Брчки

Term Main definition
Брчки

На чело: ќе западнеш во неволја; на лице: не мислиш на старите денови.

Што значи да сонувате дека имате брчки?

Ако сонувате збрчкано лице

Доколку сонувате нечие збрчкано лице, тоа предупредува дека ќе наидете на неволја. Веројатно ќе им зададете многу грижи на сите во вашата околина затоа што ќе започнете да се дружите со луѓе кои имаат лоша репутација. Само вие нема да бидете свесни за лошото влијание што ќе го имаат врз вас.

Ќе се однесувате непрепознатливо и ќе правите работи на кои не сте помислувале порано. Ќе имате чувство дека можете да се опуштите само во тоа друштво и дека тие најдобро ве разбираат.

Ако сонувате дека имате брчки на лицето

Кога сонувате дека имате брчки на лицето, тоа укажува дека не мислите за старите денови. Во вашиот случај ќе важи изреката дека младоста е лудост. Ќе посакате да ја искористите максимално, за во староста да не се каете за работите што не сте ги направиле. Ќе живеете брзо и ќе се трудите да го остварите секој каприц.

Вие нема да ги слушате коментарите на околината дека треба да се смирите и да создадете семејство.

Отстранување на брчките од лицето во сон

Сонувањето дека сте ги отстраните брчките од лицето значи дека не сакате да ја прифатите вистината. Ќе одбивате да поверувате во нешто за што ќе имате очигледни докази дека е вистина. Повеќе сакате да глумите дека ништо не се случило.

Ова ќе трае додека не се ви пукне филмот и реакцијата во тој момент ќе биде многу побурна од онаа што би ја имале на почетокот.

Брчки на челото

Ако сонувате дека имате брчки на челото, тоа значи дека конечно ќе станете свесни за своите квалитети. Вие сте личност која гледа на работите доста реално. Не ви е тешко да прифатите дека другите луѓе се подобри или поуспешни во работите што ги работат.

Во сето ова понекогаш почнувате да се потценувате, што е многу лошо за самодовербата. Сепак, еден настан во иднина ќе ве натера конечно да сфатите дека поседувате многу повеќе квалитет отколку што мислевте.

Ако ги отстранувате брчките од челото

Сон во кој ги отстранувате брчките од челото е предупредување да ги промените  приоритетите. Вложивте многу време и пари во нешто што е осудено на пропаст. Ставете го здравјето на прво место, за во иднина да не зажалите поради негрижата за своето тело.

Брчки на вратот

Доколку сонувате дека имате брчки на вратот, тоа подразбира дека сте премногу оптоварени со тоа што околината го мисли за вас. Вам ви е многу важно за сè што работите да имате поддршка и разбирање, па затоа сте позагрижени за тоа што другите ќе кажат, отколку за тоа дали сте вие среќни и задоволни.

Многу е тешко да се живее со тој товар. Време е да се опуштите и да верувате во себе и своите инстинкти, дури и ако понекогаш ве одведат во погрешна насока.

Ако сонувате дека ги затегнувате брчките на вратот

Сонувањето дека ги затегнувате брчките на вратот значи дека имате потреба постојано да бидете во центарот на вниманието. Често ви се чини дека семејството и пријателите занемаруваат сè што сте направиле за нив. Затоа постојано барате причини тие да се грижат за вас.

Мислите дека е сосема природно да им бидете на прво место и многу ви пречи кога не ве известуваат за сè што им се случува во животот. За среќа, тие се навикнати да ја игнорираат вашата посесивност и себичност, па не ги доживуваат трагично сите тие критики.

Брчки на градите

Доколку жената сонува брчки на градите, т.е. деколтето тоа укажува на недостиг  на самодоверба кога станува збор за физичкиот изглед. Ако земеме предвид дека секоја жена има моменти кога не се чувствува привлечно и добро во својата кожа, овој вид сон е директна последица на таквото размислување.

Доколку овој сон се повтори повеќе од неколку пати по ред, ќе мора да поработите на комплексите што ги имате.

Брчки на рацете

Брчките на рацете ја симболизираат вашата грижлива природа. Вие сте личност која ужива да им помага на другите и никогаш не ви е тешко да се најдете кога им требате на пријателите. Затоа ве сакаат и ве ценат сите, но често ви се случува  колегите на работа да ве искористуваат.

Работејќи ја нивната работа може да добиете наклоност, но не и почит. Не дозволувајте другите да ги преземаат заслугите за работата во која вие сте го вложиле своето време и енергија.

Ако сонувате постепено стареење на лицето

Доколку во сон гледате како вашето лице старее и се збрчкува, тоа значи дека искуството ќе ви помогне да се изборите со некоја непријатна ситуација. Можно е да се најдете во неприлика поради незнаење, но „ќе се извлечете на шармот“.

Сепак, бидете внимателни, бидејќи овој мал трик нема да биде успешен секој пат.

Ако сонувате постепено стареење на рацете

Ако во сон видите дека рацете ви стануваат прекриени со брчки, тоа подразбира дека ќе мора да вложите многу труд и работа за да постигнете успех. Тоа ќе биде макотрпна и долгорочна работа која ќе бара доста енергија и трпение. Ќе има моменти на недостиг на мотивација и верување дека е најдобро да се откажете од сè, но блиските пријатели ќе ви помогнат да продолжите.

Ќе научите никогаш да не се откажувате од патот кон остварување на своите соништа.

Ако сонувате многу избрчкани лица

Доколку во сон видите многу избрчкани лица, тоа значи дека годините ќе ви донесат трпеливост и толеранција што ги немавте во младоста. Ќе сфатите дека порано многу сте се нервирале и сте се грижеле за работи кои не сте можеле да ги промените.

Поради тоа, често сте го загрозувавте своето здравје. Сепак, со текот на времето научивте да се чувате и својата енергија и време да ги насочите кон вистинските работи.

Ако сонувате избрчкано бебе или дете

Иако се многу застрашувачки и потресни, ваквите соништа немаат негативно значење. Доколку во сон гледате бебе или дете чие лице изгледа старо, тоа ги симболизира убавите моменти што ве очекуваат во блиска иднина. Можеби ќе се сретнете со пријатели или семејството или ќе видите некој што многу ви недостигал. Во секој случај, ви претстојат многу убави и пријатни моменти.

Ако маж сонува избрчкана жена, тоа значи дека жали за пропуштените можности. Веројатно честопати се прашувате дали сте донеле правилни одлуки во даден момент затоа што ви се чини дека сте можеле да постигнете многу повеќе во животот. Станува збор за недостиг на волја и мотивација и, за среќа, за фазата што е  минлива.

Доколку жена сонува избрчкан маж, тоа ја симболизира потребата за заштита. Нејзе ѝ недостига татковска фигура, некој на кој може да се потпре во секој момент.

Ваквите соништа честопати се придружени со разни емоции, како што се тага, разочарување, лутина, па дури и омраза. Најчеста причина зошто ги сонуваме е стравот од стареење.

Значењето на сонот може да се поедностави. Доколку сте ги забележале првите брчки или размислувате како да се борите против нив, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за брчки

Брчките се емоции врежани во човековото лице и тело и се природен показател на стареење.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg