Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Бременост


Гледање бремена жена предупредува дека ти претстојат големи непријатности; кога жена сонува дека е бремена, ја очекува успех, нејзините желби ќе се исполнат.

Брз воз

Ако се возите во него: бидете подискретни во друштво чие мислење ви е важно; ако посматрате: посветете се повеќе на својата работа.

Брич

Ако сонувате дека сте се исекле со брич, тоа укажува на разочарување.

Бричење

Сонување брич предупредува на сиромаштија, грижи, немаштија.

Бриџ

Ако играте бриџ тоа значи разочарување од деловните резултати.

Бришење

Можна непријатност во друштво.

Брод

Голем на вода: ненадејна материјална добивка; насукан: не сте сигурни во себе и во своите одлуки.

Бродолом

Ако гледате: искрено пријателство; ако претрпите: грижи, непријатности.

Броење

Сон во кој броите различни предмети симболизира незадоволство или осаменост.

Брокер

Бидете внимателни.

Брусница

Сонувањето брусница генерално значи добро здравје во тековната година. Исто значење има чај и сок од брусница.

Брчки

На чело: ќе западнеш во неволја; на лице: не мислиш на старите денови.

Бршлен

Сонувањето бршлен значи стекнување нови пријатели.

Бубамара

Тоа значи деловен успех со малку вложен труд.

Бубачки

Ќе те ценат поради скромноста; на своето тело: кавги, непријатности; убивање: некој ве искористува.

Був

Ако  видите був на сон тоа значи дека ве очекува несреќа, а ако го слушнете значи лоши вести во семејството.

Будала

Изигрување: радосни искуства со нови и интересни пријатели.

Будење

Предупредува на опасност, проблеми.

Будилник

Ако ѕвони: непријатен настан во семејството; скршен: нема да ви се оствари замисленото.

Бука (дрво)

Во шума: ако ги сонувате предупредуваат на брачни проблеми.

Букет цвеќе

Ако добиете: неочекувана среќа; ако згазите: неблагодарни сте кон личностите кои ви се верни.

Булдог

Гледање булдог во сон значи дека ќе имате проблеми со законот.

Бумбар

Ќе фатиш крадец на дело.

Бумеранг

Ако се врати: внимавајте на нечесни соработници; ако не се врати: промена на живеалиштето.

Бунар

Ако гледате: после опасност очекувајте подобри моменти, ќе добиете јавно признание; ако вадите вода од бунар: женидба со миразџика; ако пиете вода од бунар: здравје и веселба; ако скокнете во бунар: среќа; ако паднете во него: тешка иднина, грижи, жал; бунар без вода: грижа, загуба, штета, болест, погрешен потег  или чекор; длабок: среќа; плиток: немаштија; ако копате бунар: штета, сиромаштија, вашите тајни ќе бидат разоткриени; полн со вода: брзо оздравување на блиска личност.

Бунда

Сонувањето бунда значи дека за краток временски период ќе стекнете големо богатство.

Буниште

Гледање: наследство, среќа во коцкање; одење по него: ќе доживееш некои непријатности.

Бура

Гледање: среќа во љубовта; ако се најдете во бура: отфрлете ги непотребните работи.

Бургија

Во рака: одлучивте сами да ја кроите својата судбина; скршена: нерешителни сте.

Буре

Полнo: непожелни сте во друштво поради скржавост; миење буре грижа; полнење со вино: брза радост.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg