Бонбони

Term Main definition
Бонбони

Јадење: ненадејно ќе се вљубите; добивање: ќе добиете љубовна понуда.

Што значи да сонувате бонбони?

Ако сонувате дека јадeте бонбони

Ако во сон јадете бонбони, тоа значи дека ќе се вљубите. Во претходните врски не сте имале многу среќа и не сте го наоѓале она што ви е потребно. Вие знаевте дека  чувствата не ви се во целост возвратени. Бидејќи почнавте да губите надеж дека ќе го пронајдете вистинскиот, нема да обрнувате внимание кога некој ќе покаже интерес за вас.

Меѓутоа, ќе запознаете личност која ќе има доволно разбирање за да ве сослуша и да ве посоветува.

Во тешки моменти ќе ви даде поддршка и многу брзо ќе се опуштите и ќе заборавите на неуспесите што сте ги имале во претходните врски. По неколку месеци ќе сфатите дека сте ја пронашле личноста за цел живот.

Друга можност е да сте на диета што забранува внесување јаглехидрати, па затоа можете да јадете слатки само во сон.

Ако добиете бонбони во сон

Кога сонувате дека сте добиле бонбони, тоа подразбира дека ќе имате љубовна понуда. Можно е да ви се додворува личност која нема да ви се допадне на прв впечаток. Меѓутоа, вашата рамнодушност ќе го заинтересира уште повеќе и тој ќе стори сè за да ве освои. Ќе ви подготвува разни изненадувања и ќе ви купува подароци за да го привлече вашето внимание.

Ако подарувате некому бонбони во сон

Сонувањето дека вие подарувате бонбони симболизира невозможна љубов. Ќе засакате некого со кого нема да можете да бидете во врска. Причината за ова може да биде далечина, друга личност, возраст и слично. Долго ќе страдате и нема да сакате да излегувате и да запознавате други луѓе.

Ќе бидете свесни дека си нанесувате штета, но нема да сакате да започнете нова врска сè додека не расчистите со минатото.

Ако купувате бонбони

Доколку во сон купувате бонбони, тоа значи дека конечно ќе успеете да се изборите со материјалните проблеми. Ќе имате доволно пари да ги сервисирате сите свои потреби, но и да се направите среќни себеси и оние што ги сакате. По долго време ќе можете безгрижно да уживате во животот и времето поминато со семејството и пријателите.

Ако продавате бонбони

Ако сонувате дека продавате бонбони, тоа значи дека ви претстои многу тежок период. Ќе бидете тажни и депресивни поради непријатните настани што се зад вас. Ќе се чувствувате вознемирено и ќе ви недостига сила и волја да продолжите понатаму.

Мотивација би можеле да ви дадат најмладите членови на семејството, поради кои ќе одлучите да излезете од летаргијата и храбро да се соочите со секој нов предизвик.

Ако крадете бонбони

Кога сонувате дека крадете бонбони од некого кого го познавате, тоа укажува на фактот дека сте станале целосно зависни од нив. Се чувствувате како паразит бидејќи сте се довеле во таква ситуација што не можете да се грижите сами за себе. Ако неодамна сте останале без работа или не можете да најдете работа, овој сон е последица на загриженост.

Истото важи и ако парите што ги заработувате не можат да ги покријат сите ваши трошоци.

Доколку, пак, сонувате дека крадете бонбони од продавница, тоа симболизира љубомора или завист. Веројатно некој од вашите пријатели го има она за што вие сонувате. Подобра работа, поголема заработка или партнер каков што вие сакате.

Сметате дека вие повеќе од него/неа заслужувате да го имате сето тоа. Ваквото  размислување ве јаде и наместо што се мачите, започнете да барате начини да го постигнете и сами тоа за што сонувате.

Ако сонувате дека некој ви украл бонбони, тоа значи дека ви се чини дека луѓето ве искористуваат. Вие се поставивте така што секој може да смета на вашата помош и поддршка, и сите започнаа да очекуваат да ги занемарите сопствените обврски и потреби поради нив.

Мора да бидете свесни дека само вие можете да го промените тоа. Понекогаш треба да кажете „не можам“, „нема“ или „немам време“. Верувајте дека нема ништо лошо во тоа.

Ако криете бонбони

Сонувањето дека криете бонбони од другите ја симболизира потребата да бидете сами. Можно е да сте опкружени со толпа луѓе, дома или на работа. Досега ова не претставуваше проблем за вас, но влеговте во фаза кога ви недостасува вашиот мир. Би сакале да уживате во осаменост, да читате книга, да гледате филм или едноставно да не морате да комуницирате со никого во одреден дел од денот.

Разговарајте со вашите најблиски и кажете им како се чувствувате. Тие сигурно ќе имаат разбирање за вас затоа што и вие ним им дадовте многу.

Ако правите бонбони

Ако сонувате дека сами правите бонбони, тоа значи дека сте презеле премногу обврски на себе. Со оглед на тоа што сте вредна и одговорна личност, многумина се сигурни дека правилно ќе ја завршите секоја задача што ви е дадена. Тоа е добра особина, но водете сметка дека премногу работа може негативно да влијае на вашето здравје.

Чоколадни бонбони

Чоколадните бонбони во сон се знак на привлечност. Зрачите со позитивна енергија што е многу привлечна за луѓето од спротивниот пол. Имате голема самодоверба и тоа се гледа. Ве очекуваат бројни покани за состаноци, а некои од нив би можеле да бидат многу интересни.

Ако сте во долга врска или брак, внимавајте да не паднете во стапица и тој безопасен флерт да не ја загрози вашата врска со саканата личност.

Ментол бонбони

Ако во сон видите бонбони со ментол, тоа значи дека во блиска иднина би можеле да запознаете нови, интересни луѓе и да го проширите кругот на пријатели и познаници. Тоа ќе ви годи затоа што веќе долго време сте опкружени само со оние кои имаат ставови и мислења слични на вашите. Со тоа би можеле да ги проширите  своите видици и да гледате на животот од друга перспектива.

Тврди бонбони

Доколку сонувате дека јадете тврди бонбони, тоа значи дека треба да забавите и да уживате во животот. Време е да застанете и да погледнете  сè што сте постигнале досега. Честопати сте незадоволни од многу работи и го занемарувате она поради  што би требало да бидете среќни. Наместо да трчате по пари, посветете дел од своето време на семејството и пријателите.

Гумени бонбони

Сонувањето дека јадете гумени бонбони значи дека изборот на факултет или работа ќе ги надмине вашите очекувања. Доколку неодамна сте се запишале на студии кои не биле ваш прв избор или сте прифатиле работа за која се врзани разни стереотипи, можеби ќе бидете позитивно изненадени. На некои работи, исто како и луѓето, треба да им се даде шанса.

Овошни бонбони

Кога сонувате дека јадете овошни бонбони, потсвеста ве предупредува дека сте го занемариле здравјето поради работата. Поминувате премногу време на работа, а тоа ви е изговор за да избегнете редовни систематски прегледи. Само затоа што немате никакви симптоми, не значи дека вашето здравје треба да биде на последно место.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте јаделе или сте добиле бонбони, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за бонбони

Бонбоните се тврди слатки кои се прават од шеќер со додавање бои и ароми.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg