Гас

Term Main definition
Гас

Гас со непријатна миризба во сон значи дека вашиот страв за здравствената состојба е оправдан.

Што значи да сонувате гас?

Ако сонувате гас којшто мириса лошо

Кога сонувате гас со непријатна миризба, тоа имплицира дека оправдано сте загрижени за сопственото здравје. Веројатно вашиот начин на живот, кој подразбира многу стресни ситуации, брза храна и недостаток на физичка активност си го земало својот данок, што ќе ве натера добро да размислите какви приоритети имате во животот.

Ќе се потсетите на фактот дека не сте сами туку дека во вашиот живот има многу други луѓе кои ве сакаат и на кои сте им потребни. Лошите навики не сте ги стекнале преку ноќ, па нема да можете толку лесно да ги елиминирате за кратко време туку ќе мора секојдневно да се потсетувате на корисните нешта кои ќе ви помогнат да оздравите.

Ако вдишете гас во сонот

Ако сонувате дека сте вдишале гас тоа веројатно укажува дека ќе си го промените мислењето. Постои голема веројатност во минатото да сте биле цврст поборник на одреден став кој повеќе не ви делува исправно. Ќе се обидете да ги согледате сите можни аспекти, но како и да се свртите, ќе сфаќате дека тој период сте го надминале.

Нема да ви биде лесно да ги слушате коментарите од типот: „Ти реков“, но ќе бидете свесни дека е човечки да се погреши и дека тоа е доказ дека работите на себе, нови сознанија, како и способноста да си ја признаете грешката којашто сте ја направиле и да го усвоите она што е најисправно.

Ако сонувате дека сте се отруле од гас

Ако сонувате дека сте се отруле од гас тоа значи дека се сомневате во некого. Во блиско опкружување имате личност, за која, без причина, верувате дека не е сосема искрена кон вас. Голема веројатност има партнерот или партнерката во последно време да се однесува чудно, па сте помислиле дека ве изневерува иако немате докази за такво нешто.

Од друга страна, можеби сте забележале дека колегата на работа се обидува да ве саботира. Сепак, немојте да донесувате никакви избрзани заклучоци и значајни одлуки пред да се уверите во нивната точност.

Ако сонувате дека некој друг човек се отрул од гас

Доколку во сонот некој друг човек се отрул од гас тоа имплицира дека пријателот ќе ве замоли за помош или за совет. Ќе се потрудите да му/и помогнете и да му/и се најдете при рака, со оглед на тоа дека досега многупати ве задолжил/задолжила. Веројатно ќе му бидете потребни да преброди некој тежок период од животот и да излезе од емоционална криза во којашто се нашол/нашла.

Ако сонувате течење на гас

Кога во сонот ќе видите или ќе почувствувате истекување на гас тоа значи дека би требале да бидете повнимателни за време на потпишување на каков било договор, како на деловен така и на приватен план. Никако не смеете да дозволите туѓо невнимание или неодговорно однесување да влијае врз вашето работно место или врз домашниот буџет.

Бидете особено внимателни кога потпишувате договор во врска со телекомуникациски или комунални услуги.

Ако сонувате експлозија на гас

Сон во кој гледате експлозија на гас укажува на тоа дека би требале да внимавате на своето однесување. По природа сте личност која не поднесува неправда и глупости, па поради тоа честопати влегувате во судир со другите луѓе. Обожавате кога нештата се совршено јасни и кога договорите и ветувањата се исполнуваат до крај.

За жал, се уште не сте сфатиле дека не се сите луѓе на овој свет исти и дека е среќна околност таквата состојба.

Ако сонувате дека сте заборавиле да го свртите гасот

Ако сонувате дека сте заборавиле да го свртите гасот во кујната, тоа значи дека мислите ви се расеани. Веројатно во вашиот живот толку многу нешта се случуваат, па немате време да се освестите за нови грижи, проблеми и предизвици.

Ако сонувате гас маска

Ваквиот сон е предупредување да внимавате што зборувате. Веројатно во друштвото ќе озборувате некого кој не е присутен, но кој има доушник во просторијата. Нема воопшто да се сетите дека сте западнале во замка, кога тој/таа ќе ве нападне дека ширите дезинформации.

Ова ќе ви биде значајна лекција да не верувате во озборувања и никако да не ги ширите наоколку. Научете се да си го чувате јазикот зад заби.

Ако сонувате дека носите гас маска

Ако сонувате дека носите гас маска значи дека ќе се налутите на партнерот или партнерката бидејќи донел/а одлука без претходно да се консултира со вас.  Ќе му/и замерите дека парите кои се повеќе од потребни во овој период ги троши на потполно непотребни работи за кои сметате дека воопшто не се приоритет.

Ќе се обидете да укажете на оваа грешка, но разговорот ќе тргне во сосема поинаква насока, па ништо конструктивно нема да успеете да постигнете. Помирете се со фактот дека сте потполно различни луѓе, па размислете си дали можете да го/ја прифатите каков/каква што е или не.

Ако сонувате дека сите освен вас носат гас маска

Кога во сонот ќе видите дека сите освен вас носат гас маска тоа е знак дека сте прилично храбра личност. Отсекогаш сте биле подготвени за акција, без разлика на тоа колкав ризик би носела со себе. Не се плашите од работа, емотивно врзување, па дури ниту од финансиска криза бидејќи имате доволно самодоверба и верба во себеси.

Уверени сте дека секој човек сам си ја креира судбината, па се однесувате во склад на тоа. Ако досега сте повлекувале погрешни потези и сте биле повредени, тоа сте го сфаќале само како лекција, а не како сопствен пораз.

Ако сонувате гасна комора

Сон во кој гледате гасна комора симболизира потреба некому да откриете чувства кон некого, без разлика дали се позитивни или се негативни. Веројатно долго време молчите поради тоа бидејќи се плашите од осуда. Ако случајно ви се допаѓа личност која не е слободна, многу постара или помлада од вас или се во комплет, веројатно ви е страв што би рекле семејството, пријателите или околината по тоа прашање. Од друга страна, овие чувства можат да бидат и негативни.

Можеби ве опседнува помислата дека избегнувате дружење со познаник или познаничка кого/која едноставно не го/ја поднесувате,  но не знаете како да го прекинете тоа.

Ако сонувате дека сте заробени во гасна комора

Доколку сонувате дека некој ве заробил во гасна комора тоа значи дека можеби не сте среќни во врската или во бракот. Постои некој проблем помеѓу вас и партнерот кој ви претставува голема пречка. Можно е мислењата да ви се сосема различни, а не знаете како да го решите тоа.

Во секој случај морате кога-тогаш да се соочите со тоа и да поработите на проблемот. Во спротивно годините коишто сте ги вложиле во односот, едноставно, ќе заминат низ вода.

Ако сонувате дека други луѓе се затворени во гасна комора

Колку и да е тежок и мачен овој сон нема негативно значење. Кога во сонот ќе видите запрепастени и исплашени луѓе кои молат да ги пуштите од гасна комора, тоа значи дека ќе слушнете многу убави вести. Можеби ќе бидете повикани на венчавка, крштевка или некоја друга прослава кај луѓе кои ги сакате и почитувате. Ќе бидете среќни што можете со своето присуство да им ја разубавите вечерта.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте вдишале гас, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз потсвеста.

Дефиниција за гас

Гас е материја во гасовита агрегатна состојба.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg