Бонбониера

Term Main definition
Бонбониера

Гледање: ќе се заљубите; подарување некому: ќе станете нечиј доброчинител.

Што значи да сонувате бонбониера?

Ако сонувате бонбониера

Ако во сон видите бонбониера, тоа е знак дека ќе се заљубите. Можно е да почне да ви се допаѓа некој кого долго го познавате, но не сте обрнувале внимание на него.

Поинтензивно ќе се дружите поради работа или некои други обврски и тоа ќе прерасне во сериозна врска. Во почеток ќе се трудите тоа да го скриете од колегите, но сите ќе забележат дека нешто се случува.

Ако подарувате некому бонбониера

Кога сонувате како некому подарувате бонбониера, тоа имплицира дека ќе станете нечиј доброчинител. Блиска личност ќе се најде во тешка финансиска ситуација и ќе ѝ биде потребна помош. Веројатно сте ја предупредувале на оваа неволја, но не ве сфаќала сериозно.

Ќе направите сè што е во ваша моќ за да не почувствува дека нешто ѝ недостасува.

Ако добиете бонбониера на подарок

Сонувањето дека сте добиле бонбониера на подарок симболизира разочарување. Ќе ве изневери личност во која сте имале доверба и сè сте ѝ кажувале. Тоа може да биде пријател кој на другите ќе им ги кажува вашите тајни или партнер во чиј телефон или работи ќе најдете докази дека не бил искрен спрема вас.

Ако купувате бонбониера во сон

Кога во сон купувате бонбониера, тоа укажува дека ќе се ожалостите. Ќе чуете тажна вест која ќе ве погоди. Веројатно се работи за смртен случај или болест на некој познајник, но колку и да ви е жал, ќе бидете свесни дека сето тоа е живот.

Ако сонувате дека јадете бонбониера

Ако сонувате дека јадете бонбониера, тоа е знак дека доаѓаат лоши времиња. Кризата ќе се одрази и на вашиот буџет па ќе мора да почнете да ја трошите заштедата која сте ја намениле за црни денови. Тоа воопшто нема да ви се допадне, но нема да имате друг избор.

Ако давате бонбониера некому да јаде

Сонувањето дека давате бонбониера симболизира неискреност. Ќе се обидете да искористите некој за да ги остварите своите цели. Веројатно немате доверба во таа личност, па ќе ви биде тешко да глумите. Доколку ги открие вистинските причини за вашата љубезност, може да се случи да ви замери и да одбие да ви помогне. 

Ако отворате бонбониера

Доколку сонувате дека отпакувате или отворате бонбониера, тоа значи дека пријателите или партнерот ќе ве изненадат со убав подарок. Ќе биде тоа нешто за што долго сте мечтаеле. Повеќе од самиот подарок ќе ве израдува фактот дека таа личност многу добро ве познава и дека се потрудила да ви подари тоа што навистина го сакате.

Бонбониера со ликер

Ако сонувате дека јадете бонбониера со ликер, тоа имплицира дека за драга личност ќе дознаете некоја непријатна информација. Можно е да бидете изненадени или дури разочарани, но тоа нема да му го/ѝ покажете. Ќе се потрудите да имате разбирање за тоа и ќе се обидете да се замислите во нејзина/негова позиција. Тоа е сосема исправен став и не би требало никого да осудувате, затоа што никогаш не знаете како вие би се однесувале во одредена деликатна ситуација.

Кога сонувате дека некој друг јаде бонбониера со ликер, тоа значи дека би можеле да запознаете личност која со својот став и начин на размислување ќе ве воодушеви. Ќе посакате што подолго да бидете во негово/нејзино друштво и да станете добри пријатели. Можни се и симпатии кои ги надминуваат пријателските односи.

Бонбониера со сушено овошје

Доколку сонувате дека јадете бонбониера со сушено овошје, можно е да се скарате со блиска личност. Веројатно станува збор за партнер кој се однесува неодговорно спрема вашата врска или пријател кој ве осудува поради некои постапки. Во секој случај вашите односи ќе бидат многу „затегнати“ и ќе треба да помине некое време додека страстите не се смират.

Ако во вашиот сон некој друг јаде бонбониера со сушено овошје, тоа укажува на некоја дилема. Можеби сте добиле понуда за работа која се коси со вашите морални начела. Се грижите затоа што таа работа е многу доходна и се плашите дека ќе погрешите ако ја пропуштите приликата. Размислете што ви е поважно - материјална сигурност или вашите принципи.

Бонбониера со нугат

Бонбониера со вкус на нугат симболизира скриени чувства. Веројатно ви се допаѓа личност која од некои причини ви е недостапна. Се плашите да му/ѝ кажете затоа што тоа би можело да го расипе пријателскиот однос кој го имате. Доколку сте во врска или брак тоа дополнително ги комплицира работите.

Бонбониера со марципан

Кога сонувате дека јадете бонбониера со марципан, тоа укажува на некои многу убави моменти. Можеби партнерот/партнерката ќе ве изненади со романтична вечера или кратко патување. Тоа ќе ги обнови „заспаните“ страсти и повторно ќе се чувствувате како на почетокот на врската. Доколку сте моментално сами, можен е флерт со интересна и привлечна личност.

Ако во вашиот сон некој друг јаде бонбониера со марципан, тоа значи дека се плашите дека некој може да открие ваша тајна. Станува збор за нешто што долго го криете од страв дека ќе наидете на осуда од околината. За тоа знаат само членовите на вашето семејство, а дополнителен проблем создава тоа што со некои од нив сте во кавга и се плашите дека во афект би им раскажал на другите за што се работи.

Бонбониера со млечно полнење

Доколку во сон јадете бонбониера со млечно полнење, можно е наскоро да чуете некој од пријателите или членовите на семејството дека очекува принова. Таа вест многу ќе ве израдува, затоа што ќе знаете дека тој/таа на детето ќе му пружи многу љубов и нежност.

Кога сонувате како други јадат бонбониера со млечно полнење, тоа значи дека некој ви завидува на животот кој го живеете, но тоа никогаш не би ви го рекол/ла во лице. Веројатно сте забележале дека некои пријатели престанале да ви се јавуваат, па сте се уплашиле да не сте кажале или сте направиле нешто лошо. Треба да бидете свесни дека не е проблемот во вас, туку во тоа што некои лица едноставно не можат да поднесат туѓ успех. Продолжите да живеете како ви одговара и не се осврнувајте на злонамерни коментари.

Мешана бонбониера

Ако сонувате дека јадете бонбониера со различни вкусови, тоа имплицира дека во животот ви недостасува возбудување. Сте западнале во монотонија и никако да се извлечете од неа. Колку и да ви е драго што моментално немате поголеми турбуленции, толку би сакале што било да се случи. Сфатете дека сте сами режисер на својот живот и направете нешто за што долго фантазирате, без разлика на тоа што некој би можел да ве осудува поради тоа.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Можеби сте добиле бонбониера од саканата личност, па тоа ви оставило впечаток. Исто така, ако сте на диета, можно е да копнеете по слатки кои не смеете да ги јадете.

Дефиниција за бонбониера

Бонбониера е слатко со разни облици и вкусови кои најчесто се подаруваат во посвечени прилики.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg