Болничар - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Болничар

Term Main definition
Болничар

Непријатни вести, болест во семејството, некој ве мести, а вие немате поим кој.

Што значи да сонувате болничар?

Ако гледате болничари во сон

Ако во сон гледате болничар-болничарка, тоа предупредува на болест во семејството. Можно е да се работи за полесен здравствен проблем кој брзо ќе се реши. Во секој случај, тоа ќе ве исплаши и ќе ве натера да се грижите за здравјето, како и да влијаете на други така да постапат.

Доколку негодуваат и одбијат да ве послушаат, ќе мора да бидете упорни затоа што тие немале од кого да земат пример во рана возраст.

Ако сте болничар или болничарка во сон

Кога сонувате дека вие сте болничар или болничарка, тоа укажува дека некој намерно ви прави проблеми. Ќе сфатите дека во вашето опкружување се случуваат чудни работи, но на почетокот нема на тоа да придавате значење. Со текот на времето ќе се уверите дека некој ве мести, но нема да знаете кој е тоа.

Можно е да станува збор за личност која е добра на зборови, но чии постапки не ја оправдаа таа елоквентност. Ќе мора внимателно да собирате докази и да не зборувате за вашите сомнежи и намери.

Ако запознавате болничар или болничарка

Ако сонувате дека сте запознале болничар/ка, тоа значи дека на време сте сфатиле колку треба да се грижите за своето здравје. Веројатно до пред неколку месеци целосно ги занемарувавте посетите на лекар, лошо се храневте, не спиевте доволно и честопати посегнувавте кон пороци.

Сепак, промените што ги воведовте неодамна веќе даваат резултати и вие сте на добар пат да го доведете во ред своето општо здравје. Ако и понатаму имате некои загрижувачки симптоми, не двоумете се да посетите лекар.

Ако разговарате со болничар/болничарка

Доколку во сон разговарате со болничар/ка, тоа симболизира недостиг на љубов и внимание. Можеби дошло до заладување во односите со партнерот или во моментот, едноставно, не си одговарате. Добрата вест е дека таа фаза ќе помине, но мора да се потрудите да ја подобрите вашата комуникација.

Ако, пак, во моментот не сте во врска, потсвеста ве предупредува тоа што побргу да го промените. Тешко се согласувате на компромиси и можно е да е ова причината што и понатаму сте во потрага по сродна душа.

Ако се карате со болничар/болничарка

Сон во кој се расправате со медицински персонал значи дека сте многу тврдоглава личност. Сметате дека имате доволно знаење и искуство за секоја животна прилика и ретко ги слушате советите од други луѓе. Вашите пријатели во последно време избегнуваат да влегуваат во какви било дискусии со вас, бидејќи знаат дека тоа нема да заврши добро.

Меѓутоа, мора да бидете свесни дека не секој ќе може да го толерира вашето однесување. Самодовербата е добра, но само доколку има мерка.

Ако се тепате со болничар/болничарка

Кога сонувате да се тепате со болничар/ка, тоа може да значи дека ви недостига  секс или дека партнерот не ги задоволува вашите потреби. Со оглед на тоа дека вам ви се многу важни интимните односи, размислете во што е проблемот. Не ја префрлајте вината на другата личност сè додека немате аргументи за тоа.

Во секоја врска има две лица кои треба подеднакво да работат на тој однос, доколку сакаат врската да опстане.

Ако се бакнувате со болничар/болничарка

Каков било вид на интимен однос со болничар или болничарка за двата пола укажува на скриени сексуални фантазии. На мажите болничарките отсекогаш им ја „скокоткале имагинацијата“, а со жените ситуацијата е многу слична.

Таквите соништа, сепак, малку почесто ги сонуваат мажите отколку жените. Ако маж сонува дека се бакнува со болничарка, тоа значи дека во кревет го привлекува играњето улоги. Доколку, пак, жена сонува за некаков вид сексуален однос со болничар, тоа значи дека копнее по страсна романса со непозната личност.

Ако се криете од болничар/болничарка

Кога во сон се криете од болничар/ка, тоа значи дека вашата совест не е чиста. Иако им се претставувате на луѓето како многу искрена и отворена личност, тоа не е сосема точно. Тоа што почесто избегнувате да го кажете своето мислење, не значи дека сте искрени, туку дека сте кукавица. И тоа е во ред, но тогаш не треба да ги учите другите како да се однесуваат.

Ако во сон некој друг криете од болничар, тоа подразбира дека некој пријател ќе ве замоли за помош или за совет. Со задоволство ќе одговорите, но сепак ќе сфатите дека немате идеја што да му/ѝ кажете. Ќе се плашите дека кој било вид совет може дополнително да ја влоши неговата/нејзината моментална состојба. Најдобро би било да се обидете да се ставите на негово/нејзиното место и да размислите што би направиле вие. Се подразбира дека секој треба сам да ги носи своите одлуки, но две глави често се попаметни од една.

Ако убиете болничари

Доколку сонувате дека сте убиле болничар или болничарка, потсвеста ве предупредува дека не треба да донесувате избрзани одлуки. Пред да започнете нешто, добро измерете ги сите позитивни и негативни работи што доаѓаат со таа одлука, бидејќи невниманието може да ве чини многу. Преземањето ризик за своите постапки е одлично, но зошто да не спречите евентуална грешка доколку тоа го можете?

Сон во кој гледате мртов болничар или болничарка симболизира материјална штета. Можни се дефекти на автомобили, апарати за домаќинство и слично. Со оглед на тоа дека тој трошок не е планиран во вашиот домашен буџет, поправката ќе мора малку да почека.

Болничар/болничарка во вашиот дом

Ако сонувате болничари во вашиот дом, тоа укажува на добри вести од странство. Доколку сте планирале да патувате, ќе добиете информации дека повеќе нема пречки за тоа. Позитивни вести може да стигнат и од роднини или пријатели кои не сте ги виделе одамна. Можеби ќе бидете поканети на свадба, крштевање или роденденска прослава.

Ако гледате гол болничар или гола болничарка

Кога маж во сон ќе види гола болничарка, тоа значи дека му недостасуваат авантури. Доколку сте во брак или во долга врска, веројатно малку сте ги занемариле активностите во кои сте уживале. Тоа не значи дека имате помалку слобода, туку дека ви се сменија приоритетите. Сепак, нема ништо лошо во тоа понекогаш да одвоите време за себе и да излезете со друштво или да се посветите на хоби што ве интересира.

Доколку жена во сон види гол болничар, тоа значи дека се чувствува несакано. Можеби во моментов сте во затегнати односи со партнерот или вашата комуникација е лоша. Во секој случај, започнавте да фантазирате за друг човек, што, ете, се одразило и во сонот.

Ако сте по професија медицински работник или неодамна сте биле во некоја здравствена установа, сонот не се толкува. Истото важи и ако неодамна сте прочитале книга, сте гледале серија или филм во кој главните ликови се болничари или лекари.

Исто така, значењето може да биде дека имате многу обврски, особено ако сте по професија болничар/ка или се грижите за некој член на семејството. Веројатно ги извршувате сите домашни работи и вашата одговорност се манифестира преку овој сон.

Дефиниција за болничари/болничарка

Болничар или болничарка е медицински работник кој се грижи за пациенти кои лежат во болницата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg