Галеб

Term Main definition
Галеб

За парови во брак: раскинување проследено со солзи; за парови кои не се во брак и поединци: среќа во љубовта, радост, веселба; ранет: бидете внимателни; во лет: ви се насмевнува среќата во животот.

Што значи да сонувате галеб?

Ако сонувате галеби

Кога некој во е брак и сонува галеби, тоа симболизира разделба низ солзи. Можеби вие или партнерот ќе согледате дека е најдобро да се разделите и секој да продолжи по својот пат. Кога сте стапиле во брак сте имале добра волја да ви остане партнер цел живот, но со текот на времето сте почнале да се оддалечувате и да сфаќате дека немате исти планови и желби за во иднина. 

Кога некој е слободен или во врска и сонува галеби тоа означува среќа во љубовта. За вас може да се рече дека животот ви поминал чекајќи ја вистинската личност во вашиот живот. Подраго ви било да се посветите на учењето, работата, пријателите или другите активности кои ве интересираат наместо да губите време во врски кои не ви ги исполнуваат критериумите.

Во наредниот период ќе запознаете личност која ќе ви биде поблиска отколку што сте можеле да замислите и која ќе умее да ги цени вашите квалитети.

Ако видите ранет галеб во сонот

Ако сонувате дека сте виделе ранет галеб ве предупредува да бидете внимателни. Може да се случи саканата личност да ви го скрши срцето со неочекувано признание кое ќе направи да почнете да се сомневате во секој збор или дело кое го направил/а. Меѓутоа, дел од вината ќе ви припадне вам бидејќи сте ја идеализирале и сметале за непогрешлив/непогрешлива.

Ако сонувате галеб во лет

Доколку во вашиот сон галебот лета, тоа укажува дека среќата ќе ви се насмевне. Конечно ќе почувствувате дека нештата на приватниот и на деловниот живот ќе тргнат на подобро што позитивно ќе се одрази на вашата физичка и психичка состојба.

Луѓето од опкружувањето ќе ви говорат дека блескате и ќе сакаат да ви бидат во друштво за да им го пренесете вашето добро расположение и позитивна енергија.

Ако видите галеб кој паѓа

Ако во сонот видите галеб кој паѓа тоа значи дека ќе се заљубите во погрешна личност. Ова особено се однесува на луѓето со кои сте во подолга врска или во брак. Можеби ќе запознаете некого кој ќе ве маѓепса и поради кого ќе посакате да ја раскинете емотивната врска во која се наоѓате сега.

Сепак, колку и да ви изгледа сето ова правилно, постои голема шанса да се покаете. Затоа почекајте да ви помине оваа ваша „затресканост“ и да ја видите симпатијата со вистински очи, без идеализирање и разубавување на фактите. Во спротивно би можеле сериозно да си наштетите и да си го нарушите односот со личноста која навистина ве сака.

Ако видите јато галеби

Сон во кој гледате јато галеби има позитивно значење. Во блиска иднина ви претстои состанок со многу влијателна личност која би можела да ви помогне кога е во прашање работата.

Ако видите галеб со риба во клунот

Ваквиот сон најавува лоши вести. Доколку сте биле во врска или во брак веројатно ќе дојдете до заклучок дека партнерот/партнерката ве изневерува. Сепак, пред да направите каков било радикален потег, добро преиспитајте колку информациите кои дошле до вас се точни и веродостојни.

И самите сте свесни дека сте опкружени со луѓе на кои душевна храна им е да шират трачеви. Немојте да си го загрозите односот со саканата личност на основа на лагата којашто ќе ја чуете. Соочете го/ја со тоа што сте го слушнале и направете еден искрен разговор за тоа.

Немојте да реагирате импулсивно бидејќи на тој начин нема да знаете дали ве лаже или ја говори вистината. Најмалку што можете да направите за врската е да се потрудите да потрае.

Ако слушнете галеб во сонот

Кога во сонот ќе слушнете галеб тоа имплицира дека вашиот пријател или друга блиска личност премолчува нешто за да не ве повреди. Иако и самите понекогаш сте го правеле тоа и исто така сте сметале дека одлуката е правилна, затоа нема причина да му/и се лутите поради таквата одлука.

Ако веќе сакате да дознаете за што се работи, во тој случај бидете подготвени на тоа бидејќи вистината ќе знае да ве заболи.

Ако сонувате дека ве нападнал галеб

Ако сонувате дека ве нападнал галеб тоа значи дека пред вас е проблем кој нема да знаете како да го решите. После првичниот шок ќе ви треба одреден временски период да се соберете, но со помош на пријателите и блиските членови на семејството ќе успеете да ја надминете оваа криза.

Најзначајно ќе ви биде да не паѓате во депресија и од сето тоа да излезете како победник. Ако верувате дека се во животот се случува со некоја причина и ова сега што ви се случува ќе има многу повеќе смисла.

Ако сонувате дека галеб нападнал некој друг човек

Доколку во сонот некој галеб нападнал друг човек, тоа имплицира дека нема да можете да му помогнете на пријателот или на пријателката во неволја. Ќе ве праша за совет, но со оглед на тоа дека никогаш не сте се сретнале со ваква ситуација, нема да знаете што да му/и одговорите. Важно е да му/и кажете дека ја има вашата поддршка за каква и одлука да реши да донесе.

Ако убиете галеб

Сон во кој убивате галеб укажува на грижи и проблеми. Наскоро ќе влезете во прилично лош период од вашиот живот. Ќе се чувствувате беспомошно и депресивно и нема да успеете да го направите се она што сте го замислиле. Дополнителен притисок ви создаваат и лошите односи со патнерот или членовите на семејството.

На моменти ќе ви се чини дека се наоѓате во маѓепсан круг од кој нема излез. Меѓутоа, со оглед на тоа дека сте ментално цврста личност нема да дозволите грижите да ве скршат и од сето тоа ќе извлечете важна порака.

Ако сонувате дека некој друг човек  убива галеб

Кога сонувате дека некој друг убива галеб тоа значи дека одлуката којашто ќе ја донесете во иднина ќе ви предизвика голем број на предизвици. Пред вас ќе има неколку опции поврзани со факултетот или работата, а вие ќе ја изберете најлошата.

Кога ќе го сфатите тоа ќе биде предоцна. Сепак, тоа не е причина да се откажете од се. Ако се потрудите ќе можете да се извлечете од целата ситуација и да научите нешто корисно за во иднина.

Ако видите мртов галеб

Мртов галеб во сон ја симболизира вашата моментална ментална состојба. Прилично сте ранливи и затоа мора да бидете внимателни при донесување одлуки поврзани со врската или бракот. Не смеете да дозволите преголемата чувствителност да ве наведе на крив пат.

Овојпат наместо срцето би требале да го послушате разумот, но најпрвин мора да се соочите со самите себе. Добро размислете што сакате и што очекувате, ако личноста со која сте во врска нема исти желби и копнежи, тогаш немате причина да бидете заедно.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте виделе галеб, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз вас.

Дефиниција за галеб

Галеби припаѓаат на морски птици или речни птици со релативно долг и тенок клун.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg