Наркотици (дрога)

Term Main definition
Наркотици (дрога)

Земање наркотици: болест, несреќа; гледање други како земаат: некој ја очекува твојата помош, проблеми во друштвото; гледање наркотици: пријателите ве озборуваат; гледање наркоман или неколку наркомани: премногу им верувате на луѓето.

Што значи да сонувате наркотици?

Наркотиците во сон имаат различни значења, а главно ве предупредуваат да внимавате на злонамерните луѓе или да ги сфатите сигналите што ви ги испраќа личност на која ѝ е потреба ваша помош.

Ако сонувате дека земате наркотици (дрога)

Ако во сон земате наркотици, тоа означува несреќа. Можно е да не сте ги сфатиле  предупредувањата и добронамерните совети на блиски луѓе чија цел била да ве заштитат од опасностите што демнат на секој агол.

Претпочитате да учите од сопствените грешки, поради што ќе платите превисока цена.

Ако сонувате дека гледате како други земаат наркотици

Доколку во сон гледате како други земаат наркотици, тоа подразбира дека некој ја очекува вашата помош. Веројатно имате лице во вашето опкружување кое треба да се насочи кон вистинскиот пат затоа што тој/таа има тенденција да забегува.

Иако ќе биде груб/а кон вас, ќе сфатите дека тоа е само привид со кој би сакал/а да покаже дека е силен/а и дека никој не му/ѝ е потребен.

Ако во сон гледате наркотици

Кога во сон гледате наркотици, тоа укажува дека вашите пријатели ќе ве озборуваат. Може да се случи луѓето во кои имавте доверба да не ја сфатат ситуацијата во која се наоѓате, туку сами ќе донесат заклучоци кои немаат никаква врска со вистината.

Ќе им биде многу полесно да ве осудуваат и да ве озборуваат без да се обидат да ви помогнат да ги решите проблемите.

Ако гледате еден или повеќе наркомани во сон

Ако во сон гледате еден или повеќе наркомани, тоа значи дека премногу им верувате на луѓето. Можно е да наседнете на нечија приказна и да сакате да му/ѝ помогнете, но доцна ќе сфатите дека таа личност нема намера да се менува.

Кога ќе го добие она што го сака од вас, ќе исчезне без трага и глас.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе или сте земале наркотици, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за наркотици (дрога)

Наркотиците се природни или хемиски супстанции кои доведуваат до промени во однесувањето и предизвикуваат зависност.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg