Гости

Term Main definition
Гости

Ако имате гости: ви се заканува некаква незгода, ситни расправии и пакости на работното место; ако бидете гости: ќе имате големи трошоци; ако дочекувате гости: наскоро радосно доживување; неочекувани гости: ќе бидете изненадени.

Што значи да сонувате гости?

Ако сонувате дека имате гости

Ако во вашиот сон имате гости, тоа укажува дека ви се заканува незгода. Во наредниот период ќе бидете вклучени во многу пречки и ситни расправии за кои ќе сметате дека се смислени со намера да ве испровоцираат.

Нема да имате трпение со секого да поразговарате и на убав начин да објасните што ви пречи, туку ќе реагирате избрзано поради што подоцна ќе ви биде жал.

Ако сонувате дека сте гостин

Кога сонувате дека сте гостин, тоа имплицира дека имате големи трошоци. Можеби ќе присуствувате на прослава која ќе ја направи некој ваш близок роднина или пријател и ќе посакате да се покажете во најдобро светло. Нема да штедите на облека, подароци и останати нешта кои ќе го засилат доживувањето.

Ако сонувате дека дочекувате гости

Ако сонувате дека дочекувате гости симболизира радосен настан. Вие постојано барате повод да ги повикате пријателите и да приредите незаборавна забава по којашто на сите сте им познати. Сè ви е полесно и поубаво во друштво, а добрата забава ви е загарантирана дури и кога играте друштвени игри, гледате филмови или едноставно разговарате.

Ако ви дојдат гости во сонот

Доколку во сонот ви дојдат гости, тоа означува дека ќе се изненадите. Веројатно ќе ви се јави личност со која во минатото сте биле многу блиски, но честите несогласувања и различни ставови довеле до тоа да се разделите. И покрај тоа, ќе му/ ѝ се израдувате и ќе се потсетите на старите добри времиња.

Ќе сфатите дека нештата не можат да бидат како порано, но ќе ви биде драго повремено да слушате што му/ ѝ се случува во животот.

Толкувањето на овие соништа зависи и од контекстот во којшто се одвиваат, како и од деталите и од чувствата што ги следат. Во текот на овие соништа може да почувствувате радост, среќа, возбуда, а неретко нервоза и паника.

Ако сонувате дека на гости ви дошла непозната личност

Ако сонувате дека на гости ви дошла непозната личност односно непознат маж тоа укажува на нови почетоци. Доколку вашиот гостин дошол со добри намери, тоа значи дека ќе ви се остварат вашите планови. Можеби ќе се преселите во некој друг град или ќе го промените работното место. Се подразбира дека на почетокот ќе ви биде тешко, но набргу ќе се навикнете и нема да се покаете поради овие свои одлуки. Кога сонувате дека на гости ви дошла непозната жена тоа подразбира компликации на јаве.

Плановите коишто сакате да ги реализирате ќе ви се изјаловат поради туѓи грешки. Тоа ќе ви ја наруши самодовербата и вербата дека конечно ќе успеете да го направите она за кое сте мечтаеле долго време, но вашите пријатели ќе ве убедат да не очајувате бидејќи не станува збор за пропаднат проект, туку за одложување на неговата имплементација.

Ако сонувате дека испраќате гости

Ваквиот сон предвидува важни настани во вашето семејство. Можно е да славите венчавка, крштевка или принова. Не е исклучено ниту дека некој од членовите на семејството ќе започне сопствен бизнис. Ќе ја добие вашата поддршка и помош што многу ќе му/ ѝ значи.

Сепак, немојте да го/ја охрабрувате да прави потези кои не ги препорачувате, ваше е отворено да кажете што мислите без разлика дали станува збор за нешто позитивно или негативно. Од друга страна, немојте да бидете претерано критични бидејќи тоа би можело да го/ја деморализира.

Ако сонувате дека сте ги избркале гостите

Сонот во којшто сте ги избркале гостите од домот имплицира дека ќе откриете дека некој ве лаже или дека ја злоупотребува вашата доверба. Ќе ве повреди личност од која најмалку сте очекувале такво нешто. По првичниот шок, ќе донесете одлука засекогаш да го/ја елиминирате од својот живот. Тоа веројатно ќе биде најпаметниот потег кој сте го направиле во последно време.

Ако сонувате дека се подготвувате за дочек на гости

Кога сонувате дека се подготвувате за пречек на гости тоа значи дека пред вас е еден мирен и помалку здодевен период. Во вашиот живот не се случува ништо случајно, па ќе западнете во монотонија. Дури и кога ќе помислите дека сакате да направите нешто забавно, нема да имате со кого.

Партнерот/партнерката отворено ви признал/ла дека не сака никакви промени, што помалку ве разочарало. Сепак, нема да спротивставите на неговите/нејзините желби бидејќи сметате дека нема смисла и дека нема да го промени своето мислење.

Ако сонувате голем број на гости

Доколку во вашиот сон сонувате голема бројка на гости тоа обично симболизира промена на адресата на живеење. Можеби ќе се преселите од еден во друг стан или во некој друг град или пак држава. Веројатно не сте најсреќни поради тоа, но верувајте дека тоа е потребно за да си го доведете животот во ред.

Ако сонувате гости во црнина

Сонот во којшто сите гости се облечени во црно предвидува жалост. Веројатно ќе слушнете дека личната којашто сте ја познавате починала. Ќе ви биде жал бидејќи доцна ќе дознаете и што нема да заминете на погреб. Со оглед на тоа дека станува збор за некоја личност која ги развеселувала другите луѓе со својата позитивна енергија, неговото/нејзиното заминување ќе го сметате за голема загуба.

Ако сонувате дека се расправате со гостите

Кога сонувате дека се расправате со гостите тоа укажува на сиромаштија. Можеби вие лично нема да ја доживеете, но секако ќе се соочите со фактот дека луѓето околу вас врзуваат крај со крај. Ќе помислите колку всушност сте среќни што имате кров над глава и што не сте гладни и жедни и ќе почнете повеќе да цените тоа што го имате.

Доколку  вашите гости меѓусебно се расправаат тоа е предупредување да не глумите Амор и да спојувате самци. Досега не сте имале некој значителен успех во намерништвото, така што тоа сигурно нема да се промени во иднина. Само себеси можете да се доведете до непријатна положба ако вашиот пар се скара или раздели. Тогаш сигурно ќе бараат од вас да го искажете своето мислење, или уште полошо, да одберете страна.

Ако сонувате некултурни гости

Ако сонувате некултурни гости, бучни или непристојни, тоа имплицира дека некој ве озборува. Во опкружувањето има многу луѓе кои се интересираат за вашиот живот. Веројатно станува збор за комшии кои немаат попаметна работа туку да гледаат со што се занимавате и што правите во животот. Не можете да ги спречите да шират трачеви, но не треба со тоа да се оптоварувате.

Ако сонувате здодевни гости

Сонот во којшто сонувате здодевни гости кои само молчат или претерано многу зборуваат за нешта кои не ве интересираат симболизира парична добивка. Можеби работодавецот конечно ќе реши да ви ја зголем платата или ќе добиете премија на лотарија.

Значењето на овој сон може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте биле на гости или имале, тоа сигурно ви оставило силен впечаток кој од јаве се пренел на сон.

Дефиниција за гости

Гостин е личност која најавено или ненајавено се појавува во нечија куќа.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg