Чавки

Term Main definition
Чавки

Ако сонувате чавки тоа значи дека ќе изгубите почит и авторитет кај помлади личности.

Што значи да сонувате чавки?

Ако сонувате чавки

Ако на сон видите чавки тоа имплицира дека сте изгубиле почит кај помлада личност. Ова особено се однесува ако имате деца кои се тинејџери. Ќе постапите непромислено што ќе доведе да не ве гледаат како пример и авторитет кој мора да го почитуваат. Ќе ви треба многу трпение да ја вратите нивната доверба и со своето однесување да им дадете до знаење дека е правилно она што ги учите.

Ако сонувате дека ве напаѓаат чавки

Кога сонувате дека ве напаѓаат чавки тоа предупредува на проблеми. Во наредниот период во вашиот живот ќе ви се редат потешкотии со интензитет кој ќе направи да заборавите кога последен пат ви се случило нешто добро. Ситуацијата на емотивниот и деловниот план ќе биде подеднакво лоша што негативо ќе влијае на вашето расположение.

Ако чавките во вашиот сон напаѓаат некого друг тоа значи дека ваш пријател ќе ве праша за совет или сугестија за сериозна тема. Бидејќи немате многу искуство на таа тема, ќе се потрудите да се распрашате за да му/  ѝ помогнете.

Ако фатите чавка на сон

Кога сонувате дека сте фатиле чавка тоа значи дека ќе ги победите непријателите со нечија помош. Можеби ќе ја искористите нивната слабост и ќе ги нападнете кога најмалку очекуваат. Ќе смислите стратегија која ќе вроди плод и ќе ви дозволи да се докажете. Непријателот ќе ве потцени и ќе биде изненаден кога ќе види дека не сте беспомошни и незаштитени како што мислеле.

Сон во кој некој друг фатил чавка симболизира интересен деловен предлог. Можеби некој ваш роднина или познаник кој живее во друг град ќе предложи заедно да започнете нов бизнис. Пред да прифатите распрашајте се колкав ризик би требале да преземете поради тоа.

Ако видите јато чавки

Ако на сон видите јато чавки тоа значи дека пред вас е еден многу стресен период. Ќе имате бројни проблеми на работа, а ни ситуацијата дома нема да ви биде баш најдобра. Ќе мора да вложите многу труд за да излезете од сето тоа без „лузни“, но благодарение на трпението ќе успеете да се извлечете од тешката фаза.

Ако сонувате дека чавка ви слетала на дланка

Овој сон укажува дека имате среќа во љубовта. Ако досега не сте, конечно ќе сретнете личност која од корен ќе го промени вашиот живот. Ќе ви го збогатат со радост, позитивна енергиј и внимание кое отсекогаш ви недостасувало. Доколку покрај вас имате личност која во вас не предизвикува позитивни чувства, овој сон е знак дека треба да побарате нов партнер.

Ако сонувате дека храните чавки

Кога на сон со нешто храните чавки тоа значи дека на неочекуван начин ќе постигнете некој поголем успех. Ќе прифатите понуда за работа од која нема да очекувате апсолутно ништо, а која ќе ви донесе убава заработка. Ќе сфатите дека не смеете повеќе да пропуштате прилики кои ви се отвараат само затоа што не сте сигурни дали ќе профитирате.

Ако во ваш сон некој друг храни чавки постои веројатност пријателите да ве озборуваат. Можеби и самите сте забележале, но сте одлучиле да ги игнорирате очигледните знаци. Најдобро би било да ги соочите со вистината дека знаете што се случува и суптилно да им покажете „каде им е местото“.

Ако мавате чавки со прачка или нешто друго

Ако сонувате дека мавате чавки со прачка тоа значи дека ќе оштетите друга личност за да заштитите себеси. Покрај стравот да се соочите со евентуалните последици на својата грешка, ќе чувствувате и срам што сте постапиле на таков начин. Сепак, ќе ви биде полесно да обвините некого и да се правите дека тоа нема никаква врска со вас.

Ако видите чавка на дрво

Доколку на сон видите чавка на дрво тоа имплицира дека е време да исфрлите личности од вашиот живот кои не ви одговараат. Веројатно покрај себе имате некого кој ви ја црпе позитивната енергија и кој е во состојба со своите жалопојки да ви го расипе денот. Сега е вистинскиот момент да се дистанцирате од него/неа и да се опкружите со оние кои ја гледаат светлата страна на животот.

Ако видите чавка на прозорец

Кога гледате чавка на прозорец тоа значи дека ќе имате проблеми со соседите. Некој од нив со своите постапки ќе ве доведе до лудило. Ако живеете во стан во здрада веројатно секојдневно ќе го крши куќниот ред, па никако нема да можете да се одморите после напорниот ден. Од друга страна, ќе ве нервира и тоа што во соседството имате „дежурни душебрижници“ кои будно следат кој ви доаѓа во посета, што сте купиле од продавница и колку често фрлате ѓубре. Обидете се да не обрнувате внимание на тоа и продолжите да си го живеете животот како и досега.

Ако видите чавка на ограда

Доколку на сон видите чавка на ограда тоа е знак дека ќе ве посети некој кој ви е многу драг а кого не сте го виделе долго време. Ќе биде тоа едно убаво дружење во текот на кое ќе се сетите на старите добри времиња, за кои и самите често размислувате. Сепак, не смеете да си го дозволите тој луксуз да живеете во минатото. Крајно време е да размислувате за иднината.

Ако видите ранета чавка

Ако сонувате дека гледате ранета чавка укжува на тоа дека конечно ќе научите нешто од своите грешки. Често сте дозволувале погрешни луѓе да ви се мешаат во животот, но ќе сфатите дека не можете секогаш да одите „со глава низ ѕид“, па ќе почнете да се менувате.

Ако убивате чавка

Ако на сон убивате чавка тоа имплицира дека треба да послушате некој совет кој сте го добиле. Не дозволувајте твдоглавоста да ве одведе на погрешен пат. Особено ако планирате да направите важен чекор во животот. Чувајте се од деловни соработници кои ви се сомнителни од самиот почеток.

Доколку во ваш сон некој друг убива чавка можно е дека ќе претрпите некоја штета. Неповолни услови на некој договор кој сте го потпишале во минатото би можел многу скапо да ве чини. Освен тоа, важно е да не вложувате пари во нешто за кое не сте сигурни дека ќе ви донесе заработка.

Ако слушате гракање на чавки

Кога на сон ќе слушнете гракање на чавки тоа е предупредување дека не треба да го злоупотребувате влијанието кое го имате врз другите луѓе. Ќе сфатите дека многу луѓе ве сакаат и почитуваат,па сте одлучиле да извлечете некоја материјална корист од сето тоа. Меѓутоа, вашите намери би можеле лесно да бидат откриени, па би можеле да ја изгубите репутацијата на која многу се гордеете. Значењето може да биде поедноставно. Ако во последно време сте виделе чавка тоа сигурно оставило впечаток нас вас.

Дефиниција за чавка

Чавка е најмалата птица од семејството врани, Corvidae.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg