Чаршаф

Term Main definition
Чаршаф

Ако сонувате чаршаф тоа предупредува на помала болест во куќата која брзо ќе помине.

Што значи да сонувате чаршаф?

Ако видите чаршаф на сон

Ако на сон видите чаршаф то предупредува на краткотрајна болест. Можеби во наредниот период вие или некој член на вашето семејство ќе биде врзан за кревет. Причината не мора да биде некој сериозен здравствен проблем, туку настинка која ќе бара да водите сметка за вашиот имунитет и да го поправите начинот на исхраната.

Ако сонувате дека перете или пеглате чаршаф

Кога сонувате дека перете или пеглате чаршаф, тоа имплицира дека од почетник ќе станете мајстор во својата струка. Нема да се колебате да прифатите каква било работа што ќе ви се укаже. Не сметате дека е срамота да се почне од нула и со сопствен труд и работа да се изборите за подобро работно место.

За вас е понижување да бидете товар на другите или да се занимавате со нешто што би ви го извалкало образот. Доколку имате семејна фирма ќе инсистирате да работите го работите истото што го работат и другите колеги за да стекнете знаење и искуство кое би ви овозможило во иднина успешно да ја водите фирмата.

Ако некој друг пегла или пере чаршаф

Доколку сонувате дека некој друг пегла или пере чаршаф посвеста ве предупредува дека е време да ги исправите грешките што  сте ги направиле. Можно е да се криете од работодавецот бијдеќи сте погрешиле и се плашите дека би можеле да останете без работа. Од друга страна, можеби сте погрешиле нешто на саканата личност и со тоа сте ја повредиле. Во секој случај, време е да преземете одговорност за своите постапки како секој возрасна личност.

Ако кинете чаршаф на сон

Ако сонувате како цепате чаршаф на сон тоа означува дека ќе дознаете за неверството на партнерот. И покрај сите негови напори да ја сокрие, вистината ќе излезе на виделина. Тоа ќе ја намали вашата верба во луѓето и ќе направи да се чувтствувате осамено како да немате никого на овој свет. Ќе ви треба додека ви зараснат раните и да сфатите дека она што се случило не било по ваша вина.

Ако некој друг кине чаршаф на сон

Ако сонувате дека други кинат чаршаф во вашиот сон тоа имплицира дека би требале да престанете да се убедувате со луѓе кои не го делат вашето мислење, ставови и уверувања. Премногу се трудите да го наметнете својот поглед на животот. Она што вие го сметате за исправно не мора да значи дека и другите го сметаат за исправно.

Ако сонувате како пеглате чаршафи

Кога на сон пеглате чаршафи тоа значи дека во посета ќе ви дојде драга личност која не сте ја виделе долго време. Веројатно станува збор за роднина или пријател кој не живее во вашиот град. Заедно ќе евоцирате убави спомени и ќе си ветите дека отсега натаму почесто ќе се гледате. Можно е и вие да се одлучите да ја посетите во прва прилика.

Ако сонувате дека други пеглаат чаршафи

Ако во ваш сон некој друг пегла чаршафи тоа имплицира дека ви недостасува дисциплина. Имате волја, енергија и време да го постигнете сè она што го сакате во животот. Но, потребен ви е некој кој ќе може да ве организира. Понекогаш не сте сигурни на што сте си по потрошиле денот, а притоа не сте направиле ништо конструктивно. Послушајте ги советите на стручните лица на таа тема, можеби ќе ви помогнат подобро да го организирате времето со кое располагате, а со тоа да го постигнете она што сте го испланирале.

Ако сонувате дека менувате чаршафи

Доколку на сон менувате чаршафи тоа значи дека ве очекуваат големи промени во животот. Ќе ги искористите шансите кои ви се укажуваат, па поради тоа ќе го промените работното место, факултет или местото на живеење. Со текот на времето тоа ќе се испостави како одлична одлука.

Ако сонувате дека други менуваат чаршафи

Сон во гледате како другите ги менуваат чаршафите претставува предупредување да обрнете внимание кому се доверувате и кого пуштате во вашиот живот и дом. Сте станале блиски со голем број на луѓе, радо се дружите со нив и се чувствувате опуштено и убаво во нивно друштво. Тоа е во ред, но не морате баш на сите да им зборувате за вашиот приватен живот. Меѓу вашите нови пријатели има и такви кои немаат чисти намери.

Ако сонувате дека сте покриени со чаршаф

Кога сонувате дека сте покриени со чаршаф значи дека сте уморни и анксиозни. Можно е премногу да работите па поради тоа да сте под стрес. Потрудете се проблемите од работата да не ги носите дома и времето кое го поминувате со семејството и пријателите искористете го да ги „наполните батериите“.  Не дозволувајте стресот да „си го направи своето“ туку ставете го здравјето на прво место.

Ако сонувате чисти чаршафи

Доколку на сон видите чисти чаршафи тоа укажува на добар однос со партнерот. Бидете сигурни дека многу луѓе мечтаат да имаат таква прекрасна личност покрај себе како вашата. Не дозволувајте ситниците да ве разделат, туку правете компромиси. Уживајте во она што го имате!

Ако веќе долго време сте сами чистите чаршафи симболизираат осаменост. Веројатно ви недостасуваат љубов и внимание. Намалете ги очекувањата, па можеби ќе ја пронајдете и сродната душа.

Ако сонувате валкани чаршафи

Сон во кој сонувате валкани чаршафи укажува на несогласувања или незадоволство како на приватен така и на деловен план. Веројатно сте во компликувана врска која често ви создава повеќе главоболки отколку радост и уживање. Колку и да ја сакате личноста запрашајте се дали навистина сте „родени еден за друг“.

Немојте да мислите што ќе ви каже околината, туку слушајте си го срцето. Валканите чаршафи на сон укажуваат на проблем на работа. Можеби сте направиле грешка која сакате да ја сокриете.

Ако сонувате бели чаршафи

Ако на сон видите снежно бели чаршави тоа симболизира среќа. Може да се однесува на успех на приватен или деловен план. Ве очекуваат нови возбудливи прилики кои не би требале да ги пропуштите поради став од неуспех.  Ќе успеете ако верувате во тоа.

Црн чаршаф

Ако на сон видите црни чаршафи тоа може да има повеќе значења. Можеби ќе имате помали здравствени проблеми или ќе бидете загрижени за здравјето на саканата личност. Овој сон може да значи и дека треба да почнете да водите сметка за вашето однесување кон луѓето кои ве сакаат и почитуваат.

Шарени чаршафи

Шарени чаршафи на сон симболизираат нова авантура. Во вашиот живот ќе влезе нова личност која ќе ве привлече со својата убавина, спонтаност и харизма. Без оглед на тоа дека нема ништо да знаете за него/неа ќе посакате да бидете во врска. Не е исклучена кратка авантура или страстен секс за една ноќ, но не очекувајте ништо повеќе од тоа. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте переле или пеглале чаршафи дома или на работа, тоа сигурно оставило впечаток врз вас.

Дефиниција за чаршаф

Чаршаф е постелнина која се состои од ткаенини во правоаголен облик и служи за покривање на душеци и кревети.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg