Брокер

Term Main definition
Брокер

Бидете внимателни.

Што значи да сонувате брокер?

Ако сонувате дека разговарате со брокер

Ако во сон разговарате со брокер, можно е во блиска иднина да запознаете личност која би можела да ви помогне да најдете или да ја промените работата или добро да  „продадете“ некоја своја идеја. За секој случај, бидете внимателни, бидејќи станува збор за некој кој во животот ништо не прави бесплатно. Однапред договорете се за условите на работењето за да не останете со празни раце.

Доколку во вашиот сон некој друг разговара со брокер, тоа значи дека од партнерот или од пријател би можеле да добиете подарок за кој мечтаевте долго време. Не е исклучен ни излет или кратко патување со саканата личност.

Ако сонувате дека се карате со брокер

Кога сонувате дека се карате со брокер, тоа значи дека сте личност која тешко ги артикулира своите желби, потреби и мислења. Од друга страна, очекувате луѓето да препознаат како се чувствувате и што сакате. Најблиските до вас научија да ги „читаат“ знаците што им ги давате, но затоа имате проблем на работа и меѓу луѓе кои не ве познаваат доволно добро.

Понекогаш оставате впечаток на затворена личност која одбива да учествува во разговори и нема мислење за многу теми. Наскоро ќе сфатите дека е дојдено време да го покажете своето „вистинско лице“. Тоа ќе биде освежување за вас, но и олеснување за оние кои со вас соработуваат секој ден.

Ако сонувате дека некој друг се кара со брокер, тоа значи дека за подобар живот ќе мора сами да се изборите. Треба да престанете причините за сопствените неуспеси да ги припишувате на судбината и на злобните луѓе. Кога половина од енергијата што ја вложивте во кукање би ја вложиле во некоја реална цел, ќе бидете многу посреќни и поисполнети.

Ако сонувате дека се тепате со брокер

Сон во кој се тепате со брокер укажува на тоа дека сè уште не сте ја преболеле  измамата или предавството од минатото. Сигурно барем еднаш сте се изгореле, затоа што сте верувале во погрешни луѓе. Затоа си ветивте дека тоа никогаш повеќе нема да ви се случи. Сепак, можеби е време да тргнете напред, затоа што таа грешка ве ограничува премногу долго во реализацијата на вашите планови за иднината.

Доколку во вашиот сон некој друг се тепа со брокер, тоа значи дека во животот ви недостигаат возбудувања. Веројатно сте влегле во рутина и секој ден ви е ист. Вие би сакале да промените нешто, но се плашите од критики од околината. Време е да послушате совет на добар пријател и да престанете да обрнувате внимание на тоа што некој ќе ви замери.

Никогаш не е предоцна да започнете да го живеете животот со полни гради.

Ако сонувате дека сте убиле брокер

Ако сонувате дека сте убиле брокер, тоа значи дека вашата страст за коцкање може да ве доведе во незавидна положба. Вие сè уште не гледате на тоа како на голем проблем и често го занемарувате она што ве советуваат вашите најблиски. Колку побрзо сфатите што ви се случува, толку се поголеми шансите да не изгубите сè што имате.

Ако се бакнувате со брокер

Секаков вид интимен однос со брокер укажува на некои скриени чувства. Можеби ви се допаѓа личност која е зафатена, и која, и покрај тоа, исто така, покажала симпатии кон вас. Сепак, мора да бидете свесни дека не секоја насмевка и знак на внимание е сигнал дека имате шанса да бидете заедно.

Ако по професија сте брокер или познавате некој што се занимава со таа работа, сонот не се толкува. Истото важи и ако неодамна на телевизија сте гледале филм или документарец за работа на берза.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg