Глодачи

Term Main definition
Глодачи

Ако видите глодачи околу себе тоа предупредува на нечиста совест, правите нешто непромислено.

Што значи да сонувате глодачи?

Ако во вашиот сон видите глодачи, тоа укажува дека ќе направите нешто непромислено. Веројатно се работи за некој лош избор на партнер или на партнерка кој ќе предизвика судир со повеќето луѓе со коишто сте блиски. Нема да им обрнувате внимание на нивните совети туку ќе се движите кон пропаст залажувајќи се дека само вие сте во право.

Ќе наседнете на празни ветувања и ќе се одрекнете од животот кој порано сте го воделе поради некој кој нема сериозно да си ги сфати своите обврски кон вас туку ќе продолжи да се однесува како и понатаму да е сам/а.

Ако убивате глодачи на сон

Ако сонувате дека убивате глодачи тоа имплицира дека совеста не ви е сосема чиста. Кога би можеле да го вратите времето, радо би ја избришале неправдата која сте ја направиле на некоја личност која не го заслужила тоа. Совеста нема да ви даде мир, па потсвесно ќе бидете преоптоварени со можноста дека и вам некој ќе ви врати со иста мера.

Ќе водите сметка за се што работите, вклучувајќи ги и мислите кои претставуваат зачеток на делата. Многумина ве советувале дека со разговор и со извинување ќе го решите проблемот кој ве мачи, но вие нема да имате доволно храброст да се соочите со минатото.

Ако сонувате мртов глодач

Доколку во сон видите мртов глодач тоа е добар знак. Наскоро ќе добиете прилика која не се пропушта. Добро си ги отворете очите и чекајте си ја шансата. Вака ќе успеете да си решите многу свои проблеми, вклучувајќи го и хроничниот недостаток на пари.

Ако сонувате дека ловите глодачи

Кога сонувате дека ловите глодачи тоа предвидува успех во работата. Се ќе тече онака како што сте замислувале, па дури и уште подобро. Веројатно ќе склучите многу профитабилна зделка со партнерите.

Сиот труд, време и пари кои сте ги вложиле во својот животен проект ќе поччне да ви се исплатува. Тоа вам и вашето семејство ќе ви донесе благосостојба и финансиска стабилност.

Ако сонувате дека ве нападнале глодачи

Овој сон е знак дека поради алчност ќе го изгубите она што ви е најважно во животот. Ако досега сте трчале само по парите и сте го запоставувале семејството и другите вредности, постои реална можност дека тоа сега ќе ви се одбие од глава.

Од друга страна, ако одлучите да го зголемите имотот во казино или во кладилница, веројатно ќе изгубите се. Време е за промена на приоритетите!

Ако сонувате дека ве каснал глодач

Сон во којшто ве каснал глодач е предупредување да се погрижите за своето здравје. Стравот од лекар или хроничниот недостаток на време ве спречува да закажете преглед. Затоа често дијагноза и симптоми кои ги чувствувате ги барате на интернет. На тој начин само си нанесувате штета наместо корист.

Колку и да се плашите, одвојте еден слободен ден и заминете на преглед. Колку подолго време одолговлекувате толку имате поголеми шанси дополнително да си го загрозите здравјето.

Ако сонувате дека сте се претвориле во глодач

Со овој сон совеста ви порачува да престанете да живеете како паразит и конечно да почнете да работите нешто со својот живот. Потполен недостаток на амбиција, недостаток на волја и евидентна мрзеливост е она со што живеете веќе некое време. Сигурно кукате и се жалите над својата судбина, а живеете на туѓа сметка.

Немате одговорност ниту обврска кон себеси, а ниту кон другите. Долгорочно гледано, вака нема да постигнете ништо во животот!

Толкувањето на сонот може да зависи и од видот на глодачот кој сте го сонувале. Немаат сите глодачи во соништата исто значење.

Ако сонувате дабар

Дабар во сонот симболизира труд, работа, упорност и волја. Вие сте личност којашто не бега од работата, па честопати истовремено работите повеќе нешта. Прилично сте организирани, а кога треба нешто да завршите, во состојба сте да жртвувате добар дел од своето слободно време.

Колегите и шефовите на работа ве ценат бидејќи подготвени сте да се стегнете кога треба и затоа често преку вашите идеи им ја зголемувате продуктивноста на целиот колектив. Ако веќе не сте, би било чесно во скоро време да преземете раководна позиција во својот тим.

Ако видите хрчак во сонот

Ако во сонот видите хрчак тоа е предупредување да почнете да штедите. Сте се опуштиле и честопати трошите пари на нешта кои не ви се потребни. Во моментот имате можност да се расфрлате, но би требале да размислувате и за тоа дека ситуацијата би можела да се промени на ваша штета.

Сте се опуштиле и честопати трошите пари на нешта кои воопшто не ви се потребни. Потрудете се да оставите некој денар настрана, за да се осигурате дека нема да западнете во криза.

Ако сонувате глушец

Доколку сонувате глушец можеби ќе бидете ограбени. Можеби ќе останете без драгоцености кои љубоморно сте ги чувале со години и тоа тешко ќе ви падне. Ќе ви треба многу време да почнете повторно нормално да живеете. Сепак, ќе научите многу важна лекција, а тоа е да се осигурате на време.

Ако сонувате стаорец

Кога во сонот гледате стаорец тоа значи дека лошо ќе реагирате на навреда или на провокација. Некој ќе ве фати на неподготвено и на тој начин ќе ве остави без текст. Воопшто нема да ви биде јасно зошто луѓето имаат потреба да навредуваат други за да се воздигнат себеси.

Затоа нема да се обидувате да се одмаздите, туку ќе останете доследни на себе, бидејќи верувате дека многу подостоинствено и поисправно е да не реагирате на провокации.

Ако во сонот видите верверичка

Ако сонувате верверичка тоа укажува на убави моменти со личноста со која не сте се виделе долго време. Тоа е оној вид на пријателство кое трае без оглед на оддалеченоста. Секојпат кога ќе се сретнете ви се чини дека воопшто не сте разделиле. Секогаш се чувствувате пријатно во негово/нејзино друштво и се радувате на секоја ваша средба.

Ако сонувате морско прасе

Сонот во кој гледате морско прасе значи дека пред вас е еден многу одличен период кога е во прашање деловниот живот. Ќе бидете полни со идеи и ќе имате инспирација и мотивација на претек. Ќе направите големи планови и до најситен детаљ ќе ги испланирате нивните исходи.

Лицата кои имаат приватни бизниси можат да го прошират бизнисот, па дури и да започнат поголема соработка со странство.

Ако сонувате чинчила

Чинчила симболизира топлина, љубезност и љубов. Вие сте личност која ужива да усреќува други луѓе. Плените со внимание, добрина и духовност. Ако во сонот гледате чинчила тоа имплицира дека сте сториле се за благосостојбата на семејството, но исто така, дека секогаш радо помагате на сите други непознати луѓе.

Не би било лошо да се посветите на хуманитарна работа, бидејќи тоа е нешто во што најмногу уживате.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте виделе глодачи, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз потсвеста, па од јаве се пренел на сон.

Дефиниција за глодачи

Глодачи се најбројните цицачи кои воглавно се ноќни животни.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg