Глисти

Term Main definition
Глисти

Предупредува на загуба поради претерана искреност, болест и несреќа која ќе ви се случи на јаве.

Што значи да сонувате глисти?

Глисти на сон можат да бидат дождовни и глисти кои како паразити живеат во човечкото тело. Соништата со глистите обично ги сонуваат градинари и риболовци, а значително поретко останатите.

Глистите како паразити сите ги сонуваат подеднакво често. Ако често доаѓате во контакт со глистите или во скоро време сте дошле во контакт со нив, тогаш овие соништа не се толкуваат.

Ако видите глиста во сонот

Ако во сонот видите глиста, тоа имплицира дека ќе имате добивка поради претераната искреност. Можеби во наредниот период ќе научите многу нешта за луѓето и ќе ги доведете во прашање сите нешта кои вашите родители ве учеле од мали нозе. Едно од тие сознанија, ќе биде тоа што луѓето претпочитаат да прифаќаат лаги отколку да се соочуваат со болната вистина.

Со оглед на тоа дека вашето воспитување не е во согласност со овој принцип, ќе ви биде тешко да научите да си го држите јазикот зад заби и да калкулирате кому и што смеете да изговорите.

Ќе се уверите дека искреноста си има своја цена која е поголема од цената на лагата па поради тоа треба да ја споделувате само со оние кои се подготвени да се соочат со нејзе.

Ако видите купче глисти во сон

Ако сонувате дека сте виделе купче глисти, овој сон може да има спротивно значење на претходниот сон. Можно е да имате добивка поради искреноста, а и нешто што родителите ве учеле од мали ќе се покаже дека е вистинито.

Ако вадите глисти од земја

Ако вадите глисти од земја во сон, овој сон означува успех во работата којашто ќе ја започнете.

Ако држите глисти во раце

Некој се обидува да ве искористи. Бидете скептични кон некои деловни понуди и нови пријатели.

Ако сонувате дека ве каснала или боцнала глиста

Неоправдан страв на јаве. Се плашите без никаква причина да се впуштите во нови подвизи кои ќе ви го променат животот на подобро.

Ако сонувате црни глисти

Пријателите ве лажат, но за ваше добро. Кријат некои информации од вас кои би можеле да ве повредат и не треба да им замерувате поради тоа.

Ако сонувате дека имате детски бели глисти

Ви претстои период на лошо здравје кој сепак изненадувачки лесно ќе го надминете.

Ако сонувате дека некој друг човек има глисти

Потребно е да се посветите на здрав живот. Фрлите цигари, алкохол, или опијати ако ги користите.

Ако сонувате дека глистата ви зборува

Голем товар. Доколку некоја личност зависи од вас, ќе ви биде многу тешко, покрај сите обврски да му се посветите и нему/нејзе. Ќе бидете растргнати на сите страни поради што ќе имате чувство дека се правите површно со цел да стигнете до крај и малку да се одморите. Таквиот начин на живот ќе ве натера да се запоставите себеси, активностите и пријателите со коишто сте блиски што ќе придонесе со копнеж и жалост да се присетувате на убавите денови од вашата младост.

Ако ловите риба со дождовни глисти на сон

Успехот ви е загарантиран. Се што ќе започнете ќе ви оди од рака.

Ако ставате глисти на јадица

Можност за добра заработка или профит. Вложување во некоја рационална работа (не вклучувајќи ги коцкањето и игрите на среќа) повеќепати ќе ви се исплати.

Ако сонувате дека некои други луѓе вадат глисти од земјата

Ако во вашиот сон гледате како некој друг вади глисти од земја тоа укажува на неисплатливи инвестиции. Внимавајте во што ќе ги вложувате парите, бидејќи би можеле да преживеете големи загуби. Сега не е време за купување на стан, куќа или автомобил.

Немојте ниту случајно да се залетувате и овие избори да ги правите исклучиво врз основа на тоа што ви се допаѓа. Посоветувајте се со некого околу овие нешта кој има многу поголемо искуство од вас.

Ако сонувате дека други луѓе држат глисти во рацете

Ваквиот сон е предупредување да се чувате од ласкавци. Во блиско опкружување имате личност која цело време ви се додворува само да за ве искористи и да си ги постигне своите цели. Штом ќе почувствувате трошка недоверба, се труди да ви покаже и докаже дека неговите/нејзините намери се чисти и искрени. Обично одлично ги проценувате луѓето, па вистинско чудо е како овој пат сте „промашиле“.

Ако видите глисти во храна

Кога во сонот ќе видите глисти во храна тоа укажува на љубомора од страна на колегата со кого студирате или работите. Постои личност која ви завидува на успесите и ќе стори се што е во негова моќ да ви ги расипе. Ништо нема да ја спречува ниту да распространува лаги за вас. Овој сон е чисто предупредување да внимавате на кого се доверувате за да се заштитите од злобни луѓе.

Ако сонувате дека јадете глисти

Ако во сонот случајно јадете глисти, намерно или не, тоа е одличен знак. Ваквиот сон укажува на успеси на сите полиња. Ќе имате многу причини за славење, поради добрите резултати на работа, но и настани поврзани за приватниот дел од вашиот живот. Многумина ќе ви покажат колку ве почитуваат поради деловните достигнувања кои сте успеале да ги остварите.

Ако сонувате дека гледате како некој друг јаде глисти

Сон во којшто гледате како некој друг јаде глисти укажува на недостаток на самодоверба и самопочит.  Претерано сте самокритични и секогаш ги минимизирате своите успеси и достигнувања, а ги величите туѓите. За да бидете прифатени, во состојба сте да ги идеализирате другите и да се понижувате себеси.

Време е да престанете да го практикувате тоа и да поработите на себеси. Имате толку многу квалитети кои се вредни за внимание, како и резултати за кои многумина говорат, а дозволувате луѓето да мислат дека се подобри од вас.

Ако сонувате дека глисти ви лазат низ телото

Доколку сонувате дека глистите ви лазат низ телото тоа ги симболизира токсичните односи во стварниот живот. Можно е емотивната врска во која се наоѓате во моментот, негативно да ви влијае на менталното здравје. Ако веќе долго време ви пречат одредени нешта, не постигнувате компромис со партнерот или партнерката, тоа е знак дека сте во нездрава врска (брак).

Ваквиот сон може да укажува на тоа дека имате луѓе околу себе кои психички ве исцрпуваат или ве искористуваат на безброј начини.

Ако сонувате дека сте прегазиле глиста

Ако сонувате дека сте прегазиле глиста можно е со своето однесување да ги бркате луѓето од себе. Доколку не промените нешто по тоа прашање ќе ги изгубите сите драги луѓе кои се дел од вашиот живот. Пријателите и семејството предолго време ви ја толерираат оваа ваша „фаза“ и помалку почнува да им здодева.

За жените ваквиот сон може да има друго значење. Можеби некоја личност долго време се обидува да ве освои. Повеќе пати сте му покажале дека не сте заинтересирани, но се уште не се откажува. Можеби треба да бидете подиректни, бидејќи некои луѓе не прифаќаат „не“ за одговор.

Дефиниција за глисти

Глисти се паразити кои живеат во телото на човекот или на животните.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg