Бура

Term Main definition
Бура

Гледање: среќа во љубовта; ако се најдете во бура: отфрлете ги непотребните работи.

Што значи да сонувате бура?

Ако гледате бура на море во сон

Ако во сон гледате бура на море, тоа подразбира дека ќе имате среќа во љубовта. Вашата врска или брак ќе се променат кон подобро и еден на друг ќе си подготвувате пријатни изненадувања. Бурните караници што ќе ги имате со партнерот ќе завршат со уште побурно помирување. Годините ќе направат вашиот однос да стане стабилен и сè што правите ќе биде од корист на вашето семејство.

Ако се најдете во бура

Кога сонувате дека сте се нашле во бура, тоа означува дека треба да ги отфрлите непотребните работи. Во наредниот период ќе бидете преоптоварени со обврски што ќе се насоберат, а нема да ви донесат никаква корист. Доколку планирате да работите уште нешто, би требало да се откажете од таа намера затоа што нема да имате време да се посветите на она што ви е приоритет.

Ако сонувате дека бура ве исфрлила на копно

Доколку сонувате дека бура ве исфрлила на копно, тоа значи дека ќе се ослободите од големи грижи. Долго време се борите со проблем што никако не можевте да го решите. Сега ќе дојде вистинското време за тоа и ќе сфатите дека само требаше да бидете потрпеливи. Не трошете ги своите нерви и време на непотребни работи. Колку и да сте чувствителни, тоа може да биде погубно за вашето здравје.

Ако сонувате дека бура исфрлила други на копно

Ако сонувате дека бура исфрлила некој друг на копно, тоа подразбира дека ќе се потрудите да помогнете на потполно непозната личност. Ќе му/ѝ се најдете во неволја, не очекувајќи ништо за возврат. Сепак, тој/таа ќе даде сè од себе за да ви се оддолжи за тоа добро дело.

Ако сонувате дека сте повредени за време на бура

Доколку сонувате дека сте се повредиле за време на бура, тоа значи дека ќе мора да покажете многу повеќе разбирање за партнерот ако сакате вашата врска или брак да успеат. Без оглед на тоа колку сте понекогаш убедени дека сте во право, несвесно го занемарувате фактот дека сè има своја друга страна од приказната.

Допуштете му/ѝ  аргументирано да ви ги образложи причините за своите постапки и не дозволувајте вистината да ве навреди.

Ако сонувате дека други се повредени за време на бура

Ваквиот сон укажува на загуба или штета. Штетата се однесува на материјалните работи, а загубата на духовните работи. Можно е вашиот автомобил или апарат за домаќинство да се расипе, но исто така е можно да изгубите пријател поради лоши постапки.

Ако сонувате дека бура ве фрлила во море

Кога сонувате дека бура ве фрли во немирно море, тоа значи дека ќе мора да се борите против нелојалната конкуренција. Главно се однесува на вашата работа. Можно е колега со сите сили да се обиде да го преземе вашето работно место или да добиете многу тешка задача за извршување.

Не потпирајте се само на своите способности, туку прашајте некој да ви помогне за да ја завршите таа работа на време. Без оглед на сиот тој стрес, ќе излезете од ова психички многу посилни  отколку што некогаш сте биле.

Ако сонувате дека бура фрлила некого во море

Сон во кој гледате дека бура фрлила некого во море, го означува вашето настојување да скриете некоја тајна. Можеби некој пријател ви кажал нешто во доверба, а не можете да одолеете да им го откриете тоа на други луѓе. Со оглед на тоа дека се работи за сериозна работа, најдобро би било да ја држите „устата затворена“. Не заборавајте што му/ѝ ветивте.

Ако сонувате дека сте загинале за време на бура

Ако сонувате дека сте загинале на море поради силни налети на ветер, тоа укажува на депресија или на лоши чувства што ги потиснувате. Веројатно неодамна сте поминале низ тежок период преполн со предизвици, што оставило длабока трага на  вашата психа. Време е да преминете преку тоа и да започнете да размислувате за иднината.

Ако сонувате дека некој друг загинал за време на бура

Кога сонувате дека некој го загубил животот за време на бура, тоа симболизира нов почеток. Ако сакавте да промените нешто во својот живот, сега е вистинско време за тоа. Не обрнувајте внимание на она што другите ви го кажуваат, верувајте му на својот инстинкт затоа што овој пат сигурно нема да ве измами.

Ако сонувате дека бура носи бродови

Кога сонувате дека бура носи бродови, чамци и едрилици, тоа значи дека невниманието и несовесноста ќе ве доведат во опасност. Можно е да прифатите работа за која не сте сигурни дека е целосно легална. Едноставно, ќе ви требаат пари, затоа нема многу да распрашувате. Подоцна ќе сфатите што сè можело да се случи за време на извршувањето на таа задача и ќе одлучите повеќе да не учествувате во такви активности без разлика на парите.

Ако сонувате дека бура носи луѓе

Сон во кој гледате како бура носи луѓе укажува на тоа дека пред вас е многу тежок период. Ќе се соочите со бројни предизвици и мора да донесете многу важни одлуки. Понекогаш ќе ви се чини дека не знаете што правите, дека сте западнале во некој вител и дека имате сè повеќе проблеми секој ден.

Добрата вест е дека тоа е само минлива фаза. Ќе мора да се изборите за да излезете од таа борба со што помалку „модринки“. Иако ќе биде тешко, ќе стекнете драгоцено искуство што може да ви помогне во понатамошниот живот.

Ако сонувате дека животни страдаат во бура

Сонувањето дека гледате како животни страдаат во бура укажува на тоа дека блиска личност ќе се најде во неволја. Ќе дадете сè од себе да ја предупредите на опасноста и ризиците на кои се изложува доколку направи нешто што долго време ѝ паѓа на ум. Ќе се чувствувате беспомошно и во многу моменти ќе ви биде полесно да заминете и да не ја гледате нејзината пропаст.

Ако сонувате дека бура носи ѓубре

Доколку во сон гледате бора која носи голема количина ѓубре, тоа значи дека ќе се најдете во ситуација да ги браните своите ставови и постапки. Другите ќе ве обвинат дека правите сè за ваша сопствена корист, иако вие сте многу добро свесни дека тоа не е точно. Ќе мора да вложите многу труд за да ги покажете своите  вистински намери.

Ако сонувате дека бура свиткува дрвја

Ако сонувате како дрвја се виткаат под налетот на бура, потсвеста ве предупредува дека сте премногу горди. Се сметате себеси за паметна, убава и способна личност и од висина гледате на другите луѓе. Имате обичај со своите „смешни“ коментари да ги повредите оние што ги сметате за инфериорни од себе и да ги минимизирате успесите на оние кои се подобри од вас.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако сте виделе или сте доживеале да се најдете во бура, тој настан сигурно ви оставил впечаток.

Дефиниција за бура

Бура е силен, студен ветер што дува на море.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg