќе ве израдува убавата вест дека вашиот пријател или пријателка или некоја блиска личност планира свадба или чека дете. Ќе бидете среќни поради него/нејзе. Доколку чекате резултати од некој тест или одговор на вашата молба, веројатно ќе ве израдува некој телефонски повик.

Ако сонувате дека сте скршиле грамофон

Доколку сонувате дека сте скршиле грамофон тоа имплицира дека ќе се налутите на некој член на семејството. Можеби неговите/нејзините одлуки ќе ве разочараат. Сепак, морате да знаете дека секоја возрасна личност може сама да си одлучува за својот живот и немате право да се лутите поради тоа.

Ако сонувате расипан грамофон

Доколку во сонот гледате расипан грамофон тоа значи дека ќе промените работа. Веројатно веќе подолго време размислувате за тоа, но се плашите да донесете конечна одлука. Можеби не сте задоволни од примањата или од условите за работа на работното место или не гледате можност за напредок ако продолжите да ја работите истата работа. Храбрите би можеле да одлучат да започнат сопствен бизнис.

Ако сонувате дека сте фрлиле грамофон

Ако во сонот го фрлите грамофонот тоа имплицира дека сте подготвени за промени. Можеби во вашиот живот постои нешто што ви ја расипува среќата, а не сте биле доволно храбри да се занимавате со тоа. Можеби во блиска иднина конечно ќе почнете да работите на тоа животот да ви стане подобар и поквалитетен.

Грамофонска плоча

Ако сонувате грамофонска плоча тоа означува носталгија за некои минати времиња. Веројатно честопати се фаќате како размислувате за тоа како би биле посреќни и безгрижни кога сте биле дете или момче/девојка. Причините поради тоа можат да бидат многубројни, а најчесто за нив размислуваат луѓето кои поминуваат низ бурен период во својот живот. Можеби ви е потребен мир и одмор.

Ако сонувате дека палите грамофонска плоча

Доколку во сонот палите грамофонска плоча или гледате како плочата е во пламен тоа имплицира дека ќе се збогувате од блиска личност. Можеби близок пријател или пријателка или некој член на семејството ќе се отсели во некој друг град или пак држава. Многу тешко ќе ви падне разделбата, но ќе бидете свесни дека така е најдобро за него/нејзе. Можно е и раскинување на емотивна врска.

Значењето на овие соништа може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте виделе или слушале музика од грамофон, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз потсвеста па од јаве се пренело на сон.

Дефиниција за грамофон

Грамофон е механички уред за снимање и репродукција на звук.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg