Босилек

Term Main definition
Босилек

Кога во сон берете босилек, тоа укажува на среќа во љубовта.

Што значи да сонувате босилек?

Ако берете босилек во сон

Доколку сонувате дека соберете босилек, тоа ја симболизира среќата во љубовта. Ќе имате хармоничен однос со вашиот партнер кој со секој ден ќе станува сè постабилен. Ќе можете околу сè да се договорите и ќе функционирате подобро од кога било.

Во наредниот период ќе имате повеќе време еден за друг и ќе го искористите за уште подобро да го запознаете партнерот. Наскоро ќе ви стане јасно дека тој е личноста што ја посакувавте и со која би сакале да имате семејство.

Ако сонувате дека мирисате босилек

Кога во сон мирисате босилек, тоа значи благосостојба. Вашето секојдневие ќе биде исполнето со многу убави нешта што ќе ве направат среќни. Ако за сè реално размислите, ќе можете да заклучите дека многу сте напредувале и дека трудот што сте го вложиле за подобрување на квалитетот на вашиот живот се исплатеше. Ќе бидете горди на сè што сте постигнале и тоа ќе ви даде мотив да продолжите да работите на себе.

Ако јадете босилек во сон

Сонувањето дека јадете босилек укажува на хармонија во семејството. Многу сте  приврзани за родителите и се трудите секој слободен момент да го минете со нив. Доколку не живеете заедно, повеќе време ќе поминувате во нивната куќа отколку во вашата. Со нив ги споделувате сите убави и грди работи и секогаш сте подготвени да ги прифатите советите и да научите нешто ново од нив.

Ако сонувате дека подготвувате јадење со босилек

Ваквите соништа укажуваат на тоа дека со својата позитивна енергија го привлекува вниманието на спротивниот пол. Во моментов сте во фаза кога сте прилично задоволни од својот изглед, а тоа го забележуваат и жените и мажите. Во секое ваше движење и гест се гледа самодовербата, па многу луѓе ќе сакаат да ви пријдат деновиве. Можни се и средби со многу интересни луѓе.

Ако сонувате дека садите босилек во саксија

Ако сонувате дека садите босилек во саксија, тоа значи дека ќе ве израдува некоја ситница. Можеби некој ќе ви даде комплимент или подарок што ќе ве направи многу среќен. Ќе уживате во времето што го поминувате со оние што ги сакате и помалку ќе се грижите за секојдневните проблеми.

Доколку во вашиот сон други садат босилек во саксија, потсвеста ве предупредува дека треба да бидете потрпеливи. Не дозволувајте избрзани одлуки да ви ги расипат плановите.

Ако садите босилек во градина

Кога во сон садите босилек во градина или на нива, тоа подразбира дека ќе успеете  да ги реализирате големите планови. Доколку сте размислувале да започнете сопствен бизнис, ова е идеално време за тоа. Слушајте ги советите на поискусните луѓе, но не дозволувајте коментарите на оние кои не веруваат во вашата идеја да ве поколебаат. Докажете им дека не биле во право. Доколку веќе имате приватна фирма, време е да ги проширите капацитетите.

Ако во сон гледате други како садат босилек во градина, потсвеста ве предупредува дека е време да се „тргнете“. Предолго чекавте среќата да ве побара. Сега е време да ја барате вие неа. Поставете си цел што ќе ве мотивира секој ден да бидете подобри и да работите повеќе. Единствено така успехот нема да недостасува.

Ако сонувате сушен босилек

Сушениот босилек како зачин во сон симболизира љубов и страст. Можеби имате тајна симпатија за која често фантазирате, но се плашите да му/ѝ пристапите. Веројатно тој/таа исто така покажува некои сигнали, кои ве охрабруваат, но не доволно за да го направите првиот чекор. И покрај тоа што ништо не се случило, вие често се наоѓате себеси како размислувате за него/неа.

Луѓето кои се во брак или во долга врска ги очекуваат убави моменти со партнерот за време на кои ќе се чувствуваат како на почетокот на врската.

Ако сонувате цвет од босилек

Ако во сон видите цвет од босилек, можно е да запознаете влијателна личност која може да ви помогне да најдете работа или да напредувате во кариерата. Сепак, ќе мора да се потрудите да му/ѝ докажете дека вредите. Започнете од тоа да не  изгледате наметливо, бидејќи многу успешни луѓе токму оваа особина ги одбива. Дискретно и трпеливо градете го тој однос, па дури тогаш тргнете во „акција“.

Ако сонувате семе од босилек

Доколку во сон видите семе од босилек, тоа значи дека ќе добиете многу корисен совет од помлада личност. Ако имате син или ќерка, можеби ќе бидете изненадени од неговото/нејзиното познавање на таа тема. Ќе сфатите дека покрај вас растат паметни и љубопитни млади луѓе. Сознанието дека сте воспитале такво дете/деца ќе ве направи горд.

Ако купувате босилек

Кога во сон купувате босилек, тоа подразбира дека ќе најдете работа или ќе ја промените постоечката работа. Во секој случај, тоа во исто време ќе ве израдува и ќе ве исплаши, иако немате причина за страв затоа што знаете многу за таа област. Во нови проекти влезете со малку поголема самодоверба, со што ќе ги „заработите“ наклоностите на шефовите и колегите од работа и ќе стекнете мотивација да се докажувате.

Ако продавате босилек

Ако сонувате дека продавате босилек, тоа значи дека во блиското опкружување ќе  имате личност која ќе се потруди да ви даде погрешни информации за да ве спречи во намерата да постигнете некаков успех или придобивка.

Можете да го/ ја испреварите доколку внимателно бирате кому му зборувате за своите идеи, планови и стравови. Не им се доверувајте на луѓе за кои не сте сосема сигурни дека немаат лоши намери, а тоа се главно членовите на семејството и блиските пријатели.

Ако подарувате босилек

Доколку во сон му подарите босилек на некого кого го познавате, тоа значи дека тој/ таа ви „прираснала“ до срцето. Вашите енергии се поклопиле и уживате да поминувате време заедно. Ако, пак, во сон подарите босилек на непозната личност, тоа значи дека некој што многу го сакате ќе ве разочара. Ќе помине многу време пред да го/ја погледнете повторно со истите очи.

Ако добиете босилек на подарок

Сонувањето дека некој ви подарува босилек укажува на нова романтична врска. Во блиска иднина би можеле да се вљубите како никогаш порано во животот, а што е уште поубаво, вашиот партнер ќе ги покаже истите чувства. Ќе сфатите дека тоа е она за што сонувавте долго време, но во исто време ќе се плашите нешто да не ви ја расипе среќата.

Верувајте во себе и на своите чувства и допуштете да ве водат низ животот. Ако постојано се сомневате во нешто, ќе внесете нервоза во тој однос, што воопшто не е добро. Едноставно, допуштете си конечно да уживате во љубовта.

Оние кои се во долга врска или брак, благодарение на вниманието што го добиваат од партнерот, ќе сфатат дека се навистина среќни покрај таа личност.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте купиле босилек или сте го користеле во исхраната, тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за босилек

Босилекот е едногодишна зелјеста зачинска билка од семејството Lamiaceae која се користи во исхраната на луѓето.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg