Чекална

Term Main definition
Чекална

Ако сонувате дека сте во чекална тоа значи дека околината ја злоупотребува вашата добрина.

Што значи да сонувате чекална?

Ако видите чекална на сон

Ако на сон видите чекална, тоа имплицира дека некој ја искористува вашата добрина. Секогаш се трудите да имате разбирање за луѓето, што во некои случаи, создава контра ефект. Наместо да бидат благодарни поради тоа и да ве испочитуваат, тие ќе го одложуваат враќањето на парите или некоја друга услуга која ви ја ветиле.

Ако сонувате дека сте во чекална

Кога сонувате дека сте во чекална, тоа симболизира унапредување. Имате намера да им се наметнете на шефовите како идеален кандидат за работното место. Во глобала сте оптимист и не губите надеж без оглед на тоа колку се чини тешка ситуацијата. Вашиот борбен дух ќе дојдат до израз кога дознаете дека е слободно местото за работната позиција.

Ако излегувате од чекална

Кога сонувате дека излегувате од чекална укажува дека ќе прекинете љубовна врска која ви штети. Имате чувство дека најголем дел од врската сте го поминале во чекање на партнерот да се промени и да ви обрне внимание. Кога ќе го вратите филмот наназад, ќе сфатите дека било залудно и нема да гледате поента да останете заедно со некого кој не ве почитува.

Ако видите полна чекална

Доколку на сон видите полна чекална знали дека ви треба многу трпение да решите проблем во кој сте се нашле. Иако би сакале тоа да се заврши, молитвите нема да ви бидат сослушани. Ако ништо друго, од ова ќе научите лекција како да го тренирате трпението, па би било добро ситуацијата во која се наоѓате да ја доживеете како поучна лекција.

Ако видите празна чекална

Празна чекална симболизира олеснување. Веројатно сте минале низ бурен период, преполн со грижи и стрес. Тешките моменти се зад вас па ќе можете во блиска иднина малку да се опуштите. Ќе најдете време да се одморите и да поминете убави моменти со оние кои ги сакате.

Ако градите чекална

Сон во кој правите т.е. градите чекална укажува на проблем со контрола на емоциите. Сте станале премногу чувствителни и бурно, па и преагресивно реагирате на добронамерни совети. сè што ќе ви кажат луѓето го сфаќате како критика, без оглед на тоа што не е така. Немате трпение ниту да слушате што ви говорат најблиските членови на семејството, а тешко се согласувате на дружење со пријателите. Размислувате од каде потекнува таквото расположение и што го предизвикало. Кога ќе ги одговорите овие прашања, почнете да се менувате, бидеќи во спротивно би можеле да ги оттргнете сите луѓе кои ве сакаат и почитуваат.

Ако во ваш сон некој друг гради чекална тоа значи дека е време на членовите на семејството или на партнерот да му откриете тајна. Веќе некое време ве мачи тоа што криете нешто од нив, но се плашите од нивните реакции. Се плашите дека би можеле да го променат мислењето за вас, но ако не им кажете не можете да знаете какви ќе им бидат последиците. Можеби ќе добиете поддршка каква што не сте очекувале.

Ако уништите чекална

Кога сонувате дека уништувате чекална тоа значи дека сте осамени. Можеби веќе долго време немате партнер или искрен пријател со кој би можеле да поделите мисли, стравови, идеи, итн. Се плашите дека ќе останете сами до крајот на животот, но стравот ви е неоправдан. Вие сте личност која има многу квалитети, на која ѝ се восхитуваат многу луѓе, и само е прашање на време кога ќе ја запознаете вашата сродна душа.

Ако сте во врска или брак, можеби ве загрижува лошата комуникација со партнерот. Можеби плановите за иднина ви се разликуваат или премногу работите, па немате време да одвоите за вас. Ако се грижите за партнерот, немојте да го оддалечувате од вас, туку потрудете се да одвоите барем еден час да разговарате со него за сè што ве мачи. Тоа ќе ви помогне да се зближите.

Ако сонувате дека некој друг уништува чекална тоа значи дека во тешки моменти ќе ви помогне личност на која најмалку се надевате. Станува збор за некого за кого не сте имале ниту добро ниту лошо мислење бидејќи не сте го познавале. После овој негов/нејзин гест ќе сфатите за каков човек се работи. Ќе му/ ѝ бидете благодарни до крајот на животот.

Ако запалите чекална

Доколку сонувате како палите чекална потсвеста ве предупредува да престанете да слушате совети на луѓе кои сакаат само да ве искористат за сопствени цели. Во вашето опкружување имате луѓе кои ги сметате за пријатели, а кои се дружат со вас само поради интерес. Што побрзо ги препознаете и се дистанцирате од такви луѓе, толу подобар и поквалитетен ќе ви биде животот.

Ако во ваш сон некој друг запалил чекална можеби ќе бидете невино обвинети за нешто што не сте виновни. Можеби пријателот или пријателката ќе слушнат дека ширите невистини за него/неа , па ќе одлучат да се пресметаат со вас. На сите можни начини ќе се обидете да докажете дека немате врска со тоа, но нема да ве слушнат. Запрашајте се кој ќе има корист од тоа ако се скарате и престанете да комуницирате со пријателот/пријателката. Оттаму потекнуваат проблемите со кои се соочувате.

Подеталното толкување на сонот можете да го погледнете подолу во текстот.

Чекална во болница

Кога на сон гледате чекална во болница, дом за здравје, ординација или некоја друга здравствена установа тоа имплицира дека сте загрижени за сопственото здравје или за здравјето на некоја блиска личност. Можеби имате некои загрижувачки симптоми кои долго време сте ги игнорирале бидејќи се плашите да закажете лекарски преглед или сте се обидувале своите најблиски да ги наговорите да одат на лекар. Во секој случај, мора да го направите тој чекор, бидејќи грижите и стресот можат само да ви ја влошат психофизичката состојба.

Чекална во институција или фирма

Ако сонувате чекална во некоја државна институција, факултет или приватна или јавна фирма тоа имплицира дека ќе добиете добра понуда за работа во блиска иднина. Веројатно сте аплицирале за некоја подобра позиција, но не сте се надевале дека ќе ве повикаат на интервју.  Овојпат имате реални шанси добро да поминете н тестирањата и интервјуата. Не дозволувајјте да ве парализира тремата. Обидете се да гледате на тоа како на игра. Или ќе поминете или не!

Чекална на аеродром

Ако видите чекална на аеродром тоа знали дека мечтаете за патување на некое далечно место. Веројатно во моментот не сте во можност да си го остварите сонот, но не смеете да се откажувате. Обидете се да штедите за си ја исполните желбата еден ден.

Значењето може да биде поедноставно. Доколку пред скоро време сте биле во чекална, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за чекална

Чекална е просторија во која луѓето се сместуваат и чекаат автобус, да ги повика лекар итн.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg