Чешма - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Чешма

Term Main definition
Чешма

Ако одите на чешма на сон тоа значи дека имате среќен брак или врска, ако пиете од чешма – очекувајте признание, добивка.

Што значи да сонувате чешма?

Ако видите чешма на сон

Ако на сон видите чешма тоа значи дека сте среќни во бракот. Имате хармоничен однос со партнерот и никому не му дозволувате да ви се меша во вашата интима. Пред да донесете важна одлука секогаш се консултирате со него/неа бидеќи знаете дека секогаш ќе ви каже што е најдобро за вас.

Ако сонувате дека пиете  вода од чешма

Кога сонувате дека пиете од чешма, тоа симболизира добивка. Долго време сте се одрекнувале од нешта во кои уживате за да учите и стекнувате искуство кое би ви овозможило работно место. Во наредниот период вашиот труд ќе биде забележан и ќе добиете унапредување кое ќе ви овозможи нови можности и познанства со влијателни луѓе од вашата бранша.

Ако затворите чешма

Ако сонувате дека сте затвориле чешма тоа имплицира дека никому нема да му дозволите да ве користи. Веројатно во семејството имате членови кои полагаат права на ваши нешта и финансии па често без прашања сакаат да ги присвојат. На почетокот не сте имале срце да ги одбиете, но кога сте виделе дека ситуацијата излегува од контрола, сте морале да реагирате за да се зашштитите самите себеси.

Ако расипете чешма

Ако на сон сте расипале чешма тоа укажува на недоразбирање со колегите на работа или домашните. Вашата погрешна проценка би можела да направи проблеми на голем број на луѓе. На почетокот нема да сакате да ја прифатите вината, но набргу ќе сфатите дека сте погрешиле, па ќе барате начини да го поправите тоа. Не двоумете се да побарате совет од некому кому му верувате.

Доколку сонувате дека некој друг расипал чешма тоа значи дека треба да престанете да се фалите со сопствените успеси. Убаво е да бидете горди на себе бидеќи ги имате сите причини за тоа, но зошто имате потреба да зборувате за тоа, дури и на луѓе кои не ве познаваат. Секој има свои комплекси, а вашиот е толку очигледен што може да се забележи на прв поглед.

Ако поправате чешма

Кога  на сон поправате чешма значи дека ќе се соочите со своите проблеми и ќе почнете да ги решавате. Ќе настојувате да ја вратите контролата над својот живот и конечно да го надминете стравот од неуспеси предизвикан од неуспесите во минатото. Ја имате поддршката од семејството и пријателите, што ќе ви помогне да излезете од кризата во која сте навлезени.

Ако поставувате чешма

Сон во кој вие поставувате чешма симболизира голема доза за самодоверба која ја поседувате. Се наоѓате во фаза кога се ви оди од рака и на деловен и на приватен план. Зрачите со позитивна енергија и сметате дека сте потполно подготвени за се она што ве чека воо животот. Колку и да е ви е добра самодовербата, немојте да го злоупотребувате тоа, за да не ви премине во безпричинска ароганција.

Ако купувате чешма

Доколку сонувате дека купувате чешма тоа може да има повеќе значења. За помлади лица тоа може да значи дека ќе одлучат да се венчаат и ќе почнат да живеат со емотивниот партнер. Ако личноста е во брак, а сонува дека купува чешма, тоа значи дека и е потребна промена.

Ако продавате чешма

Сон во кој продавате чешма укажува на тоа дека ќе се откажете од својот план или идеја затоа што другите сугерираат дека не е доволно добра за да успее. После долга анализа ќе одлучите да не одите со „глава во ѕид“ туку да побарате алтернативни начини на заработка. Тоа е сосема правилна одлука.

Ако подарите чешма

Кога сонувате дека подарувате чешма тоа значи дека сте премногу љубоморни. Се грижите за партнерот и се трудите да ви успее бракот или врската на секој можен начин.  Меѓутоа, честопати, претерувате, па на партнерот му се присторува дека имате желба да го контролирате. Внимавајте на своето однесување бидејќи вашата посесивност би можела да ја избрка оваа личност од вас.

Ако добиете чешма на подарок

Ако некој ви подари чешма тоа имплицира дека би требале да внимавате што зборувате. Вашата љубопитност и долг јазик би можел да ве чини многу пријателства и познанства. Потрудете се да не разговарате за другите туку да се посветите на својот живот.

Ако сонувате дека капе вода од чешма

Кога сонувате дека од чешмата константно капе вода потсвеста ве предупредува дека е време да се позанимавате со сопствените здравствени проблеми. Веќе некое време забележувате загрижувачки симптоми, но дијагноза и лекови барате на интернет. Така уште повеќе се залажувате, наместо да побарате стручна помош. Што побргу закажете преглед кај лекар, толку побргу ќе дознаете за што се работи. Можеби вашиот прооблем не е толку сериозен како што ви изгледа. 

Ако сонувате чешма од која тече вода

Сон во кој гледате чешма од која непрестано тече вода имплицира дека треба да си признаете како се чувствувате. Можеби ви се допаѓа личност која е недостапна, а не сакате да прифатите дека е така. Чувствата можат да бидат и негативни. Можеби упорно трпите некого кој не ви одговара. Во секој случај, ќе мора да се позанимавате со овој проблем, за да не ве мачат исцрпувачки соништа.

Чешма во купатило

Ако на сон видите купатилска чешма тоа укажува на промена на животните навики. Веројатно ќе се одлучите да се дистанцирате од оние кои се жалат и тажат за се што постои. Ќе сфатите дека таквите луѓе не ви се потребни и ќе се потрудите да се опкружите со луѓе кои умеат во лошо да пронајдат добро.

Чешма во кујна

Доколку сонувате кујнска чешма тоа значи дека треба сериозно да пристапите кон решавање на некој проблем. Веќе подолго време ги игнорирате проблемите со надеж дека ќе се решат самите од себе, а притоа сте свесни дека ви лебди „црн облак“ над глава. Можеби ќе оди полесно отколку што сте мислеле, па тоа ќе ви даде енергија и мотивација подготвено да се соочите со секој нов предизвик.

Чешма во двор

Кога сонувате чешма во двор тоа имплицира изразена способност за самоконтрола. Многу сте дисциплинирана личност која во секој момент може да го предвиди проблемот но и да најде начин да ја совлада пречката. Тоа е позитивна особина кога се работи за работата, но не и кога се работи за емоциите. Предолго време се создржувате да ги покажете чувствата, па на луѓето на кои ќе им се допаднете им се чините како рамнодушни или премногу ладни.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте пиеле од чешма, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за чешма

Чешма е ограден или вдлабнат простор во кој воглавно дотекува питка вода, а притоа тече низ цевка.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg