Градилиште

Term Main definition
Градилиште

Бидете внимателни при големи зделки, потребна ви е љубов, но вие бегате од неа.

Што значи да сонувате градилиште?

Ако сонувате дека работите на градилиште

Ако сонувате дека работите на градилиште укажува дека ви е потребна љубов. Но и покрај тоа вие честопати менувате партнери/партнерки и не сакате за никого да се врзувате. Можеби за ваквиот став ќе придонесат вашите лоши искуства од претходните врски како и разочарувањата кои ги доживеале луѓето кои ви се блиски.

Ќе играте на сигурно и штом ќе сфатите дека се вљубувате ќе ја прекинете врската и ќе започнете нова авантура. Таквиот став ќе ве заштити од страдање, но ќе ви создаде чувство на празнина и на неприпаѓање.

Ако сонувате градилиште

Ако во сонот видите градилиште, тоа е предупредување да бидете внимателни во големи работи. Без разлика дали ќе бидат физички или административни, ќе мора да се сконцентрирате секој чекор однапред да го испланирате. Многу очи ќе бидат вперени во вас па ќе сакате да се покажете во најдобро можно светло.

Ако сонувате дека напуштате градилиште

Кога сонувате дека напуштате градилиште, тоа имплицира дека ќе добиете унапредување. Секогаш сте прифаќале секаква чесна работа која ви била понудена не сметајќи ја за срамна или под ваше ниво. Благодарение на таквиот пристап, шефовите ќе видат дека можат да се потпрат на вас и ќе ви укажат доверба која ќе ви обезбеди подобра позиција во фирмата.

Ако сонувате напуштено градилиште

Доколку во сонот видите напуштено градилиште можно е да ви се изјалови планот. Веројатно веќе долго време работите на тоа и се радувате на крајните резултати, но ќе наидете на непремостлив  проблем, поради кој нема да можете да ја завршите работата.

Не смеете да очајувате поради тоа, туку да најдете начин да го решите тоа. Премногу труд и работа сте вложиле за да се откажете сега.

Ако сонувате дека уништувате (уривате) градилиште

Сон во којшто уривате градилиште симболизира разочарување во себе. Можно е самите да си поставувате цели, но се разочарувате кога не можете да ги остварите. Затоа е важно да одите чекор по чекор и постепено да ја кревате скалата на сопствените очекувања.

Вашата упорност навистина е импресивна, немојте тоа никогаш да го заборавате.

Ако сонувате дека одите низ градилиште

Ако сонувате дека одите низ градилиште тоа имплицира дека чувството за бизнис ќе ви донесе голема заработка. Во последно време интензивно работите на тоа да ги зголемите примањата, па ќе морате да побарате дополнителна работа.

Доколку успеете да го уновчите она со што се занимавате од хоби, можете да се надевате на подобрување на финансиската ситуација. Прифатите понуда од деловниот партнер, нема да се покаете.

Ако сонувате дека трчате низ градилиште

Сонот во којшто трчате или бегате од некого во градилиште симболизира страв од осуда на околината поради вашите постапки. Цел живот се трудите тие што ве познаваат да имаат добро мислење за вас. Важно ви е да ја сочувате репутацијата, па не донесувате одлука за која знаете дека другите нема да ја прифатат.

Ова се однесува на приватниот и на деловниот живот. Меѓутоа, ќе дојдете во ситуација која изискува брза реакција и нема да стигнете да размислувате за тоа што би направил некој друг. Дури тогаш ќе сфатите дека предолго сте се мачеле со погрешни нешта и ќе почнете да живеете онака како што сакате.

Ако сонувате дека се криете на градилиште

Ваквиот сон укажува на немирна совест. Веројатно криете нешто од драга личност што би можело да го/ја повреди. Сметате дека е подобро да живее во незнаење отколку да страда. Сепак, кога размислувате за тоа често се обидувате да се замислите како би ви било вам кога би биле на негово/нејзино место. Заклучокот секогаш е ист – би сакале да знаете!

Зошто во овој случај применувате обратна филозофија?!

Ако сонувате дека сте шеф на градилиште

Кога сонувате дека сте работодавец или шеф на градилиште тоа значи дека организационите способности ќе ви помогнат да завршите важна задача. Ќе ви биде доверено да управувате тим на луѓе, но ќе имате малку време да го завршите она што ви е потребно.

Тука настапува ваша дарба правилно да го распоредите времето, ресурсите и кадрите за да биде успешен проектот. Можеби за овој труд соодветно ќе бидете наградени.

Ако сонувате дека разговарате со шефот на градилиштето

Сонот во којшто разговарате со шефот на градилиштето симболизира недостаток на концентрација поради која не можете соодветно да функционирате во последно време. Веројатно нешто ве мачи, па не можете да се фокусирате на обврските со кои се среќавате на секојдневно ниво.

Обидете се да го решите овој проблем што побргу за да не ви се одразат негативните последици на вашата деловна иднина.

Ако сонувате дека се расправате со шефот на градилиштето

Ваквиот сон укажува на тоа дека сметате дека не сте доволно наградени за трудот кој го вложувате на работното место. Понекогаш се чини дека работодавецот само ве искористува и веќе не верувате во неговите лажни ветувања.

Сè почесто забележувате дека зголемувањето на платата, стимулацијата и други бенефити ги добиваат луѓе кои помалку го заслужуваат тоа од вас. Ако не се спротивставите и не ги изнесете своите критики, ништо нема да се промени. Време е да застанете на своја страна, тоа сигурно нема некој да го стори за вас.

Ако сонувате дека се тепате со шефот на градилиштето

Доколку во сонот се тепате со шефот на градилиштето тоа имплицира дека сте детинести и несериозни и дека со своите постапки го посрамувате своето семејство. Веројатно неодамна во јавноста сте се скарале со поранешниот колега или пријател, а за тоа сведочеле голем број на луѓе.

Ако живеете во мало место сосема е извесно дека сте главна тема на озборувања. Доколку не размислувате за својата репутација во општеството, помислете на своето семејство! Тие сигурно не би сакале луѓето да зборуваат за вас зад ваш грб.

Ако сонувате несреќа на градилиште

Ако сонувате дека сте доживеале несреќа на градилиште, тоа значи дека ќе промените нешто во вашиот живот. Поводот за тоа ќе биде настан поради кој ќе се запрашате дали сте среќни и што треба да направите за да станете тоа. Проблемот е во тоа што со текот на годините сте одложувале чекајќи го вистинскиот момент за нешто, а времето си поминувало.

Во блиска иднина цврсто ќе се одлучите да се посветите себеси и да почнете да работите на остварување на своите соништа. Запомните, не пропуштајте прилика, бидејќи никогаш не знаете кога повторно ќе добиете прилика! Кога во вашиот сон некој друг ќе доживее несреќа тоа имплицира дека ќе се помирите со личноста со која не сте биле во добри односи.

Ќе ги закопате воените секири и повторно ќе почнете да се дружите. Важно е во овој однос да бидете сосема искрени, бидејќи и најмалата лага би можела да ви го наруши односот.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте биле на градилиште, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз поствеста.

Дефиниција за градилиште

Градилиште е простор на којшто се гради нов објект.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg