Горила

Term Main definition
Горила

Питома горила во сонот значи дека ќе стекнете нов пријател, а страшна предупредува на недоразбирање.

Што значи да сонувате горила?

Ако сонувате горила во зоолошка градина, тоа укажува дека ќе стекнете нов пријател. Веројатно се работи личност со која ќе, макар и на почетокот, бидете во лоши односи. На вашиот пример ќе се докаже точноста на тврдењето дека на другите им ги замерувате особините кои ги препознавате на себе.

Но, ако ви се укаже прилика со него/нејзе да поминете малку време и да поразговарате на сериозни теми, ќе сфатите дека не е толку лош/лоша како што ви се чинело. Ќе пронајдете многу заеднички теми и ставови кои ќе претставуваат основа за едно убаво и искрено пријателство.

Ако сонувате бела горила

Кога во сонот ќе видите бела горила тоа укажува на добар знак. Ваквиот сон обично претставува брзо и успешно опоравување од некоја болест. Може да биде поврзан со вас или со некоја личност која што навистина ви е блиска.

Ако сонувате горила со младенчиња

Доколку во вашиот сон видите горила со младенчиња тоа е потсетник повеќе време да им посветите на членовите на семејството. Веројатно напорно работите и не постигнувате да им посветите доволно слободно време, меѓутоа, ако подобро се организирате ќе успеете да одредите неколку часа од денот за вашите најблиски.

Ако сонувате горила во џунгла

Ваквиот сон може да има повеќе значења. Едно од нив е дека треба да обрнете внимание на своето однесување кога сте меѓу луѓе кои не ги познавате. Не им годи на сите вашата смисла за хумор, ниту тоа што постојано се обидувате да останете во центарот на вниманието.

Сосема е сигурно дека на овој начин нема да ја освоите личноста којашто ви се допаѓа. Друго значење е дека дополнително ќе се зближите со членовите на семејството кога ќе поминувате низ стресен период.

Ако видите горила во кафез

Доколку во сонот видите горила во кафез тоа е предупредување среќата да не ја градите врз туѓа несреќа. Тоа што во моментот ви е добро, не значи дека тоа нема да се промени. Сетете се на минатото и повеќе нема да ви падне на памет да ликувате поради нешта од кои би требале да се срамувате.

Ако сонувате дека имате горила за домашно милениче

Доколку во сонот горилата ви е домашен миленик тоа не е добар знак. Овој сон обично укажува на грижи и на проблеми во реалниот живот. Многу ретко соништата од овој контекст можат да симболизираат нова љубовна приказна за која многумина можат да сонуваат.

Многу ретко вие соништа симболизираат нова љубовна приказна за оние кои ги сонуваат.

Ако сонувате дека храните горили

Хранењето на горили во сон укажува на нерационално трошење на пари. Во последно време воопшто не водите сметка за тоа каде заминуваат парите коишто ги заработувате.            Ако не почнете да водите сметка за тоа банкрот не ви гине.

Ако сонувате дека бркате горила

Коа во сонот бркате некоја горила тоа имплицира дека доаѓа крај на финансиската криза во којашто се наоѓате во моментот.

Сигурно недостатокот на пари во последно време ви донел огромна количина на стрес, но добрата вест е што ѕирка решение. Можеби ќе добиете подобро платена работа или некој којшто ви е драг ќе ве „поттурне“ додека не се снајдете.

Ако сонувате дека ве брка горила

Ако сонувате дека ве брка горила тоа значи дека свесно потиснувате некои спомени или чувства.  Некој во минатото многу ве повредил, но и понатаму го сакате. Би сакале да не е тоа така, па на пријателите им зборувате како таа личност за вас е мртва. Меѓутоа, факт е дека сè уште не сте го/ја преболеле.

Веројатно сте се обиделе некому да му дадете шанса, но тоа не вродило никаков плод. Немојте да се присилувате на нешто, дајте си шанса и време да се излекувате од старите рани.

Доколку во сонот сте успеале да побегнете од горила тоа укажува на подобрување на комуникацијата со саканата личност. Сте имале некои несогласувања поради кои не сте контактирале, но и двете страни ќе сфатите дека се однесувате детинесто и конечно ќе си простите.

Ако сонувате дека ве нападнала горила

Доколку сонувате дека ве нападнала горила тоа значи дека ќе се замерите со опасна и многу моќна личност. Во обид да си го одбраните својот став веројатно сте „поткачиле“ некого кого не би смееле. Сигурно ќе се потруди да ви го загорчи животот, но нема да дозволите да ве оддалечи од целите кои сте си ги зацртале, ниту да ги загрози вашите деловни, пријателски или семејни односи.

Ако сонувате дека сте нападнале горила

Ако во вашиот сон сте нападнале некоја горила тоа укажува на кавга со некои луѓе од вашето опкружување. Причината поради кавгата ќе биде банална, но зад неа се кријат анимозитети и несогласувања. Сепак, немојте да дозволите провокациите да ве извадат од контакт. Колку повеќе сте смирени, толку полесно ќе ги изнесете своите аргументи.

Ако сонувате дека се борите со горила

Сонот во којшто се борите со горила е предупредување да посетите лекар. Симптомите кои подолго време ги чувствувате не се безизлезни. Наместо дијагнозата да ја барате на интернет, обратете се на стручно лице за помош. Недостатокот на време и пари се само лоши изговори!

Ако сонувате дека водите љубов со горила

Можно е премногу да сте го идеализирале вашиот партнер/партнерка поради што имате чувство дека сите бродови ви потонале. Вашите очекувања од врската/бракот биле многу поголеми, но стварноста ќе ви донесе голем број на неприлики кои ќе ве спуштат на земја и ќе направат да се запрашате дали сте го направиле вистинскиот избор.

Доколку членовите на вашето семејство не го сакаат вашиот партнер, уште потешко ќе ви биде да ја согледате целосната слика на реален начин.

Ако сонувате дека ве каснала горила

Кога сонувате дека ве каснала горила тоа укажува на потешкотии кога е во прашање факултетот или работата. Ќе мора да вложите многу време и труд за да ги надминете пречките кои стојат пред вас. Немојте да губите мотивација, бидејќи тоа ви помага да останете на површина во тешки моменти.

Ако сонувате дека сте убиле горила

Ако сонувате дека сте убиле горила тоа значи дека ќе решите голем проблем. Веројатно поради некои непромислености ќе се најдете во неприлика за која ќе ви треба голема храброст и добра смисла за хумор да се извлечете. Сепак, немојте овој начин на избегнување на проблеми да ви прејде во навика. Тоа што ви успеало овој пат не мора да значи дека ќе ви успее и друг пат.

Ако сонувате дека купувате горила

Купувањето на горила предвидува патување. Веројатно поради работа ќе морате да заминете во странство. Можеби откако ќе отседнете кратко време во тој град ќе сфатите дека е за вас и трајно ќе се преселите таму.

Значењето на овој сон може да биде многу поедноставно. Ако неодамна сте виделе горила на телевизија или во зоолошка градина, тоа сигурно ви оставило силен впечаток.

Дефиниција за горила

Горила е примат од семејството на човеколики мајмуни кои се населени во прашумите во Африка.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg