Граната

Term Main definition
Граната

Ако видите граната: опасноста ви е во близина, некому кому му верувате ве лаже; ако експлодира: ќе ве снајде несреќа, немојте да се доверувате на околината.

Што значи да сонувате граната?

Ако сонувате граната

Ако во сонот видите граната, тоа  е предупредување дека ви се наближува опасност. Можеби личноста со којашто сте блиски не е најискрена кон вас. И покрај тоа што неговите/нејзините намери ќе бидат најдобри, од тоа може да има многу повеќе штета отколку корист. 

Кога ќе ја дознаете вистината, нема да можете да преминете преку фактот дека ве лажела и повеќе никогаш нема да ѝ верувате во животот.

Кога сонувате дека фрлате граната

Кога сонувате дека вие фрлате граната, тоа укажува дека сте немилосрдни кон непријателите. Се сметате за личност со која никој не треба да се замерува бидејќи вие никогаш не останувате должни, туку одите до таму каде што оној што решил да ви напакости за жали за стореното.

Не трошите залудно зборови туку помнете и искористете ги на вистинско место, и во вистинско време.

Ако сонувате дека ви испаднала граната

Сонот во кој случајно сте испуштиле граната ја симболизира вашата потреба да се докажувате. Вие сте личност која страда другите луѓе да ве сакаат и да ве прифатат, затоа често правите нешта коишто воопшто не ви се допаѓаат и не се во согласност со вашите животни филозофии.

На овој начин си го губите идентитетот и оној дел од вашиот карактер којшто ве прави посебни. Можеби комформизмот ќе ви донесе материјална  благосостојба, а не искрени и вистински пријатели.

Ако сонувате дека некој друг испуштил граната

Ваквиот сон укажува на тоа дека е време да престанете да барате вина за сопствените грешки. Ќе се соочите со сопствените погрешни постапки и конечно ќе почнете да размислувате како возрасна личност. За многу нешто кои ви се случиле во животот не ви е виновна судбината, виша сила или некоја трета личност, туку вие самите.

Кога конечно ќе сфатите колку нешта можете сами да промените, нештата ќе ви изгледаат поинаку. Најлесно е да се кука над судбината, а најтешко е да почнете да се менувате. Докажете си дека можете да го направите тоа себеси и на другите!

Ако купувате граната

Доколку во сонот купувате граната тоа значи дека ќе влезете во расправија со тврдоглава личност. Станува збор за некоја личност која се држи до своето мислење, ставови и идеи, исто како и вас, но не се сложувате околу одредени прашања. Затоа не зачудува што вашите разговори секогаш се на работ да преминат во жестока расправија.

Во блиска иднина сериозно ќе се скарате, па само здравиот разум на другите луѓе околу вас ќе ви помогне да не ја преминете границата на вкусот. Колку и да сметате дека сте во право, постојат ситуации кога треба да го контролирате вашиот карактер.

Ако продавате гранати

Сонот во којшто продавате гранати укажува на тоа дека сте личност која поседува моќ да ги манипулира луѓето. Кога некому ќе му се вовлечете под кожа, во состојба сте да го наговорите да направи што ќе му кажете. Сепак, досега не сте биле во искушение да ја злоупотребите оваа ваша моќ, а така би требало да биде тоа и во иднина.

Едно е сигурно, вие сте личност којашто е родена за шоу бизнис и вистинска штета би било ако не се занимавате со тоа во стварниот живот.

Ако крадете гранати

Ако во сонот крадете гранати тоа имплицира дека сте свесни дека вашата тајна ќе биде откриена и дека е време да почнете да правите планови да ја минимизирате штетата од нејзиното откривање. Сте сфатиле дека нема смисла да се обидувате да продолжите да криете за што точно се работи, но морате по итна постапка да најдете начин да ја санирате штетата.

Тоа, за жал, е единственото нешто што ви преостанува во овој момент. Сепак, немојте да гледате негативно, бидејќи тоа се вашите искрени пријатели и тоа и ќе ви останат откако ќе ја дознаат вистината.

Кога некој во сонот краде граната тоа значи да внимавате кому се доверувате. Во блиското опкружување имате личност која би можела да ја злоупотреби вашата доверба. Станува збор за некого кој ви е многу драг, но чии намери не се сосема јасни. Токму од таа причина треба да внимавате кому ги кажувате своите тајни, стравови и идеи.

Ако изгубите граната

Сонот во кој ќе изгубите граната симболизира невнимателност поради која можете да претрпите штета. Внимавајте што потпишувате бидејќи последиците би можеле да бидат катастрофални. Пред потпис на каков било документ уверете се дека го сфаќате секој можен напишан збор на хартија. Единствено на тој начин ќе можете да спречите појава на голема материјална штета.

Ако пронајдете граната

Доколку во вашиот сон најдете граната тоа укажува на неповолен исход на судски процес. Ако против вас се води некаков судски процес или учествувате во процес против некоја друга личност, постојат големи шанси крајниот исход да не ви се допадне. Можеби треба да размислите за други начини на кои да го добиете она што го сакате.

Ако сонувате дека сте повредени при експлозија на граната

Ако сонувате дека сте повредени бидејќи гранатата ви експлодирала во рака, за жал, тоа симболизира деловни и финансиски проблеми. Веројатно нештата нема да се одвиваат онака како што вие си ги замислувате. Доколку сте се надевале на зголемување на плата или подобра положба во фирмата, тоа веројатно нема да се случи баш во најскоро време.

Сепак, не би смееле да очајувате, бидејќи вашите пет минути несомнено ќе дојдат.

Кога сонувате дека во експлозија на граната ви настрадале нозете, тоа значи дека некој ќе се обиде да ве спречи во остварувањето на сите ваши планови и цели. Некој ќе се обиде да ве саботира, па ќе изгубите многу време во решавање на тековните проблеми и пречки. Важно е да останете мотивирани и ќе успеете да ги решите сите предизвици кои ќе ви излезат на патот.

Ако сонувате дека лицето ви настрадало во експлозија на граната тоа укажува да престанете да размислувате негативно. Премногу често нештата ги гледате низ црна призма, а и самите сте свесни дека на тој начин ја повикувате лошата среќа. Време е малку да се опуштите. Престанете да ги гледате неуспесите и да мислите само на она што не е во ред со вас. Само кога ќе се ослободите од таквите катастрофални мисли ќе можете да почувствувате подобрувања.

Доколку, пак, сонувате дека сте го изгубиле слухот од експлозија на граната тоа ви е порака дека треба да ги прифаќате советите коишто ќе ви ги даваат луѓето кои ви посакуваат добро. Не смеете да одите со глава во ѕид и да верувате дека единствено вие сте во право. Некоја друга личност со своето животно, работно или љубовно искуство би можела да ви биде од корист, само ако го/ја сослушате еднаш.

Значењето на овие соништа може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте виделе или фрлиле граната, тоа сигурно ви оставило силен впечаток кој од јаве се пренел на сон.

Дефиниција за граната

Граната е експлозивна направа која служи за онеспособување на луѓе и уништување на имоти.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg