Булдог

Term Main definition
Булдог

Гледање булдог во сон значи дека ќе имате проблеми со законот.

Што значи да сонувате булдог?

Ако гледате булдог во сон

Ако во сон гледате булдог, тоа предупредува на проблеми со законот. Можно е да сте направиле нешто на што не сте многу горди и што ќе ви предизвика проблеми во иднина. Ќе бидете принудени да ангажирате адвокат и подготвите одбрана која би успеала да ви избори најмала можна казна.

Иако не сте плашливи, нема да ви биде сеедно додека ја чекате пресудата.

Ако шетате булдог

Кога сонувате дека шетате булдог, тоа симболизира сила. Во наредниот период вашата самодоверба ќе расте затоа што покрај себе ќе ја имате личноста која ви влева сигурност. Тоа може да биде пријател или момче/девојка. Ќе ви годи вниманието кое таа личност ќе ви го пружи, како и коментари од околината кои едвај ќе дочекаат да дознаат кој е тоа.

Ако други луѓе шетаат булдог

Доколку во сон видите други како шетаат булдог, тоа укажува на ниска самодоверба и длабоко вкоренети комплекси. Ќе морате да поработите на тоа затоа што имате многу квалитети за кои не сте ни свесни. Тоа што некој ќе ви даде комплимент не значи дека сака да ви ласка, туку дека навистина така мисли.

Ако сонувате дека ве нападнал булдог

Сон во кој ве напаѓа булдог може да го одразува вашето однесување кон луѓето. Потсвеста ве предупредува дека е време да престанете да бидете арогантни и безобразни и да не гледате на другите од висина. Колку и да сте успешни или богати не смеете себеси да си дозволите да станете арогантни. Скромноста е доблест на квалитетни луѓе, имајте го тоа на ум.

Ако сонувате дека булдог нападнал некој друг

Кога сонувате дека булдог нападнал друга личност, тоа значи дека некој се обидува да ве искористи за да оствари некои свои цели. Сте се зближиле со личност која го гледа само сопствениот интерес и вашето пријателство не ѝ значи многу.

Ќе се испостави дека преку вас се обидува да добие подобро работно место или да стане поценет/а во друштво. За среќа, ќе го забележите тоа на време, па брзо ќе се ослободите од него/неа.

Ако сонувате дека ве каснал булдог

Сонувањето дека ве каснал булдог подразбира дека ќе ве повреди пријател. Иако сте знаеле за каква личност се работи, сте се надевале дека кон вас нема да се однесува како кон другите. Веројатно вашиот пријател е на лош глас, но вие сте верувале дека имате посебно место во неговиот живот.

Ако сонувате дека булдог каснал некој друг

Ваквиот сон укажува на тоа дека работата со која моментално се занимавате „гуши“ многу ваши таленти. Моментално немате можност да покажете што сè умеете и тоа почнало да ви пречи. Креативна личност сте и имате добри идеи. Обидете се тоа да го претворите во хоби кое после некое време би можело да ви носи и заработка.

Ако сонувате дека ве брка булдог

Кога сонувате дека ве брка булдог тоа симболизира немир, мачнина и страв. Можно е да се соочите со неволји во љубовниот живот, поради кои ќе посакате да „избегате“ од таа врска или брак. Ако не сте среќни, немојте тоа да го криете.

Обидете се да разговарате со партнерот и заедно да пронајдете некое решение. Дајте си прилика себеси и нему/нејзе, па ако видите дека тоа не оди, направете го она што е неопходно.

Ако сонувате дека булдог брка некој друг

Ако во сон булдог брка некој друг, тоа значи дека некој ве навредил и дека сте одлучиле да изреагирате. Вашата реакција предизвикала конфликт, поради кој сте се исплашиле дека ќе ја изгубите саканата личност. Внимавајте на своето однесување и немојте „тешките зборови“ да ги оправдувате со својот карактер. Такви аргументи ретко кој ќе ви толерира.

Ако купувате булдог

Кога сонувате дека купувате булдог можно е дека некој ќе ја изневери вашата доверба. Можеби ќе се посомневате дека партнерот ве изневерува, па ќе се посветите на барање докази за своите сомнежи. Најдобро би било отворено да разговарате со него/неа, со оглед на тоа дека го/ја познавате одлично, ќе знаете дали ви ја зборува вистината или не.

Ако продавате булдог

Ваквиот сон укажува на тоа дека ќе имате многу проблеми да се подготвите за испит или да совладате некоја вештина која ви е потребна за работа. Сепак, тоа е ваша добро позната особина, но познато е и тоа дека, кога нешто ќе совладате, станувате експерт во таа област. Потрудете се да ја задржите мотивацијата за тоа да го доведете до крај.

Ако подарите булдог

Доколку сонувате дека некому сте подариле булдог, тоа значи дека имате заштитник. Некоја личност во вашето опкружување води сметка за сè што ви се случува и се обидува да ве заштити од неправда. Можно е да станува збор за постар колега или професор на факултет кои ги препознале вашите квалитети и ја ценат вашата ненаметливост. Затоа се трудат да бидете чесно наградени за својот труд.

Ако добиете булдог за подарок

Ваквиот сон укажува на тоа дека сте дружељубива личност и дека имате многу доблести кои луѓето ги ценат. Во секој момент можете да сметате на помош од пријателите. Таков третман сте заслужиле со фактот дека и вие сте подготвени да им помогнете на оние кои ви се драги.

Ако храните булдог

Ако во сон храните булдог, потсвеста ве предупредува дека сте полни со предрасуди кои ве спречуваат некои луѓе да ги видите во вистинско светло. Си дозволувате да судите без докази, само поради сопствени уверувања. Време е тоа да го промените и да им пружите на другите шанса да покажат какви се навистина.

Доколку во вашиот сон некој друг храни булдог, тоа значи дека без причина ќе се исплашите за здравјето на саката личност. Тестовите ќе покажат дека болеста не е сериозна, па со правилна терапија ќе дојде до целосно излекување.

Ако изгубите булдог

Кога сонувате дека сте изгубиле булдог тоа значи дека ќе се најдете во ситуација да ви треба помош или заштита од семејството, пријателите или колегите. Освен тоа, симболизира чувство на празнина и осаменост. Можеби сте изгубиле некој кој цел живот ви пружал поддршка и заштита, па жалоста за драгата личност сте ја пренеле на сон. Можно е близок пријател да одлучил да се пресели во друг град, па затоа ве мачат вакви соништа.

Ако сонувате дека некој друг изгубил булдог, тоа подразбира дека би требало да се откажете од вложувања во недвижнини или купување некој скап автомобил или апарат за домаќинство. Таа инвестиција во овој момент нема да ви се исплати.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако вашето милениче е булдог, тоа сигурно влијаело на вас да го сонувате. Доколку неодамна сте виделе булдог и сте се исплашиле, таа случка се рефлектирала и во вашата потсвест.

Дефиниција за булдог

Булдог е куче со средна големина кое има кратко и дебело тело, силни заби и по потекло е од Англија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg