Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Болничар


Непријатни вести, болест во семејството, некој ве мести, а вие немате поим кој.

Болнички кревет

Болнички кревет во сон симболизира замор.

Бомба

Гледање: неуспех во потфатот што сте имале намера да го направите; фрлање: деловен успех, ненадејна радост; ранет од бомба: ненадејна загуба; ако експлодира: неочекуван настан.

Бонбони

Јадење: ненадејно ќе се вљубите; добивање: ќе добиете љубовна понуда.

Бонбониера

Гледање: ќе се заљубите; подарување некому: ќе станете нечиј доброчинител.

Бор

Очекувај подобри денови; зелен: брз успех; исушен: болест, неуспех.

Боранија

Јадење: радосен настан; готвење: промена на животните услови.

Борба

Со ѕверови: пропаднато наследство; со жена: кавга; со мртовци: неуспех во работата; ако победите во борба: ќе избегнете голема опасност; со животни: неочекувано наследство.

Бордел

Ако видите бордел во сон, тоа е предупредување дека ќе доживеете срам.

Борење

Борење со некого во сон симболизира тага, кавга, непријатност, меланхолија; да гледате борење во сон значи дека мора се потрудиш ако сакаш да успееш.

Борова шума

Доколку сонувавте дека шетате во борова шума, тоа значи дека многу ви е потребен одмор.

Боровинки

Внимание во деловните контакти.

Боси нозе

Ако бидеш босоног: сиромаштија, уништен углед; ако одиш: ќе станеш угледен; ако бегаш: ќе западнеш во парични неприлики.

Босилек

Кога во сон берете босилек, тоа укажува на среќа во љубовта.

Боцнат на трн

Ако сонувате дека сте се боцнале од трн, укажува на тоа дека ќе се разболите на јаве.

Бочва

Полна: непожелни сте во друштво поради скржавост; миење бочва: грижа; полнење со вино: брза радост.

Брава

Помирување со противникот, ќе откриеш некоја тајна, те очекуваат пречки.

Брада

Да се има - голема: наследство, здравје; мала: сиромаштија, немаштија, болест; седа: голема чест; црвена: добивка; проседа: тага; црна: големи издатоци, загуба; на жена да се види: радост.

Брадавици

Ако ги видите: некој не ти посакува добро; ако имате: благосостојба, добивка, богатство; на тело: дарежливоста ќе ве доведе во неприлика.

Бразда

Ако е крива: проблеми кои можат да се решат; права: тешка работа со успешен крај.

Бразлетна

Премногу сте скромни. 

Брак

Договарање: добивка; склопување: вашата желба нема да се оствари; напуштање: добра заработка.

Брана

Ако видите: несреќа, штета, повторно размислете за своите планови; ако паднете во неа: ги заборавате обврските.

Бранови

Гледање бранови во сон значи дека некој те озборува.

Брат

Ако го видите: семејна среќа, долг живот; ако го изгубите; загуба меѓу блиските; ако се карате со брат: недоразбирање, загуба, лутење; ако зборувате со него: те чека долг живот, радост и среќа.

Брачен советник

Сакате да ги поправите лошите односи со партнерот. 

Брашно

Ако ставате квасец: женење; истурено: сте ја пропуштиле приликата која нема да се повтори; просеано: среќа, радост.

Брдо

Големо: голема чест; мало: некој те оговара; стрмно: не се потпирај на друг, не си дораснат за животната ситуација; голо: грижа; со камења: многу тешкотии во работата; зелено: те чека радост.

Брег

Рамниот брег во сон симболизира успех, среќа, добивка; стрмниот брег симболизира тага, кавга; шетање покрај брегот предупредува дека вашата среќа е лажна, помалку шетајте, повеќе работете!

Бреза

Брзи добри вести; падната, исечена: внимавајте на казни.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg