Гробишта

Term Main definition
Гробишта

Ако видите: среќна старост, исполнување на желбите; ако шетате низ гробишта: лош брак, жалост, недостаток на самодоверба, имајте повеќе верба во своите способности.

Што значи да сонувате гробишта?

Ако сонувате гробишта

Ако во сонот видите гробишта тоа симболизира среќна старост. Вие сте една личност која цврсто стои на земјата и која многу добро знае што сака од својот живот. И коцките ќе ви се наредат така што сè ќе си оди по ред, па првин ќе го завршите школувањето, ќе најдете работа и после тоа ќе планирате семејство.

Многумина ве наведуваат како пример и сметаат дека вашите членови на семејството се среќни  што имаат таква личност покрај себе. Со оглед на тоа дека сите ги третирате со љубов и почит, и во вашиот случај ќе биде вистинита изреката дека она што го сееме, тоа и го жнееме.

Ако сонувате дека шетате низ гробишта

Ако сонувате дека шетате низ гробишта тоа укажува дека би требале да имате повеќе доверба во своите способности. Многу сте несигурни и често не сте во состојба да донесете наједноставна одлука како на пример избор на облека или некоја друга ситница. Повеќе сакате да се консултирате со другите бидејќи на тој начин ќе имате оправдување ако нештата не се одиграат како што сте очекувале.

Тешко поднесувате критики и ги доживувате како потврда за ниски вредности, наместо како конструктивни предлози кои би требале да ги усвоите и да ги примените во пракса.

Ако сонувате дека трчате низ гробишта

Доколку во сонот трчате низ гробишта тоа значи дека ќе се радувате на нешто. Можеби во вашето семејство ќе се случи нешто многу убаво, што ќе ве усреќи. Можеби ќе присуствувате на венчавка, крштевка, или прослава по повод проширување на семејството. Едвај ќе чекате да изберете подароци за саканите и да поминете среќни моменти во кругот на семејството.

Ако видите деца кои трчаат низ гробишта во сонот

Ако во сонот видите деца како трчаат низ гробишта тоа имплицира дека ќе се помирите со личноста со која не сте зборувале многу долго време. Веројатно ќе сфатите дека причините поради лутината биле детинести и дека е време да продолжите таму каде што сте застанале пред расправијата.

Вашиот однос после ова ќе биде многу подобар и поквалитетен, па ќе ви биде жал што сте дозволиле некоја глупост да ве раздели.

Ако сонувате дека чистите или средувате гробишта

Кога во сонот чистите или средувате гробишта тоа значи дека сте загрижени за својата работа, кариера или иднина. Се плашите дека би можеле да го изгубите работното место или дека ќе немате доволно пари да се издржувате себеси и семејството.

Ваквите стравови се нормални, особено ако од вас и од вашата работа зависи нечија иднина. Сепак, не би смееле да дозволите ова да влијае врз вашата психа. Вие сте вредна личност и одличен работник така што се мали шансите дека ќе ја изгубите работата, а камоли дека нема да успеете да најдете друга.

Ако сонувате дека се криете на гробишта

Ваквиот сон обично значи дека ќе бидете обвинети поради нешто што не сте го направиле. Можеби некој од вашите колеги ќе направи грешка, па ќе ве обвини за тоа. Колку и да мора да се трудите да ја докажете својата невиност, тешко ќе ви падне фактот дека некого кого го сакате одлучил да ве втурне во неволја.

Ако сонувате дека поминувате покрај гробишта

Доколку во сонот сте поминале покрај гробишта тоа го симболизира чувството на минливоста на животот и тешкотијата дека не сте во состојба да го спречите тоа. Чувствувате дека деновите, месеците и годините премногу бргу ви поминуваат и дека нема да стигнете да го завршите сè она што сте го замислувале.

Веројатно често размислувате за времето со коешто располагате. Можеби треба да се организирате и да почнете да работите на остварување на вашите соништа.

Ако сонувате дека сте се изгубиле на гробишта

Ако сонувате дека сте се изгубиле на гробишта тоа значи дека треба да го преиспитате своето однесување кон саканите лица. Понекогаш сте многу груби кон нив без оглед на тоа дека намерите не ви се лоши, често така делувате.

Сочувајте ги критиките за некоја друга личност, а на луѓето кои што ги сакате покажете им дека имате разбирање и дадете им поддршка.

Ако сонувате дека спиете на гробишта

Сонот во којшто спиете на гробишта симболизира претерана грижа за другите луѓе поради која постојано сте под стрес. Премногу лично ги доживувате туѓите проблеми и поради тоа си го загрозувате своето здравје. Помогнете им на оние на кои можете да им помогнете, а ако не можете, само ќе им одмогнете ако се разболите.

Пронајдете начин да се опуштите и да се посветите на некое хоби кое ќе ве оттргне од црните мисли.

Ако видите покојник на гробот

Кога во сонот ќе видите покојно лице кое сте го познавале и сакале, а кое веќе не е помеѓу живите, како шета низ гробот тоа ја симболизира тагата којашто ја чувствувате на јаве. Веројатно сè уште не можете да ја прежалите неговата смрт, па ви се појавуваат вакви сцени во соништата.

Друго значење е дека треба отворено да разговарате со личноста за своите чувства и да побарате помош за да ги совладате проблемите.

Ако сонувате дека носите цвеќе на гробишта

Доколку во сонот носите цвеќе на гробишта тоа е добар знак. Ако неодамна сте биле загрижени за своето здравје или за здравјето на некоја драга личност, веројатно конечно ќе се ослободите од грижите. Тестовите и анализите ќе покажат дека немало простор за грижа.

Сонот во којшто гледате како некој друг носи цвеќе на гробишта симболизира успех, богатство, добро здравје и добри односи со семејството и со пријателите.

Ако сонувате љубовен состанок на гробишта

Ако сонувате дека те на гробишта со саканата личност или на тоа место сте сретнале некого за кого верувате дека е љубовта на вашиот живот, тоа е лош знак. Овој сон обично покажува дека имате љубовни проблеми, а можна е разделба на долгогодишна врска или брак.

Ако сонувате венчавка на гробишта

За жал, ваквите соништа немаат позитивно значење. Ако сонувате дека сте се венчале на гробишта тоа укажува на несреќа или загуба која се однесува на саканата личност. Вашиот партнер би можел да се соочи со големи загуби во животот. Потрудете се да му пружите поддршка, љубов, разбирање за да ги совлада проблемите.

Ако сонувате споменик на гробишта

Кога сонувате споменик на драга личност на гробишта тоа значи дека не можете да се помирите дека не е повеќе помеѓу живите.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Ако сте биле на гробишта тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за гробишта

Гробишта е простор кој обично се наоѓа покрај храмови и служи за погребување на мртвите луѓе откако ќе се испратат, што е во склад на нивната вера.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg