Гниди

Term Main definition
Гниди

Предупредуваат на лутина, понижување, проблеми, грижи.

Што значи да сонувате гниди?

Ако сонувате гниди

Ако во сонот видите гниди, тоа имплицира дека ќе доживеете понижување. Можеби некој едвај ќе ја дочека вашата грешка после што ќе направи се да се за да ве закога уште подлабоко. На потежок начин ќе научите дека меѓу луѓето владее законот на посилниот којшто е прилично немилосрден кон сите оние кои не  се придржуваат до неговиот принцип.

И самите ќе се бидете да се прилагодите на оваа сурова реалност, но вашиот карактер и воспитување нема да ви дозволат да одите против себе и да правите нешта после кои не би имале образ да ги погледнете луѓето во очи.

Ако чистите гниди во сон

Ако сонувате дека чистите гниди тоа укажува дека ќе прекинете контакт со некого кој ве оптоварува. Веројатно се работи за личност на којашто сте слаби, која оваа ваша слабост ја употребила во својата корист.

Наместо да ве цени за се што сте сториле за неа, ќе продолжи да ви го префрла чувството за вина чија цел ќе биде да ве врзе за себе, макар и на сила. Долго време без приговор ќе ја поднесувате оваа непријатна ситуација, но кога капката ќе ја прелие чашата, ќе заминете без да оставите ни трошка надеж дека некогаш ќе дојде до помирување.

Ако сонувате дека сте откриле дека имате гниди

Доколку сте сонувале дека имате гниди тоа воопшто не е добар знак. Ваквиот сон обично симболизира несреќа и некои негативни доживувања. Можно е одеднаш да се разболите и сите свои задачи да мора да ги оставите на чекање. Ќе ве гризе совеста дека ништо не работите, но нема да имате сили за тоа.

Ако му дадете време на своето тело да се опорави, набргу ќе се вратите во форма и ќе продолжите онаму каде што сте застанале.

Ако сонувате дека вошки ви лазат низ косата

Доколку сонувате дека вошки ви лазат низ косата тоа значи дека веројатно ќе доживеете некакви неприлики на работа или на факултет. Можно е да направите нешто непромислено, што ќе предизвика бурна реакција кај присутните. Ќе дојдете до заклучок дека изреката „три пати мери еднаш сечи“ сепак била точна. Ако ништо друго, барем ќе научите важна лекција за во иднина.

Ако сонувате вошки во туѓа коса

Кога ќе видите дека вошки шетаат низ нечија коса тоа укажува на поголема парична добивка. Можно е да добиете стимулација на работа, некаква стипендија или главна награда во игри на среќа. Ова добро ќе ви послужи за реализација на плановите кои чекале ред поради недостаток на пари.

Лицата кои се занимаваат со приватен бизнис веројатно ќе добијат шанса да започна лукративна соработка со важни партнери.

Ако сонувате дека вошки ви лазат по телото

Доколку сонувате дека некакви вошки ви лазат низ целото тело, веројатно ќе имате успешен ден. Доколку дадете се од себе, трудот најверојатно ќе ви се исплати. Важно е да имате план и да се држите до него. Само на тој начин вашите напори ќе резултираат со вредна награда.

Ако сонувате дека вошки лазат по туѓо тело

Сонот во којшто гледате како гнидите лазат по туѓо тело е предупредување да не се впуштате во ризични проекти и да прифаќате сомнителни понуди за работа. Постои голема шанса некој да се обиде да ве наговори да направите нешто што е во спротивност со законот, па да не се доведете во големи неприлики.

Колку и да ви се потребни парите во моментот, таквите потези не се вредни за извалкан образ и проблеми со властите.

Ако сонувате вошки на чешел за коса

Ваквиот сон укажува на тоа дека вашата финансиска благосостојба не зависи од вас туку од некој друг човек. Без оглед на тоа колку многу се трудите, резултатите нема да стигнат кога ќе се надевате. Причината поради тоа ќе боде тоа што некој ви ја контролира заработката – веројатно вашиот шеф или сопственикот на фирмата во којашто работите.

Ако сте размислувале да започнете сопствен бизнис сега е вистинско време за такво нешто.

Ако сонувате дека вошки ви лазат низ креветот

Доколку сонувате дека вошки ви лазат низ вашиот кревет можно е вашиот партнер да ви организира романтична вечера. Ако не сте во врска постои можност дека наредното излегување ќе ви биде полн погодок и дека конечно ќе сретнете некого кој ќе ви одговара.

Ако сонувате дека вошки ви лазат низ облеката

Сон во којшто гледате како вошки ви лазат низ облека симболизира проблем кој ќе бара брза и одлучна реакција. Нема да имате многу време  да размислувате за тоа, туку ќе тргнете во решавање. Сигурно нема да ви се допадне фактот дека морате да работите брзо и ќе се плашите да не направите некаква грешка, но овие ваши стравови се неосновани. Не се сомневајте дека добро ќе се снајдете во оваа стресна ситуација.

Ако проучувате гниди

Ако во вашиот сон проучувате гниди тоа укажува на проблем со парите. Веројатно трошите многу повеќе отколку што заработувате, па постои реална шанса дека ќе се соочите со банкрот.  Ако го воочиите проблемот на време и почнете да ги менувате вашите навики за трошење, можеби ќе можете да ја спречите финансиската криза која е пред вас.

Ако сонувате дека некој друг човек проучува гниди

Кога во сонот гледате како некој проучува гниди тоа значи дека ќе добиете многу скап подарок. Некој ќе се одлучи да ве израдува, па ќе ви подари нешто многу вредно. Нема да знаете како да реагирате, бидејќи не сте навикнати на таков вид на подароци. Од друга страна, ќе се прашувате со што сте заслужиле толку вреден знак на внимание. Е па, оваа личност веројатно има свои мотиви да ве усреќи на овој начин. На вам останува да ги откриете.

Ако сонувате дека убивате вошки

Доколку сонувате дека убивате вошки тоа имплицира дека сте сосема подготвени да се соочите со секаков вид на предизвици што ќе ви излезат на патот. Имате доволно енергија, мотивација и храброст за поднесете секаква жртва ако знаете дека истата е неопходна за остварување на вашите цели. Фазата која е пред вас искористете ја за правење планови, кои, на долг рок ќе ви донесат поголем успех.

Ако сонувате дека други луѓе убиваат вошки

Доколку во сонот гледате како некој друг убива вошки тоа значи дека треба да престанете да се жалите и да се сожалувате и конечно да ги преземете нештата во свои раце. Ќе станете свесни дека многу нешта зависат токму од вас и дека сите пречки кои ги имате во моментот ви се само изговори. Поседувате толку квалитетни особини благодарение на кои можете да постигнете многу нешта,  не користите ниту стоти дел од тоа во вистински цели.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку пред скоро време сте виделе или имале гниди, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз вас.

Дефиниција за вошки

Гниди или вошки се ситни паразити кои живеат на растенија, животни или луѓе.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg