Був

Term Main definition
Був

Ако  видите був на сон тоа значи дека ве очекува несреќа, а ако го слушнете значи лоши вести во семејството.

Што значи да сонувате був?

Ако сонувате був

Ако видите був на сон тоа предупредува на несреќа. Ви претстои лош период кога секое дејство што ќе го преземате ќе резултира со несреќа.  Нештата ќе се одвиваат спротивно од вашите очекувања, па ќе одлучите да престанете со бесмисленото планирање и да им се препуштите на настаните, без оглед на нивниот исход. 

Ако слушнете був на сон

Ако сонувате дека слушате був на сон тоа имплицира дека ќе добиете лоша вест. Можеби ќе биде поврзано со одговорот кој го очекувате во врска со работата или со патувањето во странство. Многу труд сте вложиле за да ја остварите оваа ваша далечна желба, но за жал нема да биде возможно да се реализира во даден момент.

Ако бркате куќ на сон

Ако бркате куќ на сон тоа значи дека ќе се пресметате со непријателите. Веројатно веќе долго време го трпите теророт на личноста која си дава за право да ве омаловажува и потценува. Меѓутоа, ќе сфатите дека имате избор и дека не морате да останете со некого кој не ве почитува. Тоа може да се однесува на партнерот, пријателот или шефот.

Ако некој друг брка був на сон

Сон во кој гледате како други бркаат був претставува предупредување дека својата среќа не треба да ја градите врз туѓа несреќа. Не поради тоа што е лошо од морален аспект, туку затоа што никогаш не знаете кога ќе ви се врати како бумеранг. Едноставно, не правете го она што не сакате да ви го прават вам.

Ако сонувате дека галите був

Доколку на сон галите був или го имате како домашно милениче тоа значи дека ќе научите да живеете со своите недостатоци. Долго време не сте можеле да се прифатите себеси и постојано сте барале причини да бидете несреќни.

Иако другите често ви говореле дека вредите, вие сте тежнееле за недостижни цели поради кои се чувствувате неуспешно. Во наредниот период ќе сфатите дека со таков став нема ништо да постигнете и дека крајно време е да се тргнете и да преземете одговорност над вашиот живот, каков и да е.

Ако сонувате дека некој друг гали був

Кога сонувате дека некој друг мази був тоа имплицира дека во блиска иднина некој ќе ви го врати доброто дело. Вие сте личноста која радо им помага на луѓето. Немате проблем да застанете на страната на некого или да му кажете убав збор кога е потребно.

Кога следниот пат ќе се најдете во неволја, ќе имате сојузник кој ќе ви јави за да ви ја врати услугата. Нема да го очекувате тоа, но ќе ви биде драго што некој се сетил дека сте му помогнале.

Ако видите був во лет

Сон во кој гледате како був лета значи дека ќе откриете нечија тајна. Со оглед на тоа дека она што сте го дознале директно влијае врз блиската личност не знаете дали да му кажете или да си молчите за да го заштитите.

Обидете се да се ставите во кожата на оваа личност и размислете дали би биле посреќни кога би ве повредила вистината или би ви било полесно да живеете во незнаење.

Ако видите був како паѓа

Овој сон симболизира ваша потреба за креативно изразување. Вие сте креативна личност, но не го искористувате талентот доволно. Веројатно работата со која се занимавате или факултетот кој го студирате не бара креативност од ваша страна. Затоа не би било лошо да се посветите на некое хоби, кое во иднина дури би можело да ви донесе мала заработка.

Ако фатите був

Ако на сон фатите був тоа значи дека залудно ќе докажувате дека некои луѓе негативно ви делуваат. Старите пријатели, партнерот или членовите на семејството ќе ве убедуваат да се дружите со погрешни луѓе кои не само што би го нарушиле вашиот изглед туку и би ви создале сериозни проблеми.

Често ќе се расправате околу тоа и ќе трпите голем притисок да се оддалечите од луѓе кои ви се драги. На крајот ќе заклучите дека е подобро да не влегувате во расправа и да продолжите да си работите по свое.

Ако некој друг фатил був во ваш сон тоа значи дека благодарение на вашата снаодливост и интелигенција ќе решите некој голем проблем.

Ќе го промените начинот на гледање на нештата и ќе дојдете до просветлувачко сознание. Требало само поинаку да се поставите кон тоа и решението само ќе се наметне.

Ако убиете був

Кога сонувате дека сте убиле був тоа значи дека конечно ќе ги откриете вистинските чувства кон некоја личност. Во овој случај нема да се работи за убави емоции туку ќе се потрудите да го покажете лицето на некого кој не ви е драг. Ќе сфатите дека ви здодеало да глумите и дека е време да ги ставите картите на маса.

После тоа ќе видите дека и тој/таа ја чувствува истата нетрпеливост кон вас. Ќе почувствувате големо олеснување кога ќе си кажете што мислите еден за друг.

Сон во кој гледате како некој друг убива ќу укажува на тоа дека не смеете да се откажувате од борбата пред вас. Веројатно многу сте уморни и исцрпени, но обидете се на работите да гледате од посветлата страна. Знаете дека победата ви е цел и храбро одите кон неа.

Не обрнувајте внимание на околината, туку следете го своето чувство и се ќе се заврши како што треба.

Ако сонувате був во кафез

Овој сон означува дека ќе го совладате непријателот со неговото оружје. Во блиско опкружување имате некого кој се обидува да ви ја загрози работата или бракот.

Меѓутоа, бидејќи први ќе дознаете за кого се работи и на кој начин сака да ви наштети, први ќе тргнете во акција. Можеби овој триумф нема да ви донесе никаква сатисфакција, но макар на непријателите ќе им покажете дека не сте слаб противник.

Ако сонувате був на ваш прозорец

Кога сонувате дека був ви слетал на прозорец тоа значи дека би требале да бидете помудри во љубовта. Кога ќе засакате некого вие му ги откривате сите тајни и слабости, се давате безрезервно и се прилагодувате на личноста колку што можете. Колку и да се убави овие особини кога се работи за емоциите, толку можат да ве чинат.

Имено, кога ќе се разголите пред некого вие сте подложни на сите опасности таа личност да ве повреди. За некои тајни мора да молччиите додека не дојдете до заклучок дека вашиот партнер ве сака и почитува онолку колку што го почитувате и вие него.

Ако сонувате повреден був

Доколку на сон видите повреден був кој не може да лета тоа укажува на многу тежок период во животот. Повреден був може да значи и дека се чувствувате загрижено. Можеби сте исплашени за сопственото здравје или за здравјето на саканата личност. Од друга страна, овој сон може да претставува порака дека треба подобро да ги проценувате луѓето, бидејќи постои шанса некој да се обиде да ве измами.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе или слушнале був, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg