Часовничар

Term Main definition
Часовничар

На сон ќе прифатите некоја многу деликатна задача.

Што значи да сонувате часовничар?

Ако видите часовничар

Ако на сон видите часовничар (саатџија, урар), тоа укажува дека ќе прифатите некоја многу деликатна работа. Тоа за вас ќе претставува предизвик кој ќе внесе многу промени и новости во вашето секојдневие, кое во последно време се одликува со монотонија. Веројатно ќе мора да вложите дополнителен труд да го совладате она што не го знаете, а поврзано е со вашето занимање. Колку и да ви е тешко ќе бидете возбудени бидејќи долго сте го чекале тоа.

Ако сонувате дека сте часовничар

Кога вие сонувате дека сте часовничар, тоа симболизира одговорност во работата. Без оглед на важноста на задачата која ќе ви се довери, ќе ја третирате како да ви зависи работното место од неа. Ќе обрнувате внимание на деталите и ќе се трудите да го усовршите вашето знаење и способностите. Претпоставените ќе умеат да го ценат вашиот труд и многу брзо ќе ве наградат.

Ако се расправате со часовничар

Ако сонувате дека се расправате со часовничар тоа имплицира дека би сакале да го вратите времето. После многу важни ситуации жал ви е што не сте рекле сè што ви лежи на душа. Често размислувате што би се случило кога би направиле поинаку, а не вака. Таквите мисли ќќе ве доведат до очај и ќе ве спречат да уживате во сегашниот момент.

Ако некој друг се расправа со часовничар

Ако во вашиот сон некој друг се расправа со часовничар тоа значи дека ќе застанете на нечија страна. Можно е да се обидете да го спречите претпоставениот да му даде отказ на колегата или ќе браните пријател од вербален напад. Во секој случај, неправдата ќе ве заболи, па ќе се обидете на секој можен начин да ја исправите.

Ако сонувате дека бегате од часовничар

Овој сон е предупредување да се соочите со проблемите и да почнете да ги решавате. Сте дозволиле да се наголемуваат под изговор дека немате волја и сила да се соочите со тоа. Време е да преземете одговорност за своите постапки и да почнете да работите на тоа животот да би биде поубав и подобар.

Ако сонувате дека други бегаат од часовничар

Кога на сон ќе видите дека некој бега од часовничар тоа веројатно значи дека ќе се најдете во неволја. Некој ќе ве направи „жртвено јагне“ во својата игра, па ќе бидете обвинети за нешто што не се виновни. Ќе ви треба време да докажете дека сте оштетената страна во приказната, но ќе се извлечете без големи последици.

Ако сонувате дека се тепате со часовничар

Доколку на сон се тепате со часовничар тоа имплицира дека сте незадоволни од вашата работа. Секојдневно вложжувате многу труд и време да ги извршите задачите што подобро и поефикасно, а не добивате никаква награда за тоа. Обидете се да разговарате со работодавесот за тоа, или едноставно промените работа. Немојте да трошите време на нешто што не ви донесува ниту морална ниту финансиска сатисфакција.

Ако некој друг се тепа со часовничар

Сон во кој некој друг се тепа со часовничар значи дека сте желни да се докажете. Многу работите на себе и имате потреба да бидете забележани од луѓето. Затоа во секое друштво се обидувате да покажете што знаете и умеете. На многумина тоа ќе им биде симпатично и интересно, но ги има и оние на кои им е смешно бидејќи постојано се обидувате да бидете центар на внимание.

Ако сонувате дека сте убиле часовничар

Ако на сон сте убиле часовничар тоа симболизира проблеми во комуникација со лица од вашето опкружување. Во моментот сте во години кога од вас се очекува да постигнете многу нешта. Да имате добра работа, решено стамбено прашањ, стабилна врска или брак, деца и слично. Меѓутоа, вашите приоритети сега се потполно различни. Сакате да го искористе времето да се забавувате и уживате и сметате дека останатото ќе си дојде само по себе. Бидете сигурни дека околината ви нашла замерка и дека не живеете во склад на нивните очекувања. Затоа не им обрнувајте внимание и уживајте во животот.

Ако некој друг убива часовничар

Овој сон укажува на страв од старост. Веројатно се плашите каква ќе ви биде иднината со оглед на тоа дека сè уште не сте решиле некои проблеми. Бидете сигурни дека никогаш нема да се ослободите од грижите во целост. Затоа не се обидувајте да промените нешто што не можете ии потрудете се секој ден да ви е убав и да го поминете онака како што сакате.

Ако сонувате дека водите љубов со часовничар

Ако сонувате дека водите љубов со часовничар тоа имплицира дека ги криете своите сексуални склоности од партнерот бидејќи се плашите од осуда. Своите фантазии никогаш не би ги поделиле со него/неа бидејќи не сте сигурни дали би ве разбрале. Сепак, ако сакате трајна врска со оваа личност не би требало да имате тајни. Така само можете да напраите партнерот да почне да се прашува што се случува, а би можел и да се посомнева дека сте неверни.

Ако сонувате часовничарска работилница

Доколку сонувате дека се наоѓате во часовничарска работилница тоа значи дека ви претстои непријатен разговор со шефот или со претпоставениот. Тој ќе има разбирање за вашата метода на работа, но ќе се обиде да ве убеди дека е погрешна. Со оглед на тоа дека сега постигнувате добри резултати нема да ги усвоите неговите/нејзините предлози. Меѓутоа нема да сносите никакви санкции бидејќи тој/таа добро знае колку важен фактор сте во фирмата. Немојте да го злоупотребите тоа туку понекогаш прифатете компромис.

Ако сонувате дека уништувате часовничарска работилница

Ако на сон уништувате часовничарска работилница тоа значи дека потсвеста ве предупредува дека е време да се тргнете од летаргијата и да се обидете да сторите нешто со вашиот живот. Трошите драгоцено време на изговори и тагувања над својата судбина, а ништо не сте сториле да ви биде подобро.

Тоа што го работите е само обид да предизвикате жал кај околината и ништо повеќе. Бидејќи многу луѓе ја согледале вашата тактика, никому нема да му падне на памет да ве сожалува, а тоа значи дека треба да се промените.

Ако сонувате дека други уништуваат часовничарска работилница

Сон во кој некој друг уништува часовничарска работилница укажува дека погрешно ќе го процените непријателот. Веќе некое време е чекор пред вас и никако не можете да ја свртите работата во ваша корист. Кога би го употребиле неговото оруже веројатно би имале поголеми шанси. Значењето би можело да биде поедноставно. Доколку неодмна сте поправале часовник или случајно виделе часовничар, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за часовничар

Часовничар е мајстор занаетџија кој се занимава со изработка и поправка на часовници.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg