Чевли - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Чевли

Term Main definition
Чевли

Ако ви се неудобни чевлите на сон тоа предупредува на расправија во бракот.

Што значи да сонувате чевли?

Ако сонувате нови чевли

Ако на сон видите нови чевли тоа предупредува на болест. Можеби некој од вашите членови на семејството постојано ќе биде изложен на стрес што ќе резултира со полесен здравствен проблем. Тоа ќе биде важна лекција за семејството и показател дека мора да успорите и да водите сметка за себе. Промените го  начинот на живот и тоа ќе доведе до побрзо оздравување.

Ако сонувате стари чевли

Кога сонувате стари чевли тоа е предупредување дека некој ќе ве измами. Веројатно долго време собирате пари за нешто што ќе ви биде од голема корист. Ако се работи за купување на автомобил или некоја недвижнина, продавачот нема во потполност да биде искрен, па ќе може да се случи да ја наследите неговата хипотека или некои долгови во кои западнал.

Ако сонувате тесни чевли

Кога сонувате тесни чевли тоа укажува дека ќе ве снајде неприлика. Ќе имате расправија во семејството во која ќе паднат тешки зборови и вашиот однос нема да биде како порано. Ќе ви биде непријатно и понатаму да останете под ист кров, па ќе се трудите што побргу да се осамостоите за да можете побргу и да си заминете.

Ако сонувате искинати и изветвени чевли

Доколку на сон видите изветвени чевли, тоа имплицира дека вашата љубов не е возвратена. На почетокот сте верувале дека поради вашата добри и внимание саканата личност ќе сфати колку и значите. Меѓутоа, вашиот однос ќе станува се полош и полош и секој обид да го освоите ќе завршува неуспешно. Ќе мора сериозно да размислите дали има смисла да вложувате во врска каде љубовта не е обострана.

Ако ве стегаат чевли на сон

Кога сонувате дека ве стегаат чевлите тоа означува расправија во врска или во брак. Причината поради тоа може да биде љубомора која партнерот ја чувствува кон секоја личност од спротивниот пол што ќе ви се приближи. Ќе имате бројни расправии на таа тема и покрај вашите уверувања дека нема причина за такво однесување.

Ако облекувате или соблекувате чевли

Ако на сон облекувате или соблекувате чевли тоа симболизира пријатни доживувања. Ќе се трудите да уживате во малите нешта кои отсекогаш ви го разубавувале денот. Тоа може да бидат разговори со драги луѓе, прошетки во природа, занимавање со хоби, и слично. Се водите според изреката дека животот го сочинуваат малите нешта и не им придавате значење на проблемите.

Валкани чевли

Кога на сон ќе видите валкани чевли тоа укажува на неволја во која ќе се најдете поради непромислени одлуки. Бидете внимателни при избор на пријатели и соработници кои ќе се обидат да ве измамат или да ја злоупотребат вашата доверба. Од друга страна, овој сон може да укажува и на тоа дека сте направиле премногу погрешни избори во животот.

Ако купувате чевли

Доколку на сон купувате чевли тоа значи дека ќе го промените негативното мислење за некого или нешто. Можно е да сфатите дека сте премногу самокритични и ќе се одлучите да почнете да размислувате на позитивен начин. Ако планирате селидба во друг град или држава, вистинско време е да го направите тој чекор.

Ако продавате чевли

Ако сонувате дека продавате чевли тоа имплицира дека сте подготвени да вложите многу време и труд да ги постигнете своите цели. Веројатно сте се одлучиле да работите нешто што не го сакате за да заработите доволно пари да уживате во она што го сакате. Подготвени сте д се жртвувате поради повисоки цели. Бидете внимателни бидејќи така можете да пропуштите многу убави и значајни моменти во приватниот живот.

Ако украдете чевли

Кога сонувате дека некому сте му украле чевли тоа укажува на трошок. Можеби ќе ви се расипе автомобилот или некој апарат од домаќинството. Со оглед на тоа дека не сте го планирале овој трошок во својот месечен буџет, поправката ќе мора да почека до следниот месец. Ако, пак, сонувате дека некој ви украл чевли тоа значи дека поради невнимание ќе пропуштите прилика за успех на деловен или на емотивен план. Ова може да ви се случи иако по природа сте внимателна личност. Така ќе научите важна лекција, а тоа е да не чекате некој да ви пружи шанса, туку сами да си ја создадете.

Ако изгубите чевли

Доколку сонувате дека сте изгубиле еден чевел и не можете да го пронајдете тоа значи дека ви е тешко да сфатите што всушност сакате од животот. Се наоѓате на крстосница, свесни сте дека не можете да продолжите така и дека е време да донесете некои поголеми одлуки. Од една страна сакате промена и напредок, а од друга се плашите дека нема да успеете да го реализирате тоа. Ако, пак, сонувате дека сте ги изгубиле и двете чевли, потсвеста ве предупредува дека сте заборавиле нешто важно да направите.

Можеби не сте се сетиле на важен датум, па сте пропуштиле да честитате роденден на близок пријател или на член на семејството.

Ако заборавите да облечете чевли

Кога сонувате дека сте заборавиле да облечете чевли тоа симболизира недостаток на самодоверба. Веројатно со намера некому да му се допаднете сте се обиделе да се преставите како нешто што не сте. Сте си ги промениле ставовите и навиките, па сте дошле до заклучок дека сте го изгубиле идентитетот. Што порано го прифатите тоа и почнете да работите на себе поради себе, а не поради другите, ќе си ја вратите самодовербата.

Толкувањето зависи и од бојата на чевлите која ја сонувате.

Така, на пример, луѓето најчесто сонуваат сјајни црни чевли, бидејќи нив најчесто ги носат на јаве. Црни чевли на сон симболизираат сигурност, смиреност и стабилност во професионалниот живот.

Бели чевли укажуваат на нов почеток, без оглед на тоа дали се работи за емотивниот или деловниот аспект од животот. Веројатно ќе донесете важна одлука поради која нема да се покаете.

Доколку на сон видите дека носите црвени чевли тоа може да има повеќе значења во зависност од вашиот пол. Ако маж сонува црвени чевли тоа значи дека некој ќе го праша за совет бидејќи ја цени неговата стручност и знаење кое го поседува. Ако, пак, жена сонува црвени чевли тоа е предупредување дека на погрешен начин сака да го придобие вниманието на спротивниот пол.

Кога сонувате кафени чевли тоа значи дека животот го сфаќате премногу сериозно. Фокусирани сте на работниот успех, правилното донесување одлуки и желба да работите правилно. Ќе мора да се помирите со тоа дека не сте совршени и дека треба да почнете да уживате во животот.

Сребрени чевли укажуваат на креативност и фантазија, а златни на успех на работа или на факултет.

Значењето може да биде поедноставно. Доколку пред скоро време сте купиле чевли, тоа сигурно ви оставило впечаток. Друга можност е дека ве притискаат чевлите или скинати ви се, па таа непријатна ситуација се одразила на вашата потсвест.

Дефиниција за чевли

Чевли се обувки кои ги штитат човечките стапала.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg