Гаќи

Term Main definition
Гаќи

Ако сонувате дека сте изгубиле гаќи тоа предупредува на штета на имот, неверство, не сте сигурни во сопствениот избор или тоа не сакате да си го признаете.

Што значи да сонувате гаќи?

Соништата со гаќи носат широк дијапазон на толкувања и значења. Исто така се разликуваат и од полот на самиот сонувач.

Ако видите гаќи

Ако во сонот најдете гаќи тоа значи дека ви претстојат подобри времиња на љубовниот, а можно е и на финансискиот план. Сепак, за подобри времиња мора да се потрудите бидејќи добивката во едното или другото поле нема да дојде сама.

Ако изгубите гаќи во сонот

Ако во сонот изгубите гаќи, тоа е предупредување дека имате штета на имотот. Можеби луѓето од вашата околина ве предупредувале да внимавате каде ги вложувате парите, но сте сметале дека нивните сомнежи немаат реална основа. Не сте се ангажирале доволно за да ги истражите сите можности и ризици кои може да ги донесе посакуваната зделка.

Кога ќе сфатите што сте направиле, ќе продолжите да ја негирате грешката и да терате по старо. Може да ви се случи тврдоглавоста да ве доведе до уште поголема немаштија во однос на оваа на која сте изложени во моментот.

За жените, губењето на гаќи во сон може да претставува срамота, а за мажите болест.

Ако најдете гаќи во сонот

Ако сонувате дека сте нашле гаќи тоа имплицира дека мислите дека ве изневерува партнерот. Често ви се случува потајно да ги гледате пораките и повиците на неговиот/нејзиниот телефон да го проверувате секој можен чекор кој ќе реши да го направи.

И покрај тоа што човекот никогаш не ви дал повод за сомнеж, претпочитате да помислите дека ви работи зад грб, отколку дека заминал со друштвото или со колегите на пијалaк. Вашите испади на љубомора можат да доведат до сериозни расправии за време на кои ќе оставите впечаток дека сте личност која не верува во себеси и во своите квалитети.

Притоа во некои од случаите зависно од полот, сонот може да го има и следното значење, па така ако жените на сон пронајдат гаќи тоа може да значи срамота, а за мажите може да значи самодоверба.

Ако сонувате валкани гаќи

Ако во сонот гледате валкани гаќи тоа е предупредување дека ќе имате штета на имотот. Можеби ќе се скарате со партнерката и таа ќе бара дел кој и припаѓа според закон. Иако вашиот брак поминал низ многу големи искушенија, никогаш не би помислиле дека е подготвена да ви направи такво нешто.

Ќе се обидете да се помирите или да ја вразумите, но таа од инает нема да сака да се откаже од идејата и да ве пушти без соодветна казна. Друго значење е дека сте несигурни во сопствениот избор. Веројатно се работи за нешто што ви е многу значајно и што би можело да влијае врз вашата иднина како на пример избор на училиште, работа или партнер.

Сигурно сте се соочиле со негативни коментари на луѓето од околината кои сакале да ве наговорат да се откажете и да ги послушате. Од таа причина нема да сакате да признаете дека се двоумите, туку намерно ќе го спроведувате планот на дело макар и на сопствена штета.

Ако сонувате бели гаќи

Наивни сте и би требале да бидете повнимателни при избор на лица кои ве советуваат.

Ако сонувате црвени гаќи

Помала среќа и успех во сексуалниот живот. Некои лица претпоставуваат дека сте добар љубовник или љубовница.

Ако сонувате еротска долна облека или гаќи

Ако сте сонувале еротска долна облека или гаќи, потсвесно копнеете за сексуална авантура.

Ако сонувате чипкани гаќи

Ви претстојат љубовни средби на јаве.

Ако сонувате дека некој друг човек изгубил гаќи

Ако сонувате дека набљудувате некого кој изгубил гаќи укажува на тоа дека вашите непријатели ќе се засрамат. Во вашиот случај ќе се покаже точна изреката : кој копа дупка на другиот, сам паѓа во неа.  Не сте личност која започнува конфликти, но ако некој ја помине границата на пристојност, во состојба сте никогаш да не дадете друга шанса. Иако не работите нешто што би можело да му/и наштети, коцките ќе се наредат така што секој ќе го добие она што го заслужил.

Ако сонувате машки гаќи

За жени: некому потајно му се допаѓате, но нема храброст да ви пристапи бидејќи сте зафатени или оставате впечаток дека сте незаинтересирани за таа личност.

За мажи: ќе добиете конкуренција во вид на додворувач на сопругата или на девојката или симпатијата. Можно е да добиете и конкуренција на работа.

Ако сонувате женски гаќи

За жени: ќе добиете конкуренција во вид на жена (девојка) која се додворува на вашиот сопруг или дечко или симпатија.

За мажи: потајно и се допаѓате на некоја личност, но вие тоа не го забележувате.

Ако сонувате дека перете гаќи

Ако сонувате дека перете гаќи рачно или ги ставате во машина за перење алишта, тоа означува дека ќе избегнете некоја непријатна ситуација.

Ако видите женски гаќи на жица

Успех на љубовно поле.

Ако подарите гаќи

Доколку во вашиот сон некому подарите гаќи тоа значи дека се јадосувате бидејќи размислувате за личност за која не би смееле. Веројатно се работи за партнер или партнерка на блиска личност која не би требало да ви се допаѓа на сексуален начин. Правите се за да го исфрлите од своите мисли, но тоа не ви оди од рака.

Фактот дека го избегнувате може да ја зголеми сомнежта, па мора да пронајдете некој друг начин да го решите овој ваш голем проблем.

Ако добиете гаќи на подарок

Кога некој во вашиот сон ќе ви подари гаќи тоа имплицира дека премногу се грижите што мислат другите луѓе за вас. Секогаш се трудите да се покажете во вистинско светло и да направите нешто што на другите ќе им предизвика воодушевување и длабока почит. Затоа дури и најмалите неуспеси имаат моќ да ве дотепаат.

Не поради вас самите, туку поради тоа што ќе каже околината. Време е да почнете да го живеете својот живот.

Ако купувате гаќи

Ако сонувате дека купувате гаќи тоа значи дека ви претстои возбудливо патување. Можеби ќе си ја остварите долгогодишната желба да посетите некое егзотично место, а можеби само ќе заминете на краток излет, кој ќе ви донесе многу радост и среќа. Ако на тоа патување бидете следени од личноста која ја сакате, времето кое ќе го поминете заедно ќе го паметите целиот ваш живот.

Ако продавате гаќи

Сон во кој продавате гаќи е предупредување да внимавате како ги трошите вашите заработени пари. Сте престанале да се грижите за иднината и затоа живеете од денес за утре. Не ги жалите потрошените пари, па честопати сте во ситуација да останете без пари кога ќе ви бидат најпотребни. Можеби сега не сакате да мислите однапред, но тоа воопшто не е причина да ги занемарите предизвиците кои ви претстојат во иднината.

Значењето на овој сон може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте купиле или гледале гаќи и долна облека, тоа сигурно ви има оставено силен впечаток врз потсвеста, па од јаве се пренел на сонот.

Дефиниција за гаќи

Гаќи се дел од гардероберот кој се носи под панталони или здолниште, а со друго име се нарекува интимна или долна облека.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg