Глобус

Term Main definition
Глобус

Ако видите глобус во сонот тоа значи дека ви претстои подолго патување.

Што значи да сонувате глобус?

Ако сонувате глобус

Ако во вашиот сон видите глобус тоа имплицира дека ви претстои подолго патување. Веројатно ќе решите да си ја исполните долгогодишната желна и да одите да живеете во странство. Свесни сте дека никаде не тече мед и млеко, и дека ќе мора да се потрудите доколку сакате таму да останете.

Иако не сте во лоша материјална ситуација, ќе ве привлече можноста за добра заработка, да посетите добри дестинации, да запознаете нови луѓе, нивната култура, обичаи и начин на живот. Исто така, овде ништо нема да ве задржува, па слободно ќе можете да се впуштите во оваа авантура.

Ако вртите глобус во сонот

Ако сонувате дека вртите глобус тоа укажува дека сте неодлучни. Можеби ќе се двоумите бидејќи партнерот или партнерката ќе бара од вас да напуштите се и со него или неа да започнете нов живот. Се прашувате дали и тој за вас би го направил тоа и ќе правите споредба помеѓу она што би можеле да го изгубите и она што би го добиле од таквата одлука.

Пред вас е една тешка одлука од која не само што ќе зависи вашата иднина, туку и иднината на луѓето на кои сте им блиски.

Ако сонувате дека некој друг човек врти глобус

Доколку сонувате дека некој друг човек врти глобус тоа значи дека постои шанса дека во поскоро време нема да ви се оствари желбата да отпатувате на дестинацијата за која долго време мечтаете. Досега честопати ве спречувале обврските и финансиите, како што стареете и приоритетите ви се менуваат, па се помалку време посветувате размислувајќи на таа тема.

Сепак, не би требале да се откажувате од вашите соништа. Никогаш не знаете кога ќе ви се укаже прилика да го остварите она што долго време го посакувате за себе.

Ако сонувате дека купувате глобус

Кога сонувате дека купувате глобус тоа имплицира дека ќе запознаете нови и интересни луѓе со кои многу бргу ќе можете да се спријателите. Ќе ве воодушеват нивните лични ставови кон животот, начинот на размислување и нивните идеи. Позитивно ќе влијаат врз вашето расположение и ќе ви дадат поддршка за реализација на некои ваши планови од кои одамна се имате откажано.

Ќе сфатите дека предолго време се имате затворено и на тој начин имате пропуштено многу прилики да си го направите животот поквалитетен и поинтересен.

Ако сонувате дека продавате глобус

Сон во кој продавате глобус значи дека ќе се задолжите за да постигнете нешто. Можно е подолг временски период да сте планирале да купите стан или куќа или пак да започнете сопствен бизнис, а никако не можете да го остварите тоа поради недостаток на парични средства.

Овојпат ќе пресечете и конечно ќе одлучите со помош на кредит да направите што сакате. Сепак, внимателни ги прочитате условите на договорот кој го потпишувате за да не наидете на проблеми во иднина.

Ако сонувате дека сте добиле глобус на подарок

Ако сонувате дека сте добиле глобус на подарок тоа значи дека имате таен обожавател Во блиското опкружување имате личност која буквално би сторила се за вас, но се плаши да ви ги признае чувствата. Една од причините поради тоа е дека се плаши дека ќе го одбиете. Ако обрнете внимание сигурно ќе воочите за кого станува збор. Вам ви останува да одлучите дали ќе преземете нешто по тоа прашање.

Ако сонувате дека некому сте му подариле глобус

Овој сон симболизира загуба или трошок. Веројатно некои избрзани потези од минатото ќе ви дојдат на наплата. Можеби се имате задолжено под многу неповолни услови, бидејќи сте сметале дека немате друг избор. Меѓутоа, дури сега ќе сфатите колку лоша одлука сте направиле.

Од друга страна, може да ви се расипе автомобил или некој друг куќен апарат чија поправка ќе ве чини повеќе од самата вредност па ќе бидете принудени да купите нов. Внимателно ги трошете заработените пари и трудете се секогаш да одвојувате за вонредни ситуации.

Ако сонувате дека сте украле глобус

Доколку сонувате дека од некоја продавница сте украле глобус тоа имплицира дека ќе се посрамотите. Веројатно вашите зборови и постапки ќе предизвикаат потсмев кај останатите луѓе. Нека тоа не ви претставува грижа, бидејќи човекот се посрамотува додека е жив. Секако за неколку дена ќе заборават што ви се случило.

Кога сонувате дека од некого сте украле глобус тоа е предупредување да внимавате што правите. Вашето детинесто однесување некому воопшто не му е симпатично. Преземете одговорност за своите постапки и почнете да се однесувате во склад на своите години.

Ако сонувате дека некој ви украл глобус

Ако некој во сон ви украде глобус тоа укажува на невозвратени чувства. Можеби ви се допаѓа личност која не го чувствува истото тоа што го чувствувате вие кон неа. Од друга страна, можеби имате желна почесто да се дружите со некого, но ви се чини дека оваа личност ве избегнува. Затоа честопати сте тажни и депресивни.

Размислувате многу за своите маани и само дополнително си ја нарушувате самодовербата. Свртете се кон некои други луѓе, сигурно во опкружувањето имате некого кој ужива да се дружи со вас колку и вие.

Ако сонувате дека покажувате нешто на глобус

Сонот во кој покажувате нешто на глобус значи дека сакате да го промените местото на живеење. Сметате дека тоа е единствениот начин на кој ќе ви исчезнат сите ваши проблеми. Сепак, немојте да донесувате важни одлуки ако мотивите ви се погрешни. Проблемите ќе постојат каде и да се наоѓате, но вие мора да научите да се носите со нив.

Истите нема да исчезнат самите по себе и затоа обидете се постепено да ги решавате, наместо да правите големи промени во животот.

Ако сонувате дека сте скршиле глобус

Ваквиот сон, за жал, укажува на тоа дека нема да можете да заминете на одморот за којшто сте размислувале долго време. Објективните околности ќе ве спречат да отпатувате. Овој пат причината нема да биде работа, обврски или пари, туку грижа за саканата личност. Сепак, немојте да очајувате.

На вашата психа добро би и дошол еден излет. Заминете некаде на неколку дена за да си ги наполните батериите. Кога сонувате дека некој друг скршил глобус тоа имплицира дека поради ситници ќе се скарате со партнерот. Ќе направите нешто што ќе ве засмее и наместо смирено да му го укажете тоа, ќе реагирате бурно.

На тој начин ќе започнете лавина меѓусебни обвинувања кои дополнително ќе го продлабочат јазот помеѓу вас. За да го спречите тоа, покажете подготвеност на компромиси и внимавајте како зборувате.

Ако сонувате дека сте фрлиле глобус

Доколку во сонот фрлите глобус тоа значи дека ќе се откажете од некого или од нешто. Ќе сфатите дека предолго време сте изгубиле на тоа и дека сте подготвени да си признаете дека не сте успеале. Гледајте на тоа како на чистење на орман. Кога ќе решите да исфрлите се што не ви треба, ќе направите простор за многу нешта.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте виделе глобус, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз потсвеста.

Дефниција за глобус

Глобус е намален кружен приказ на Земјата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg