Гостилничар/ка

Term Main definition
Гостилничар/ка

Ако во вашиот сон се расправате со гостилничар тоа значи дека жалите што на јаве не сте постапиле како што сте сакале.

Што значи да сонувате гостилничар/ка?

Ако сонувате дека бркате гостилничар

Доколку сонувате дека бркате гостилничар тоа имплицира дека треба конечно да си признаете како се чувствувате кон некоја личност. Во вашиот живот има некоја личност којашто многу ви се допаѓа, но ги криете чувствата бидејќи се плашите дека нема да ви бидат возвратени.

Од друга страна, емоциите можат да бидат и негативни. Можеби не можете повеќе да трпите некоја блиска личност која повеќе не ви одговара.

Ако сонувате дека ве брка гостилничар

Кога сонувате дека ве брка гостилничар тоа значи дека сте прилично наивни и лековерни. Дозволувате луѓето да ве наговорат да правите нешта кои не ги сакате. Веројатно тоа го правите од страв да не останете сами, а би требале да бидете свесни дека некогаш е подобро да си сам отколку во лошо друштво.

Престанете да се понижувате и да држите до ветувањата кои сте си ги дале себеси, а не само на другите.

Ако сонувате дека се расправате со гостилничар

Ако во вашиот сон се расправате со гостилничар тоа значи дека жалите што на јаве не сте постапиле како што сте сакале. Неодамна сте влегле во расправија со некоја личност и сте и дозволиле да победи. Сте биле претерано возбудени и не сте можеле да ги изнесете сите свои аргументи. Затоа оваа расправија сте ја пренеле од јаве на сон.

Ако сонувате дека други луѓе се расправаат со гостилничар

Доколку во сонот видите и слушате дека некој се расправа со гостилничар тоа значи дека ќе застанете на нечија страна. Можно е работодавецот да сака да даде отказ на некој колега за кој сметате дека е вреден и чесен работник. Затоа ќе сторите сè што е во ваша моќ да си го задржи работното место. Не е исклучено ниту дека ќе морате да си ја браните честа на својата професија.

Ако сонувате дека се тепате со гостилничар

Сонот во којшто се тепате со гостилничар укажува на љубомора. Веројатно во блиското опкружување имате личност која постигнала сè она за коешто мечтаете во вашиот живот. Наместо да ви биде мотивација и самите да напредувате, се однесувате како да ви е закана. Зависта е многу лошо чувство и не треба да биде движечка сила.

Подобро би ви било кога би се свртеле кон себе за да ги остварите своите зацртани цели.

Ако сонувате дека други луѓе се тепаат со гостилничар

Доколку сонувате дека некој друг човек се тепа со гостилничар тоа имплицира дека во некоја работа ќе го „извлечете подебелиот крај“. Можеби со колегата/колешката ќе поделите обемна задача за да ја завршите за пократок временски период, но тој/таа нема да го испочитува својот дел од договорот. Сепак ќе мора да го одработите и неговиот/нејзиниот дел од задачата. Ова ќе го сфатите како порака никогаш повеќе да не се потпирате на другите луѓе, туку да си се потрудите сами да си ја одработите задачата.

Ако сонувате дека се бакнувате со гостилничар/гостилничарка

Ако маж се бакнува со гостилничарка тоа е чист одраз на неговите сексуални фантазии. Поконкретно, мечтаете за некои нешта во креветот, но се плашите да ги признаете на вашата партнерка, бидејќи би можела тоа погрешно да го протолкува. Ако сте во врска или во брак веќе подолг временски период, во тој случај овој ризик е сведен на минимум, бидејќи се подразбира дека партнерката многу добро ве познава. Меѓутоа, ако допрва сте почнале да се запознавате со некоја жена, не би требале да ја „плашите“ со некои неконвенционални сексуални барања.

Ако жена сонува дека се бакнува со гостилничар можно е даа има соперничка. Во животот на вашиот дечко/партнер има некоја жена со која е близок, но за која упорно тврди дека му е само добра пријателка. Честопати ја споменува, што во вас предизвикува големи напливи на љубомора и завист. Иако му верувате нему, не ѝ верувате нејзе. Затоа ќе се потрудите да ѝ покажете колку ви е силна врската за да не ѝ падне случајно на памет да се додворува на вашиот партнер.

Сонот во којшто мажот сонува дека се бакнува со гостилничар значи дека дозволил предрасудите да му го поматат разумот. Запомнете, не се сите нешта кои не ги сфаќате лоши и погрешни. Понекогаш треба да го запознаете човекот или да научите нешто пред да давате свој суд. Поради вашите стереотипи сте пропуштиле многу убави прилики во вашиот живот.

Доколку жена сонува дека се бакнува со гостилничарка тоа значи дека настанот од минатото и понатаму ја измачува. Сте преживеале некое тажно искуство кое ви оставило лузни. Иако се трудите да го заборавите, постојано се навраќате на истото. На тој начин дополнително се измачувате и се спречувате себеси да живеете во сегашноста и да размислувате за иднината.

Ако сонувате  дека сте убиле гостилничар

Ваквиот сон укажува на грижа на совеста. Веројатно сте повредиле или пак навредиле некого за кого многу се грижите. Не знаете како да му/ ѝ се извините, па сте дозволите времето да си го направи своето. Но, тоа е најлошата варијанта што сте можеле да ја изберете.

На тој начин, тој или таа ќе си помисли дека не ви е грижа и ќе се потруди засекогаш да ве избрише од својот живот. Покажете колку ви е жал и дека искрено се каете поради своите постапки пред да биде предоцна.

Ако сонувате мртов гостилничар

Ако во вашиот сон гледате мртов гостилничар тоа значи дека пред вас е еден многу поволен период што се однесува до финансиската состојба. Потрудете се да заштедите нешто повеќе за „црните денови“ или да вложите пари некаде каде што ќе бидете сигурни дека нештата ќе бидат под контрола.

И самите сте свесни дека парите умеете да ги трошите многу бргу и лесно. Затоа, некој друг нека се погрижи за тоа.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg