Градинар

Term Main definition
Градинар

Да се биде: ќе уживате во љубовта; Ако го гледате: доаѓа непријатност и досада, кавги со соседите.

Што значи да сонувате градинар?

Ако сонувате градинар

Ако сте маж, а сонувате градинар, тоа значи дека наскоро ќе се најдете во здодевно друштво. Можно е да присуствувате на настан на кој ќе бидете принудени да комуницирате со луѓе кои воопшто не ви се интересни. Бидејќи не сакате да навредите никого, ќе се преправате дека добро се забавувате, но едвај чекате да одите дома. Ако сте жена, тој сон означува тајна желба за сексуална авантура.

Ако сонувате дека жена е градинар и ја гледате во сон без комуникација со неа, тој сон означува тајна желба за сексуална авантура. Ако сте жена и сте сонувале  градинарка, тој сон значи дека ќе имате здодевно друштво, каде ќе се преправате дека ви е убаво и дека се забавувате.

Ако сонувате дека гледате градинар како работи

Доколку во сон гледате градинар како работи, тоа укажува дека ве очекува добивка. Таа не мора да биде само од материјална природа. Може да се случи да стекнете нови пријатели или искуства кои ќе ви значат во натамошната кариера. Ќе се трудите да бидете во добри односи со колегите и да им помогнете кога и да е тоа во ваша моќ, бидејќи сте свесни дека и вам може да ви затребаат услуги.

Ако сонувате дека вие сте градинар или градинарка

Ако во сон вие сте градинар, тоа е знак дека ќе уживате во љубовта. Во наредниот период ќе имате многу успех кај спротивниот пол и тие ќе ве сметаат за неодолива. Во еден момент на тоа поле нема да имате никакви настани, додека во следниот нема да знаете за кого да се одлучите. Кога најмалку ќе се надевате, ќе ви се јави и личноста за која долго време размислувавте. Можно е да имате страсна романса со некој кој е постар од вас. Таа врска ќе биде вашата тајна што ќе ја криете од другите.

Нејзината најголема магија ќе биде во тоа што сите нешто ќе насетуваат, но нема да ја знаат вистината. Алтернативното значење е негативно и тоа подразбира дека на јаве ви е пореметена психичката рамнотежа. Веројатно имате премногу обврски  што се закануваат да ја нарушат рамнотежата помеѓу вашиот приватен и деловен  живот. Многу сте се труделе да ја воспоставите таа хармонија, поради што ви е тешко да набљудувате како таа исчезнува.

Ако сонувате дека барате совет од градинар

Ако во сон барате совет од градинар, тоа ви порачува дека ќе научите нешто. Вие сте личност која постојано си поставува предизвици и има нови интереси. Вие не сте од оние луѓе кои едвај чекаат да ја завршат работата и да се одморат, туку  секогаш имате планови како да направите нешто корисно во слободното време.

Ако сонувате дека се расправате со градинар

Кога во сон се расправате со градинар, тоа значи дека ќе бидете незадоволни од нечија работа. Можно е да платите некому да го заврши она што не го умеете или за што немате време. Ќе бидете лути кога ќе сфатите дека не сте го добиле она што сте го очекувале и дека ништо нема да се биде готово во предвидениот рок.

Ако сонувате карање со градинар 

Вашето расположение ќе биде променливо и нема да наоѓате инспирација во ништо што правите. Сè ќе извршувате со напор и едвај ќе чекате да дојдете дома и да спиете. Тоа нема да биде прв пат да паднете во ваква состојба, па нема многу да се нервирате. Ќе го искористите во ваша корист да се одморите и да соберете сили за нови работни победи.

Ако сонувате дека ангажирате градинар

Ако во сон ангажирате градинар или му плаќате за некоја услуга, тоа значи дека некои ваши проблеми ќе ги реши некој друг... Алтернативно постои толкување каде се обидувате да решите некои проблеми кои би требало да ги решите сами без помош на пријатели, бидејќи се ваша грижа, а вие тоа не го забележувате.

Ако член на семејство е градинар во сон

Кога сонувате дека член на вашето семејство е градинар, тоа предупредува на расправија со соседите. Веројатно ќе планирате некои работи во куќата и на време  ќе го известите соседството за тоа. Меѓутоа, некои од нив ќе се спротивстават и ќе бидете принудени да ги одложите или да ги забавите работите. Ќе ви биде жал што мора да се замерите, но нема да дозволите другите да ви бранат нешто на што имате право.

Ако сонувате дека се бакнувате со градинар

Каков било вид интимни односи со градинар или градинарка симболизира задоволство на емотивен план. Односот со партнерот е конечно многу добар, сте ги  решиле несогласувањата што ве мачат долго време, така што одличната комуникација се одразила и на останатите сегменти од животот.

Доколку моментално немате емотивен партнер, наскоро би можеле да сретнете  интересна личност која со своите ставови и харизма ќе го привлече вашето внимание. Ќе се чувствувате одлично во негово/нејзино друштво и ќе се обидете  тоа да не биде ваш последен контакт. Ќе сфатите дека е време да започнете нова авантура, без страв од тоа што би можело да се случи.

Ако сонувате дека некој друг има односи со градинар, тоа значи дека сте љубопитна личност. Имате потреба да знаете сè за секого, но вашата опсесија сепак е од побезопасна природа. Вие генерално сакате да стекнувате нови знаења, а уште  повеќе тоа што сте го научиле да го делите со другите. Доколку веќе не се занимавате со таков вид на работа, би можеле да размислите за кариера како мотивациски говорник или ТВ или радиокоментатор на социјални настани.

Ако сонувате дека се тепате со градинар

Кога сонувате дека се тепате со градинар, тоа значи дека некој ќе се обиде да ве измами. Бидете внимателни при потпишување на каков било договор и не купувајте работи за кои не сте сигурни дека ви требаат и дека ќе ви го олеснат животот. Обрнете посебно внимание на сметките за комунални услуги. Можно е да ви биде пресметан непостоечки долг.

Ако сонувате дека некој друг се тепа со градинар, веројатно ќе присуствувате на непријатен разговор помеѓу колеги или пријатели. Од вас ќе се бара да заземете страна, па ќе се најдете во незавидна ситуација. Потрудете се од тоа да се извлечете дипломатски, и тоа така што ќе им дадете до знаење дека немате намера да бидете арбитер во тој спор.

Ако сонувате убиство на градинар

Доколку сонувате дека вие сте убиле градинар, тоа значи дека некого ќе обвинете за „злосторство“ што тој не го сторил. Ќе бидете неправедни кон личност чии намери не биле зли. Тоа ќе го сфатите дури многу подоцна, но ќе ви биде глупаво потоа да се извините.

Ако сонувате дека некој друг убил градинар, тоа подразбира потреба да му докажете на вашиот партнер или пријател дека тој не е секогаш во право. Ќе биде многу тешко бидејќи веројатно станува збор за непопустлива и тврдоглава личност. Бидете внимателни што зборувате затоа што тој/таа може многу работи да протолкува на погрешен начин.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе или сте разговарале со градинар, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за градинар

Градинар е занаетчија кој уредува градини и паркови.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg