Глумец / глумица

Term Main definition
Глумец / глумица

Акo видите глумци во сонот предупредува на жалост, понижување, загуба.

Што значи ако сонувате глумци?

Ако сонувате глумец

Ако во сонот видите глумец тоа е предупредување дека ќе претрпите голема загуба. Можеби ќе сакате да се занимавате со нешто, што и покрај големата љубов немате талент.

Ќе вложите многу време и пари, но нема да забележите значаен напредок. Ќе сфатите каква грешка сте направите тогаш кога ќе ја потрошите заштедената пара и ќе западнете во страшни долгови.

Ако сонувате глумица

Кога сонувате глумица, тоа симболизира измама. Веројатно ќе бидете во врска со личност која ќе ги сокрива своите намери и ќе лаже дека ве сака. Зад тоа сето тоа се крие интерес и желба да го добие она што не им оди од рака, како на пример: пари, статус во општеството или унапредување.

Откако ќе го сфатите ова ќе ја замразите личноста засекогаш ќе ја отфрлите од својот живот.

Ако станете глумец во сонот

Ако сонувате дека вие сте глумец во сонот значи дека ќе постигнете успех. Искуството ќе ве научи дека мора да бидете како камелеон кој често менува бои со цел да се прилагоди на околината и да избегне опасности. Внимателно ќе го планирате секој чекор и ќе давате одмерени изјави кои нема да можат да ве компромитираат и да ве вовлечат во проблеми.

Ќе се случи да се откажете од некој став или принцип што ќе го сметате за нужност што ве довела на местово на коешто се наоѓате денеска.

Ако сонувате гол глумец или глумица

Доколку во сонот гледате гол глумец или глумица тоа значи дека некого од вашето опкружување претерано го идеализирате. Станува збор за личност која ве освоила со својот шарм, интелигенција или изглед, но луѓето околу вас нема да бидат толку импресионирани. Затоа често со луѓето се расправате кога зборувате за него/нејзе.

Вашите пријатели ве сметаат за претерано наивна личност и дека сте дозволиле погрешна личност да ве заведе. Вие стоите зад тоа дека тој/таа поседува сите можни квалитети кои според вас се пожелни и не гледате друга страна на листот.

Ако сонувате дека сте се запознале со омилениот глумец или глумица

Сонот во кој запознавате глумец или глумица  која особено ја сакате симболизира нереални очекувања. Ако во моментот сте сами, тоа нема уште долго време да се промени доколку не ги спуштите критериумите кои сте ги поставиле за вашиот идеален партнер.

Совршениот маж или жена не постои, колку порано се помирите со тој факт толку полесно ќе ви биде да ги воочите доблестите на оние несовршените кои ви се достапни.

Ако сонувате дека разговарате со глумец/глумица

Ако сонувате дека разговарате со глумец или глумица тоа значи дека ќе одлучите да се запишете на курс за да ги усовршите сите ваши таленти или да го унапредите знаењето во некоја област. По природа сте љубопитна личност и сакате да учите многу нови нешта. Сметате дека луѓето премалку го користат мозокот и сакате да бидете такви.

Затоа постојано учите и се усовршувате, не само поради подобра и платена работа туку и поради самите себе.

Ако сонувате дека се расправате со глумец или глумица

Кога во сонот се расправате со глумец или глумица тоа имплицира дека би било подобро да се откажете од некои ваши идеи пред да изгубите премногу време на планирање и реализација. Едноставно нема да ви ја донесе користа која ја очекувате. Овој пат би требале да „играте на сигурно“.  Сега воопшто не е време за ризични деловни потези.

Ако сонувате дека глумец/глумица ве нападнал/ла

Доколку во сонот глумецот или глумицата ве нападнал/ла, постои веројатност дека ќе се посрамотите пред поголем број на луѓе. Постои веројатност дека ќе се сопнете на улица или во супермаркет, а можеби пак, во друштво ќе изјавите нешто што ќе предизвика потсмев кај присутните соговорници.

Сето тоа се случува со желба да станете рамноправен член на разговорот на тема за која немате никакво познавање. Оваа прва ситуација што побргу заборавете ја бидејќи луѓето и онака многу бргу забораваат, а од другата извлечете некаква лекција и поука за друг пат.

Ако сонувате дека бркате глумец/глумица

Ваквиот сон е предупредување да внимавате како се однесувате пред другите луѓе кои можат да ви помогнат да промените или да пронајдете ново работно место. Немојте претерано да им се додворувате и да се однесувате премногу нападно, бидејќи на повеќето луѓе тоа воопшто не им се допаѓа.

Насочете се тој/таа да ги согледа вашите останати подобри карактеристики кои би можеле да бидат пожелни во одредени зделки. Умереноста, во овој случај, е клуч на успехот.

Ако сонувате дека бегате од глумец или глумица

Доколку сонувате дека бегате од глумец или од глумица тоа значи дека ќе исправите голема грешка којашто сте ја направиле во минатото. Долго време ве гризе совеста поради сопствената одлука, но ќе ви се пружи прилика да го исправите тоа и истата нема да ја пропуштите. Ќе сметате дека со ова сте се оддолжиле за се што во минатото не било добро и конечно дошло времето да бидете среќни.

Ако сонувате дека се тепате со глумец или глумица

Сонот во којшто се тепате со глумец или глумица укажува на тоа дека ќе заборавите на ветувањата кои некој ви ги дал. Веројатно сте се заколнале дека нешто нема да направите, но сте биле преслаби за да го испочитувате тоа. Немојте претерано да се јадете поради тоа, бидејќи очигледно не е време за исполнување на ветувања.

Кога ќе почувствувате дека дошол тој момент сигурно нема да го изневерите оној кому сте му се заколнале.

Ако сонувате дека се бакнувате со глумец или со глумица

Ако сонувате дека се бакнувате со глумец или со глумица, потсвеста ве предупредува дека е време да го откриете своето вистинско лице. Предолго време сте глумеле дека сте нешто што не сте за да ве засакаат луѓето.

Веќе сте го изгубиле сопствениот идентитет и карактеристики кои ве краселе. Дозволете им на луѓето да ве запознаат и самите да проценат дали им се допаѓате или не.

Ако сонувате дека сте се заљубиле во глумец или глумица

Кога сонувате дека сте заљубиле во глумец или во глумица тоа значи дека вашите таленти конечно ќе излезат на виделина. Ќе добиете прилика да се покажете во најдобро светло и нема да ја пропуштите. Многумина ќе ви завидуваат поради вештините и дарбите коишто ги поседувате.  Не се исклучени интересни деловни понуди.

Ако сонувате дека сте убиле глумец или глумица

Ваквиот сон значи дека ќе го победите непријателот со лукавство и интелигенција. Некој ќе се обиде да ви ја загрози врската или бракот или работата, но на време ќе ги препознаете неговите или нејзините намери и ќе успеете да го спречите тоа.

Нема да влезете во никаков судир, туку тактички ќе му/и покажете каде му/и е местото.

Ако сонувате мртов глумец или глумица

Доколку во сонот сонувате мртов глумец или глумица тоа значи дека ќе ви се изјаловат плановите. Веројатно поради голема количина на работа нема да можете да одите на годишен одмор или поради болест ќе пропуштите настан кој многу ви значи.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте гледале глумец или глумица или самите сте во актерските води, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз потсвеста.

Дефиниција за глумец

Глумец е личност која игра улоги на филм или во театар.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg