Брод

Term Main definition
Брод

Голем на вода: ненадејна материјална добивка; насукан: не сте сигурни во себе и во своите одлуки.

Што значи да сонувате брод?

Ако гледате голем брод во сон

Ако во сон гледате голем брод на вода, тоа симболизира ненадејна материјална добивка. Можно е да ги повратите парите што ги вложивте во бизнисот и, при тоа,  да бидете во голем плус. Не очекувавте толку голема сума за толку краток временски период.

Веднаш ќе започнете да правите планови за нови потфати од кои ќе имате големи приходи.

Ако сонувате мал брод

Мал брод во сон значи дека конечно ќе влезете во мирна фаза од својот живот. По бројните турбуленции, ситуацијата ќе се стабилизира и конечно ќе можете да здивнете.

Ако сонувате насукан брод

Сонувањето насукан брод подразбира дека не сте сигурни во себе и во своите одлуки. Отсекогаш се водите од изреката дека треба да се мери три пати, и да се сече само еднаш. Ќе претерате малку во тоа и сите ќе ве советуваат да бидете поодлучни.

Ќе го преиспитувате секој детаљ и ќе мислите дека другите на ваше место би постапиле поинаку и би имале подобри резултати.

Ако се возите на брод во сон

Кога во сон се возите на брод, тоа значи дека копнеете по романтично патување. Освен романтика, ќе ви треба одмор кој ќе ви се причинува и во соништата. Ќе се обидете да го наговорите партнерот да одите на дестинација што ја планирате веќе подолго време.

Ако скокате од брод

Ако сонувате дека скокате од брод, тоа укажува дека други ве контролираат. Имате чувство дека луѓето од околината го следат секој ваш чекор и го проценуваат. Никој нема да ве поддржи во донесувањето тешки одлуки и само ќе ве критикуваат. Ќе сакате да излезете од вашата кожа и да избегате некаде каде што никој не ве познава.

Ако градите брод во сон

Доколку во сон градите брод, тоа значи дека би требало да ги прифатите советите  на стручњаците кога станува збор за некои специфични работи. Премногу се потпирате на себе, затоа што сметате дека тоа е единствениот исправен пат.

Сепак, мора да бидете свесни дека не сте најдобри во сè и да не дозволите да згрешите во нешто поради суетата. Не бидете тврдоглави затоа што тоа може негативно да влијае на сè што сте направиле досега.

Сонувањето дека други градат брод укажува на воодушевување. Ќе запознаете личност која ќе ве маѓепса со своите ставови и начин на размислување. Станува збор за личност која не се плаши да го живее животот со полни гради, никому не полага сметки и не ги слуша коментарите на дежурните критичари. Со оглед на тоа дека и самите би сакале да бидете такви, тој/таа ќе ви даде мотивација да се промените.

Ако бојадисувате брод

Ако во сон бојадисувате брод, тоа значи дека вашата инвестиција ќе пропадне и дека ќе бидете во загуба. Ова не мора нужно да се однесува на материјалните работи. Можно е и да вложите многу време и трпеливост во некоја личност, но ќе сфатите дека сте погрешиле. Во секој случај ќе научите нешто ново и ќе продолжите понатаму без жалење.

Сон во кој гледате други како бојадисуваат брод укажува на повредена суета. Веројатно на работа сте доживеале колега да ви укаже на грешка пред сите. Не е дека не сте згрешиле и порано, туку ве повреди што толку транспарентно ве понижи. Тоа што вие го доживеавте тоа така трагично, не значи дека неговите/нејзините намери биле толку лоши.

Ако палите брод

Кога во сон ќе палите брод, тоа значи дека ќе се обидете да манипулирате со партнерот за да направи нешто по ваша волја. Ќе успеете да го/ја убедите дека вашиот начин е подобар и дека сте во право. Тој/таа ќе го прифати советот, и вие тоа ќе го сфатите како победа. Престанете да играте игри затоа што тоа би можело да ви се удри од глава.

Ако видите како други палат брод или брод во пламен, сонот укажува на тоа дека ќе решите некој проблем дури и пред да се надевате. Благодарение на својата проникливост, ќе го надмудрите непријателот. За ваша среќа, неговиот/нејзиниот злобен план ќе пропадне.

Ако купувате брод

Доколку во сон купите брод, тоа значи дека вашето внимание ќе го привлече една многу посебна личност. Ќе направите сè за да ја заведете и ако ви успеете, ќе се сметате за најсреќна личност на светот.

Ако продавате брод

Сонувањето дека продавате брод подразбира дека конечно ќе започнете да го цените она што не може да се куши со пари. Во тешки моменти ќе сфатите колку ви значи љубовта и поддршката од пријателите и членовите на семејството.

Толкувањето зависи и од видот на брод кој го сонувате.

Воен брод

Сонувањето воен брод значи дека ќе бидете долго раздворни од семејството и пријателите поради работа. Ќе ве мачи носталгија и често ќе се чувствувате осамено. Во неколку наврати ќе посакате да се откажете од сè, но ќе се откажете од таа идеја, токму затоа што сакате да му овозможите на своето семејство удобен и безгрижен живот.

Вашата голема жртва материјално ќе се исплати, но ќе пропуштите многу драгоцени моменти со оние што ги сакате.

Јахта

Кога сонувате јахта, тоа значи дека ќе запознаете влијателна личност која може да ви помогне да ги остварите своите планови. Ќе направите сè за да се зближите за  тој/таа да ви помогне со своите познанства да се извлечете од големи проблеми. Ќе мора да направите некои жртви, но тоа ќе ви се исплати.

Крузер

Ако во сон видите крузер, тоа може да има двојно значење. Можно е да фантазирате за некое егзотично патување или дури само да отпатувате на море за да се опуштите и да се одморите од секојдневните грижи. Второто значење на ваквите соништа укажува на жалење за пропуштените можности.

Веројатно сте одбиле некоја работа или сте прекинале емотивна врска и дури подоцна сте сфатиле дека сте погрешиле. Не вреди да живеете во минатото. Време е да се борите со сегашноста и да ја планирате иднината.

Танкер

Доколку во сон видите голем танкер за превоз на нафта, тоа ја симболизира вашата  дарба за импровизација. За вас нема непредвидени ситуации кои можат да ве вознемират. Вие едноставно умеете од секој проблем да се извлечете благодарение на интелектуалните способности и вештата импровизација.

Затоа вашите колеги на работа ви се восхитуваат и уживаат да работат со вас. Размислете на кои сè начини можете да го искористите тој талент.

Траект

Кога сонувате траект, тоа значи дека ќе одлучите да се преселите. Можно е нагло да ја донесете таа одлука и да ги изненадите сите што ве познаваат. На самиот почеток  планот ќе биде да останете во друг град за кратко време, но подоцна ќе одлучите да го градите својот живот таму. Тоа ќе биде една од најдобрите одлуки во вашиот живот.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе брод  или сте патувале со него, тоа секако ви оставило впечаток.

Дефиниција за брод

Брод е дел од воден сообраќај кој служи за превоз на стоки и патници, воени операции, риболов и други активности.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg