Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Гледате телевизија


Со оглед на тоа дека поголемиот дел од луѓето гледаат телевизија пред да заминат во кревет, ваквиот сон може да биде потполно ирелевантен бидејќи  е во врска со искуството коешто сте го доживеале пред спиење.

Глина

Глина во којашто пропаѓате предупредува дека нешто се случува со вашето здравје, посетете лекар. Ако правите нешто од глина на сон предупредува дека ќе надминете некои пречки во животот.

Глисти

Предупредува на загуба поради претерана искреност, болест и несреќа која ќе ви се случи на јаве.

Глобус

Ако видите глобус во сонот тоа значи дека ви претстои подолго патување.

Глодачи

Ако видите глодачи околу себе тоа предупредува на нечиста совест, правите нешто непромислено.

Глув човек

Ако сте глув во сонот тоа значи среќен живот со саканата личност, а ако видите глув човек, ако разговарате со глув човек симболизира деловен успех на јаве.

Глумец / глумица

Акo видите глумци во сонот предупредува на жалост, понижување, загуба.

Глушец

Сонување глушец предупредува да се чувате од крадци, штети, глад.

Гнездо

Празно: долго отсуство надвор од татковината, назадување на работа, ќе ве изневери вашиот пријател; со јајца: среќен брак со многу деца, со право очекувате пофалби и признанија;  со птици: добивка; ако го симнете од дрво: венчавка, мираз; ако земете јајца од гнездо: ќе направите некоја неправда на некој човек.

Гниди

Предупредуваат на лутина, понижување, проблеми, грижи.

Гној

Ако видите гној на себеси тоа значи добивка, успех, а на другите предупредува на болест, непријатности.

Говедо

Ако видите говеда во сонот симболизира благосостојба , добивка, додека ако ги гоните на пасиште значи дека нема успех без труд.

Говор

Ќе успееш да наметнеш своја волја на друг човек, ќе добиеш почест; ако држите над гроб: сте ги пребродиле неволјите, крајно време е да се одлучите.

Гозба

Ако одите на гозба тоа значи дека ве очекува голема радост, а ако видите гозба тоа означува минливи грижи, патување.

Гол (фудбалски)

Ако дадете гол во сонот тоа значи дека ќе стекнете нови пријатели, нови работни можности; ако примите гол: непријатност, загуби на работа; ако видите: здравствени проблеми, повеќе да се движите.

Гол човек (или вие голи)

Ако видите дека сте голи: жалост, срамота, срам; ако видите некоја друга гола личност: грижа, бега, непријатност; непознати луѓе: неодлучни сте, ви недостасува самодоверба.

Гола жена

Ќе бидете во искушение. 

Голман

Доколку сонувате дека разговарате со голман тоа значи дека поради љубовта ќе прекршите некои свои правила.

Гонг

Ако сонувате гонг тоа значи возбудливо доживување, колку што е посилен гонгот, доживувањето е повозбудливо.

Гонење

Ако некој ве гони во сон тоа значи дека ќе имате штета од озборување.

Гора

Ако во вашиот сон видите зелена гора тоа значи дека ве очекува радосен и весел настан.

Горгонзола

Сон во кој гледате мувлосано сирење (на пр., горгонзола) укажува на вашата потреба да се покажете пред другите во најдобро можно светло. 

Горила

Питома горила во сонот значи дека ќе стекнете нов пријател, а страшна предупредува на недоразбирање.

Господ

Да се биде бог: напредување во службата.

Гости

Ако имате гости: ви се заканува некаква незгода, ситни расправии и пакости на работното место; ако бидете гости: ќе имате големи трошоци; ако дочекувате гости: наскоро радосно доживување; неочекувани гости: ќе бидете изненадени.

Гостилница

Ако видите:  неповолни вести, кавга;  ако седите во неа: за вас не важи поговорката „времето е пари“; ако сте во кафеана без пари: непријатно изненадување.

Гостилничар/ка

Ако во вашиот сон се расправате со гостилничар тоа значи дека жалите што на јаве не сте постапиле како што сте сакале.

Готвач

Ако го видите: прељуба; ако се расправате со него: неслога во бракот; ако видите како готви: плодна година.

Готвачка

Ако видите готвачка во сон, тоа покажува дека ве очекува несреќна љубов на јаве. 

Готвење

Готвење во сон значи дека ќе им донесете радост на другите, а себе грижи.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg