Грашок

Term Main definition
Грашок

Ако берете: ќе си го проширите имотот; ако јадете: невино сте осудени, неоправдано некој ве озборува; ако садите: напредок во домаќинството; ако отворате конзерва: помали неприлики кои самите сте си ги направиле.

Што значи да сонувате грашок?

Ако сонувате дека берете грашок

Ако во вашиот сон берете грашок тоа значи дека ќе си го зголемите имотот. Вие сте идеален примeр дека трудот и работата кога-тогаш се исплаќаат. Од мали нозе прифаќате секаква работа којашто ќе ви се понуди и таквиот пристап ви донел големо искуство и репутација на вреден и сериозен работник.

Многу работодавци ќе се борат за вас, па ќе бидете во можност да изберете услови кои значително ќе ви го подобрат квалитетот на животот.

Ако сонувате дека јадете грашок

Ако сонувате дека јадете грашок, тоа имплицира дека ќе бидете обвинети поради нешто што не сте го направиле. Можно е дека сте се соочиле со љубомората на колегата, кој нема да бира средства за да се обиде да го доведе во прашање вашиот авторитет.

Иако сте свесни за сè што ви се случува, ќе мора да глумите и да трпите неосновани напади за да не предизвикате тензија и несогласувања.

Ако сонувате дека садите грашок

Ако сонувате дека садите грашок тоа симболизира напредок во домаќинството. Веројатно сте имале несогласувања со роднините кои се условени со разликата во годините и поинаквиот поглед на живот, но во наредниот период ќе успеете да пронајдете заеднички јазик.

Ќе согледате дека можете да научите многу нешта од нив кои би можеле да ви користат во иднина.

Ако отворате конзерва со грашок во сонот

Доколку во сонот отворате конзерва со грашок, тоа означува помали неприлики кои самите сте си ги предизвикале. Вие сте многу импулсивни и, само наизглед, не водите сметка за туѓите чувства. Во момент на бес, во состојба сте да изговорите нешта кои ниту куче не би ги изело. Кога ќе станете свесни што сте направиле, најрадо би пропаднале во земја.

Тогаш се обидувате да се оправдате и да ги убедите другите дека не сте го мислеле сериозно она што сте го кажале.

Ако сонувате дека други луѓе берат грашок

Ако во сонот видите дека некој друг бере грашок тоа значи дека колегата преку вас ќе се обиде да се додвори на работодавецот. Ќе го искористи вашиот коректен однос за да создаде поинаква, поубава слика за себе. Сè додека неговите постапки не ве загрозуваат вас, немојте ништо да преземате. Доколку, пак, забележите дека некој ви го нарушува кредибилитетот, потрудете се да го спречите во тоа.

Ако сонувате дека други луѓе јадат грашок

Сонот во којшто гледате како некои луѓе јадат грашок тоа значи дека ќе заштитите личност која неправедно е обвинета за нешто. Ќе размислите за неговата/нејзината ситуација и ќе дојдете до заклучок дека не заслужува критика.

Поради тоа другите би можеле да ве сметаат за „дрвен адвокат“, но се додека знаете дека ја правите правилната работа, ваквите епитети нема да ве тангираат.

Ако сонувате дека чистите грашок

Кога маж сонува дека чисти грашок тоа симболизира ново познанство. Веројатно ќе запознаете личност која ќе донесе свежа перспектива во вашиот живот. Ќе почнете да гледате позитивно на многу нешта. Доколку жена го сонува истиот сон тоа укажува на празни разговори со личност која во ништо не ви е слична. 

Можеби од пристојност ќе прифатите да одите на кафе со некој чија приказна ќе ве измори и депримира.

Ако сонувате дека готвите грашок

Ваквиот сон е знак за деловни проблеми. Можеби ќе имате многу стресен ден на работа и ќе мора да одложите важен состанок. Ако во моментот сте невработени или во пензија веројатно ќе бидете присилени своето време да го посветите на другите.

Можеби пријателите или членовите на семејството ќе ве ангажираат за нешто што ќе ви одземе многу време. Постојат реални шанси дека ќе се покаете поради тоа што сте ја послушале нивната молба.

Ако сонувате дека јадете сиров грашок

Сонот во којшто јадете сиров грашок симболизира помала заработка од очекуваната. Веројатно сте вложиле многу труд и време во нешто, а резултатите и наградата изостанале. Ако неодамна сте се надевале на зголемување на платата или унапредување, ќе мора да се стрпите уште некое време. Доколку очекувате добри вести од странство би можеле да се разочарате.

Ако сонувате дека фрлате грашок

Ако во сонот фрлате грашок тоа значи дека ќе претрпите критика. По природа сте перфекционист и сакате да имате доволно време секоја работа да ја завршите онака како што мислите дека знаете најдобро. Сепак, ќе добиете задача која ќе мора да ја завршите во краток рок.

Нема да можете да ги задоволите своите, а камо ли туѓите очекувања, но оваа критика ќе ве погоди. Не дозволувајте тоа да ви влијае врз самодовербата, свесни сте дека поседувате многу вештини и таленти.

Ако сонувате дека броите зрна грашок

Ваквиот сон, за жал, предвидува расправија и несогласувања во вашиот дом. Освен тоа, може да укаже на расправа со некого кој ви должи услуга или пари. Веројатно тој долг нема да ви биде вратен уште долго време.

Ако сонувате дека сте расипале грашок

Доколку во сонот расипете грашок можеби ќе се скарате со партнерот или со домашните. Причините наизглед ќе бидат безизлезни, но расправата ќе ве доведе во еден сосема поинаков, многу посериозен правец.

Ако не го искористите ова на време би можеле да си го загрозите односот. Избегнувајте да реагирате во афект, така само ќе го намалите ризикот да го повредите оној кого го сакате.

Ако сонувате дека купувате грашок

Кога сонувате дека купувате грашок тоа укажува на добра инвестиција. Ако сте размислувал за купување куќа, стан, автомобил или некој апарат од домаќинството, сопствениот избор нема да ве разочара. Сепак, немојте да одбивате корисни совети од луѓе кои имаат многу повеќе искуство на тој план.

Ако сонувате дека продавате грашок

Сонот во којшто продавате грашок е знак дека со тешка мака ќе го остварите она што сте го замислиле. Веројатно сте одбрале потежок пат до успехот, а мотивација ви даваат малкуте луѓе кои навистина веруваат во вас.

Од инает ќе се потрудите да го остварите она што го сакате, а кога ќе ви стане јаве, ќе се потрудите секого да го потсетите на сè што ви говорел на почетокот. Иако инаетот е силна и ефикасна движечка сила, немојте желбата за одмазда да ви стане опсесија.

Овенат (сув) грашок

Овенат грашок во сонот е предупредување за неочекувани проблеми. Ќе ви се случи нешто што никогаш не би можеле да го предвидите. Сепак, не смеете да паѓате во очај. Сфатите го ова како уште една пречка која мора успешно да ја решите за да уживате во плодовите на својата работа.

Ако сонувате црвлив (скапан) грашок

Црвлив или скапан грашок во сон е порака повеќе внимание да обрнете на своето здравје. Немојте да одложувате редовни контроли, дури и ако се чувствувате добро во својата кожа. Сетете се на изреката „подобро да се спречи, отколку да се лечи“. Најдете време да заминете на лекар и да се посоветувате со него.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку пред скоро време сте виделе, јаделе, береле или саделе грашок, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за грашок

Грашок е едногодишно растение во вид на ползавец.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg