Гипс

Term Main definition
Гипс

Означува среќа на работното место, ако носите гипс во сонот значи дека вашето трпение ќе се исплати, ако сонувате гипсена фигура значи дека очекувате задоволства.

Што значи да сонувате гипс?

Ако сонувате гипс

Ако во сонот видите гипс, тоа симболизира среќа во работата. Може да се каже дека низ животот сте се раководеле според добрата интуиција на која најмногу можете да и се заблагодарите за успехот којшто сте го постигнале.

Со оглед на тоа дека имате авантуристички дух, често сте се одлучувале за работи за кои сте мислеле дека ќе ви донесат возбуда и ќе ви го кренат адреналинот.

Ако носите гипс во сонот

Кога сонувате дека носите гипс тоа укажува дека трпението ќе ви се исплати. Можно е дека ќе мора да се жртвувате поради здравјето, работата или поради личноста којашто ја сакате.

Од самиот почеток ќе бидете свесни во што вложуваат, и покрај неизвесниот исход ќе направите се што ќе се побара од вас. На тој начин совеста ќе ви биде мирна и нема да ве мачат прашања за тоа што би се случило кога...

Ако сонувате гипсена фигура

Доколку сонувате гипсена фигура тоа значи дека ве очекуваат задоволства. Веројатно наредниот период ќе го поминете со саканата личност  поминувајќи многу места кои ќе ве воодушеват.

Секој ден ќе правите нешто ново и на тој начин уште подобро ќе го запознаете партнерот/партнерката. После ова ќе се зближите уште повеќе и ќе ви биде многу тешко да се разделите.

Ако сонувате дека сте скршиле гипсена фигура

Доколку сонувате дека сте скршиле гипсена фигура тоа укажува на криза во љубовниот живот. Лицата кои долго време се во врска или во брак, ќе почувствуваат заситување и ќе посакаат да го напуштат партнерот. Сетo тоа дополнително ќе биде засилено поради лошата комуникација и честите расправии.

Меѓутоа, овој период нема да потрае долго време. Обидете се со заеднички сили да го поправите вашиот однос и немојте да кревате раце од личноста којашто ја сакате.

Ако сонувате дека некој друг скршил гипсена фигура

Ако сонувате дека некој друг скршил гипсена фигура тоа имплицира дека имате соперник или соперничка. Во животот на вашиот партнер или партнерка постои одредена личност која многу е заљубена во него или нејзе. Иако е свесен или свесна дека е зафатен, воопшто нема да се двоуми дали да му/и пријде.

На среќа немате причина да се сомневате во личноста којашто ја сакате, но сеедно нема да ви биде пристојно кога ќе дознаете дека некој упорно му се нафрла.

Ако сонувате дека купувате гипсена фигура

Ваквиот сон претставува предупредување да внимавате каде ги трошите своите пари. Сте почнале да купувате ситници кои не служат за ништо, освен да изгледаат убаво. Во моментот имате можности за тоа, но секако дека би било многу подобро кога би заштедиле за нешто што ќе ви донесе поголемо и потрајно задоволство.

Вложувате во знаење, патувања, стекнување нови искуства. Тоа е нешто што ќе ви остане во сеќавањето до крајот на вашиот живот.

Ако сонувате дека продавате гипсена фигура

Кога сонувате дека сте продале гипсена фигура можно е пријателот или пријателката да ве праша да му/и позајмите пари. Ќе се најде во незавидна положба и парите веднаш ќе му/и бидат потребни. Секако дека ќе му/и излезете во пресрет ако имате доволно пари.

Сепак, немојте да ви падне на памет да се задолжувате поради други лица.

Ако сонувате дека некој ви подарил гипсена фигура

Доколку некој во сонот ви подари гипсена фигура тоа значи дека имате таен обожавател. Некому се допаѓате, но нема храброст да ви го признае тоа. Веројатно станува збор за личност со која редовно комуницирате, а можеби се работи за долгогодишен пријател.

Сигурно сте забележале некои знаци, но сте решиле да ги игнорирате, бидејќи сметате дека такво нешто не е возможно. Сепак, можеби е време да го прифатите фактот дека кон вас чувствува нешто повеќе од пријателство. Ако случајно ви се допаѓа, нема причина да не го направите првиот чекор за да му покажете дека чувствата се обострани.

Ако сонувате дека некому сте му подариле гипсена фигура

Сонот во кој некому сте му подариле гипсена фигура симболизира потреба да се осамостоите. Долго време сте биле под туторство на родителите, партнерот или некоја друга авторитативна личност во вашиот живот. Би сакале самостојно да донесувате одлуки, но тоа не ви е дозволено.

Ништо не можете да направите без истото да подлегне на строга контрола, па понекогаш се чувствувате како да сте заробени во кафез. Време е да почнете да мислите на себеси и да се спротивставите на сите кои ви ја ограничуваат слободата.

Толкувањето на сонот може да зависи и од многу фактори – од контекстот во кој се одвива како и од деталите и чувствата коишто го следат. Во текот на овие соништа може да се јави чувство на паника, страв и потешкотија, а поретко олеснување и радост.

Ако сонувате дека носите гипс на рака

Доколку во сонот носите гипс на рака можно е поради објективни причини да морате да се откажете од некои планови. Веројатно некоја краткотрајна болест ќе ве спречи да отпатувате или да посетите некого кого долго време не сте го виделе. Ќе ви биде многу жал поради тоа, но патувањето не може да има смисла ако не уживате во него.

Ако сонувате дека носите гипс на нога

Ако сонувате дека носите гипс на нога тоа значи дека е време за промени. Доколку ве гуши секојдневието во коешто живеете, работно место, градот, можеби би требале да отпатувате и за време на патувањето да одлучите дали и што да правите. Не донесувајте избрзани одлуки во ниеден случај.

Промена на работното место или местото на живеење не е мала работа. Дајте си време детално да испланирате, па дури тогаш тргнете во реализација.

Ако сонувате дека целото тело ви е во гипс

Доколку сонувате дека целото тело ви е во гипс тоа симболизира немоќ да влијаете врз некои нешта. Можеби неодамна ви се случиле ситуации кои не сте биле во можност да ги спречите, па тоа чувство ви се пренело на сон.

Тешко можете да се помирите со фактот дека немате контрола над нешто, но овојпат ќе морате тоа да го прифатите. Потрудете се што е до вас да го сработите како што треба, а за останатото немојте да се грижите бидејќи нема поента.

Ако сонувате дека сте го извадиле гипсот

Ваквите соништа обично симболизираат олеснување. Сигурно во стварниот живот сте се ослободиле од некои големи грижи кои долго време ве измачувале, па сега се чувствувате многу полесно и безгрижно. Ве чекаат уште многу предизвици и пречки, но вие ќе имате доволно енергија, храброст и волја да се соочите со нив.

Ако неодамна сте се запишале на факултет или промениле работно место постои можност да запознаете интересни луѓе од кои ќе можете да научите многу корисни нешта.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте носеле гипс, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз вас.

Дефиниција за гипс

Гипс е минерал кој е втор по мекоста, а по хемискиот состав е калциум сулфат дихидрат.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg