Греда

Term Main definition
Греда

Ако сонувате греда тоа значи дека ве очекува некако товар, бреме.

Што значи да сонувате греда?

Ако сонувате греда

Ако во вашиот сон видите греда, тоа е предупредување дека ве очекува бреме. Можеби во наредниот период ќе се соочите со голем број на пречки кои ќе се појават во вашиот емотивен и деловен живот.

Ќе ви треба многу мудрост да не подлегнете, туку новонастанатата ситуација да ја свртите во ваша корист и да го сметате за отскочна даска која ќе ви обезбеди нови можности и големо искуство.

Ако сонувате крива греда

Кога сонувате крива греда, тоа имплицира дека ќе се прилагодите на околината. Веројатно сте се навикнале да работите онака како што налагаат моралните кодекси, но многу бргу ќе согледате дека многу луѓе добро си поминуваат и покрај тоа што не се придржуваат до сите правила и прописи.

Ќе се потрудите да усвоите некои модели на однесување кои би можеле да ви го олеснат животот, но и во исто време да не отстапувате од првобитните ставови.

Ако сонувате дека одите по греда

Ако сонувате дека одите по греда тоа симболизира авантура. Вие живеете за непредвидливи ситуации кои ќе внесат свежина во секојдневната рутина. Кога од возбуда нема ниту трага ниту глас, самите измислувате нешто што би ви го свртело вниманието.

По тој принцип делувате на деловен план каде што договaрате зделки кои на прв поглед на ветуваат добивка и на емотивен план каде секогаш ја забележувате личноста чие внимание никој не успева да го привлече.

Ако прескокнувате греда

Доколку во сонот прескокнувате греда, тоа значи дека вашите грижи ќе исчезнат. Вие сте многу чувствителна личност и се нервирате за ситници како на пример нечиј поглед кој е во состојба да ви го расипе денот и започне процес на самоанализа кој би ја одредил причината за таквата постапка. Меѓутоа, со текот на времето ќе се промените и ќе дојдете до заклучок дека не се вели напразно дека има различни луѓе на овој свет.

Ќе исчезне вашата желба да им угодите на луѓето поради што ќе почувствувате големо олеснување. Сонот во којшто гледате како некој прескокнува греда е знак дека личноста која сте ја запознале неодамна ќе ви помогне да решите голем проблем.  

Многу ќе ви значи овој негов/нејзин гест и ќе се потрудите да сфати колку сте му благодарни. Ќе настојувате во блиска иднина на некој начин да возвратите услуга која ви ја понудил/а.

Ако сонувате дека сте паднале од греда

Ако сонувате дека сте паднале од греда тоа имплицира дека ќе се соочите со бројни пречки до патот до целта. Ќе ви биде потребен многу труд, работа и трпение да го постигнете она што го мечтаете. Важно е да не дозволите ништо да не ве поколеба на овој свет. Од секој пад обидете се да извлечете поука и да станете уште појаки и похрабри од порано. Пред вас е светла иднина.

Ако сонувате дека некој друг паднал од греда

Кога во сонот ќе видите дека некој човек паднал од греда тоа укажува на штета којашто ќе ја претрпите поради туѓа вина. Можно е партнерот или некој член на семејството да вложи заеднички пари во нешто потполно неисплатливо.

Наместо да му/ѝ префрлувате поради грешката што ја направил/ла, побарајте начини да ги минимизирате штетните последици.

Ако сонувате дека греда ви паднала врз глава

Ваквиот сон, иако малку е неудобен, нема негативно значење. Кога сонувате дека греда ви паднала врз глава тоа значи дека ќе смислите многу исплатлива деловна идеја. За нејзина реализација ќе ви бидат потребни пари, односно деловни соработници.

Тука треба да бидете малку внимателни бидејќи немате искуство во такви нешта. Не дозволувајте некој да ве наговори на нешто ризично во момент кога ќе ви се причини дека конечно ги држите сите конци во своите раце.

Ако сонувате дека на некој човек му паднала греда врз глава

Доколку во сонот видите дека некому му паднала греда врз глава тоа имплицира дека во наредниот период ќе морате да работите многу повеќе. Можеби колегата на работа ќе биде болен/болна, па ќе морате да се завршувате и неговите/нејзините задачи.

Ако сонувате дека палите греда

Сонот во којшто палите греда значи дека ќе се дистанцирате од некоја личност која ви била многу блиска. Ќе сфатите дека не е истата личност и ќе се обидете да му/ѝ докажете дека сте во право. Кога ќе дојдете до заклучок дека мислењата во потполност ви се разидуваат, човечки ќе се поздравите и ќе си посакате сè најдобро во животот.

Веројатно ќе ви биде тешко, но со текот на времето ќе се навикнете дека таа личност повеќе не е дел од вашиот живот.

Ако сонувате дека некоја друга личност пали греда

Ваквиот сон симболизира саботажа. Некој ќе се обиде да ја загрози вашата работа или однос со партнерот или партнерката или пријателите. Сосема е извесно дека некој се обидува да оствари свои цели, а не е исклучено ниту дека во прашање е љубомора и завист.

Внимавајте кому се доверувате и обрнете внимание на луѓето кои неодамна станале дел од вашиот живот. Кога ќе сфатите за кого се работи, потрудете се да го/ја спречите во неговите/нејзините намери.

Ако сонувате дека купувате греди

Доколку во вашиот сон купувате греди тоа значи дека ќе донесете одлука која ќе го промени понатамошниот тек на вашиот живот. Можеби ќе го продолжите школувањето во странство или ќе добиете деловна понуда која подразбира селидба во друг град или пак држава.

Помлади личности би можеле да се одлучат на брак или на потомство. Пред вас е бурен период кој подразбира прилагодување на нови нешта, но со текот на времето ќе сфатите дека одлуката ви била сосема исправна.

Ако сонувате дека продавате греди

Ако во сонот продавате греди тоа имплицира дека ќе се расправате со постар член на фамилијата. Причината поради тоа ќе биде генерациски јаз кој никако не можете да го премостите. Различни сфаќања на животот ќе ве доведат до сериозни расправи кои нема долго време да траат благодарение на другите членови на семејството.

Сепак, внимавајте во налет на адреналин да не кажете нешто што би можело ја повреди драгата личност.

Ако сонувате гимнастичарка на греда

Кога во сонот гледате како гимнастичарка изведува акробации на греда тоа значи дека ќе се посомневате во своите способности. Нешто сериозно ќе ви ја наруши самодовербата, па ќе, всушност накратко, помислите дека не сте дораснати за некоја важна задача. Сепак, вашите резултати говорат повеќе од вас самите.

Кога ќе западнете во криза сетете се што сте поминале во животот и ќе бидете горди на себеси.

Ако сонувате дека гимнастичарка паднала од греда

Ваквиот сон укажува на тоа дека поради недостаток на концентрација ќе направите голема грешка. Нешто ви ја нарушило рамнотежата во вашиот живот и нормално е дека ќе ви биде потребно време да се опоравите. Дајте си мала оддишка и немојте да бидете претерано самокритични. Времето лекува сè!

Значењето на овие соништа може да биде многу поедноставно. Ако пред скоро време сте виделе греда или сте оделе по неа, тоа сигурно ви оставило силен впечаток.

Дефиниција за греда

Греда е гимнастичка справа, а може да биде дел од конструкција која стои хоризонтално или косо.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg