Брана

Term Main definition
Брана

Ако видите: несреќа, штета, повторно размислете за своите планови; ако паднете во неа: ги заборавате обврските.

Што значи да сонувате брана?

Ако видите брана на река

Ако во сон видите брана на река, тоа укажува дека треба повторно да размислите за вашите планови. Доколку имате намера да отворите фирма, можно е да имате поголеми трошоци и помала заработувачка од онаа која ја очекувате. Ќе бидете нереални и вашите барања ќе стануваат секој ден сè поголеми.

Исто така, нема да го сметате времето кое е потребно да го поминете работејќи, затоа што во почеток целата одговорност ќе биде на вас. За вас би било најдобро да се спуштите на земја и да ги послушате добронамерните совети од околината.

Ако паднете од брана

Кога сонувате дека сте паднале од брана на река, тоа подразбира дека ги заборавате обврските. Можно е да бидете немарни затоа што ви е потребен одмор. Сите од вас ќе очекуваат да им бидете поддршка и да одвоите време за нив. Ќе дојдете до заклучок дека единствено себеси се запоставувате. Ќе се обидете да ја промените таа лоша навика и малку повеќе да се посветите на работите кои ве прават среќни.

Друго значење на овој сон е дека ќе ги заборавите обврските затоа што ќе почувствувате дека ништо не ви оди од рака. Нема да бидете задоволни со она што сте го постигнале и во сè што работите ќе барате мани. Тоа незадоволство ќе ве направи незаинтересирани за работите кои се случуваат околу вас. Ќе морате да се тргнете доколку сакате овој лош период конечно да заврши.

Ако сонувате дека градите брана

Доколку сонувате дека градите брана, тоа укажува на тоа дека сте разочарани, повредени или депресивни. Веројатно неодамна сте воделе комплициран разговор со партнерот, сте се скарале со пријател или со член од семејството или сте имале тежок ден на работа. Во секој случај тоа оставило силен впечаток на вас, па во сон сте почнале да градите брана која ќе ве заштити.

Ако во вашиот сон некој друг гради брана, тоа значи дека во блиска иднина ве очекуваат бројни деловни предизвици. Можно е поради работата да бидете под стрес, а дополнителни проблеми ќе ви направи тоа што нема да имате време да се посветите себеси и на своето семејство. Добра вест е што оваа фаза нема да трае предолго, но ќе морате да донесете одлука дали да останете на моменталната позиција или да ја менувате работата.

Ако уривате брана во сон

Кога сонувате дека уривате брана, тоа значи дека ве очекуваат многу убави моменти со некоја интересна личност. Можно е тоа да биде дружење со партнерот или пријателите, или дури со некој што тукушто сте го запознале. Ако сте повикани на вечера или кафе, прифатете го повикот затоа што сигурно нема да се покаете, туку, токму спротивно.

Сонувате дека други уриваат брана укажува на опасност. Некој се обидува да ве оцрни пред други луѓе. Користи многу подмолни методи, така што не можете да му влезете во трага. Веројатно се работи за колега од факултет или работа кој сака да се наметне на професорите или на надредените „преку ваш грб“. Бидете многу внимателни и обрнете внимание на тоа кому се доверувате.

Ако палите брана

Доколку сонувате дека палите брана, тоа значи дека ќе го промените мислењето за личноста која неодамна сте ја запознале. Вашиот прв впечаток за него/неа не бил баш позитивен. Меѓутоа, кога ќе го/ја подобро запознаете ќе сфатите дека инстинктот ве излажал. Можеби дури ќе почнете и почесто да се дружите, па познанството би можело да прерасне во прекрасно пријателство.

Ако во сон видите како други уриваат брана, тоа симболизира страв од непознато. Можеби ќе добиете прилика поради работа да го промените местото на живеење, но многу ќе се плашите како ќе се снајдете во друг град. Освен тоа, фактот дека таму никого не познавате дополнително ќе го зголеми вашиот страв.

Сепак, морате да мислите на својата иднина па за вакви работи во вашиот живот моментално нема место. Ќе стиснете заби и ќе отпловите во непознато. Ќе биде тоа една од вашите најдобри одлука.

Бетонска брана

Кога сонувате цврста бетонска брана која не е лесно да се урне, тоа значи дека сте личност која има јак карактер. Многу држите до своите ставови, никогаш не го правите она што не сакате некој вам да ви го направи и ги почитувате пријателите, соработниците и семејството.

Сè се тоа одлични особини, но со оглед дека не живееме во совршен свет, често можат да ве доведат до лудило. Не можете да прифатите луѓе кои го менуваат мислењето, не ја работат својата работа и се обидуваат на разни начини да дојдат до пари и успех. Поради тоа понекогаш сте многу несреќни.

Ќе сфатите дека не живеете во идеално друштво и дека едноставно морате да се приспособите на тоа.

Дрвена брана

Ако во сон видите дрвена брана на река, тоа значи дека ќе ви се оствари желбата да отпатувате на краток одмор со драга личност. Ќе успеете да соберете пари и да најдете слободно време за да се одморите и при тоа да запознаете некое ново место.

Веројатно тоа нема да биде позната туристичка дестинација, туку локација за која знаат само „локалци“. Со тоа ќе избегнете големи гужви и ќе можете да уживате во мир.

Висока брана

Доколку сонувате висока брана од која тече вода во слапови, тоа симболизира емоционална блокада. Проаѓате низ тежок период, прилично сте анксиозни и депресивни, но немате желба со некого да разговарате за тоа. Едноставно, сметате дека тоа би било бесмислено и дека кризата во која моментално се наоѓате ќе помине сама од себе.

Сепак, можеби би требало да позборувате со стручњак, затоа што така ќе бидете сигурни дека нема да ве замараат со непотребни прашања. Заедно би можеле да ги откриете причините за состојбата во која се наоѓате.

Ниска брана

Сон во кој гледате ниска брана од песок или чакал укажува на осаменост. Вие сте личност која многу тешко склопува нови пријателства. Имате бројни познаници, но со нив не разговарате за важни работи. Вашите планови и желби ги знае само потесниот круг на луѓе и тоа веројатно е добра работа.

Она што е лошо е што во друштво се поставувате така што никој не може да ви пријде. Морате да бидете малку поотворени и покомуникативни и да им дозволите на луѓето да ви се приближат, тоа не мора да значи дека ќе ве повредат.

Масивна брана

Ако сонувате масивна брана изградена од бетонски блокови кои пропуштаат огромна количина на вода, тоа значи дека се плашите оти вашата тајна би можела да биде откриена. Веќе подолго време молчите за тоа затоа што се плашите како вашите сакани ќе реагираат кога ќе дознаат што сте направиле. Повеќе сте загрижени поради потенцијално разочарување, од последиците од тоа што сте го направиле.

Значењето може да биде и многу поедноставно. Ако неодамна сте виделе брана во живо или на телевизија, тоа ви оставило впечаток кој од јаве сте го пренеле на сон.

Дефиниција за брана

Браната е градба преку водотек која служи за подигнување на нивото на вода.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg