Гонење

Term Main definition
Гонење

Ако некој ве гони во сон тоа значи дека ќе имате штета од озборување.

Што значи да сонувате дека некој ве гони или вие гоните некого?

Ако сонувате дека некој ве гони

Ако во вашиот сон некој човек ве гони, тоа е предупредување дека ќе имате штета од озборување. Можно е да се соочите со лаги кои ќе ги зборуваат љубоморните луѓе на некого чие мислење ви значи. Ќе сторите сè што е во ваша моќ да ја докажете својата невиност, но црвот на сомнежта ќе ви се заканува дека ќе ви го  уништи односот во којшто сте вложиле многу.

Имате чувство дека се борите против ветерници и дека секој изговорен збор или потег ве изложува на коментари и на критики од околината.

Ако сонувате дека гоните некого

Ако сонувате дека вие гоните некого тоа имплицира дека ќе бидете неправедни. Се сметате за личност со цврст карактер која ретко отстапува од своите принципи, макар и да биле на ваша штета. Веројатно не ви се допаѓа партнерот на сестра ви или ќерка ви или пак на пријателката и ќе се обидете да го оцрните и да ѝ докажете дека не е доволно добар за нејзе. Ќе заборавите дека и вие самите некогаш сте биле на нејзино место и дека сте мразеле кога другите се обидувале да го живеат вашиот живот.

Ќе сметате дека најдобро знаете што ѝ е потребно поради што ќе продолжите да вршите притисоци и условувања. Дури и кога ќе сфатите дека сте погрешиле нема да смогнете сили да признаете и да побарате прошка.

Толкувањето на овие соништа зависи од бројни фактори, како на пример контекстот во кој се одвиваат како и деталите и чувствата кои ги следат. Во текот на овие соништа можете да чувствувате паника, страв и возбуда.

Ако сонувате дека ве гони полиција

Доколку сонувате дека ве гони полиција тоа имплицира дека ќе се покаете поради некои грешки од минатото. Сте направиле нешто поради што се каете во сегашноста, но доцна е да направите што било во врска со тоа.

Иако чувствувате грижа на совест, се трудите вашиот грев да не се расчуе. Можеби е време минатото да го оставите зад себе и да се фокусирате на конструктивни нешта.

Ако сонувате дека полицијата гони некој друг човек

Кога во сонот гледате дека полицијата гони некоја друга личност, можно е дека пријателот ќе ве праша за совет или за помош. Со задоволство ќе го сослушате, но за жал нема да можете да му/ѝ помогнете.

Со оглед на тоа дека се работи за исклучиво деликатна ситуација на која никогаш порано не сте наишле, ќе гледате максимално да се оградите и да го/ја предупредите дека таква крупна одлука мора да донесе единствено тој/таа.

Ако сонувате кривично гонење

Ако во сон сте сониле дека сте кривично гонети поради некаков злостор тоа значи дека сте личност која презира неправда. Се трудите сè што правите да биде чесно и во согласност со законот, затоа не поддржувате стекнување каква било корист на сметка на другите и не ви е баш најјасна изреката „можноста создава крадци“.

Поради толку јасни и остри ставови понекогаш наидувате на потсмев кај другите луѓе, но не ви паѓа на памет да ги промените. Доколку вие некого кривично гоните веројатно помислувате на тоа во стварниот живот.

Можеби некој ви украл идеја, пласирал лага или се обидел да ја загрози вашата врска или бракот. Сигурно чувствувате бес поради тоа и најмногу од сè би сакале таа личност да заврши во затвор. Ваквото размислување, иако предизвикано исклучиво од чувствата, е помалку наивно.

Нештата не функционираат онака како што вие мислите. Ако се вплеткате во таквите нешта само ќе си го изгубите драгоценото време, а ништо нема да постигнете. Дозволете нештата да се движат по сопствен тек и преземете чекори да не ви се случи нешто такво по втор пат. Не потпишувајте никакви документи пред добро да ги прочитате!

Ако гоните коњи

Сонот во којшто гоните коњи симболизира убаво и незаборавно еротско искуство. Луѓето коишто се во врска или во брак ќе почувствуваат неверојатна поврзаност со партнерот, а лицата кои во моментот немаат партнер ќе бидат особено привлечни за спротивниот пол. Освојуватe со силна сексуална енергија, па не е исклучено ниту дека ќе запловите во врска за една вечер.

Доколку, пак, во сонот видите дека некој друг гони коњи тоа укажува на големи промени во вашиот живот. Можеби ќе се ослободите од луѓето кои не ви годат. Сигурно во вашиот живот постои личност која ви ја црпе сета позитивна енергија, па нерадо се дружите со нејзе. Конечно ќе се одлучите да се дистанцирате што добро ќе влијае врз вашето ментално здравје.

Ако гоните волови

Ако во сонот гоните волови тоа имплицира дека сте една многу вредна и упорна личност. Не ви е тешко да работите каква било работа, што на вашиот работодавец тоа многу му се допаѓа. Меѓутоа, не смеете да дозволувате луѓето да ве искористуваат. Работите онолку колку што ви е потребно за да ги постигнете своите цели, ниту помалку ниту повеќе.  Сè што го надминува тоа ги обезвреднува вашите постапки, бидејќи луѓето ќе почнат да ја злоупотребуваат вашата добрина.

Кога сонувате дека некоја друга личност гони волови можеби ќе доживеете непријатност на работа. Веројатно колегата или колешката ќе ви обвини дека го/ја саботирате, што воопшто не е вистина.  Обидете се да откриете од каде потекнува оваа негова идеја, бидејќи сосема е можно некој трет да ви „подметнува сопка“. Немојте да реагирате бурно и да се расправате за да го оправдате. Аргументирано изнесете го својот став и ставете точка на приказната.

Ако гоните стока

Доколку во вашиот сон гоните стока тоа сигурно значи дека ќе ви биде потребен многу труд и работа за да ги остварите своите цели. Ќе почувствувате подобрување на ситуацијата, но тоа не е она што вие го сакате. Можеби во поскорешна иднина нема да ја почувствувате финансиската благосостојба, но ако бидете упорни и трпеливи ќе ви се исплати вложеното време и енергија.

Сонот во кој гледате како некој друг гони стока симболизира несигурност. Можеби се наоѓате пред голем предизвик и не знаете како да реагирате на моменталната ситуација. Ќе имате морална дилема и ќе преовлада чувството, а не разумот. Иако во минатото сте ги рационализирале нештата, можеби овој пат треба да си ја послушате интуицијата.

Ако гоните кучиња

Кога во сонот гоните кучиња тоа имплицира дека ќе ја повредите драгата личност. Ќе ја обвините за нешто што не го направила. На тој начин ќе си го нарушите односот и ќе ви треба многу време за да се вратите на старо. Ако сакате да го спречите тоа, немојте никого да напаѓате, доколку не сте сигурни дали ви направил/ла нешто.

Ако во вашиот сон некој друг човек гони кучиња сигурно ќе бидете во конфликт со некој член на семејството. Наизглед безизлезна расправа ќе се претвори во сериозна кавга. Благодарение на останатите членови на семејството ситуацијата за кратко време ќе се смири, но тоа не значи дека проблемот е решен во целост.

Значењето на овој сон може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте гонеле некого или пак сте биле гонети, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз вас.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg