Будилник

Term Main definition
Будилник

Ако ѕвони: непријатен настан во семејството; скршен: нема да ви се оствари замисленото.

Што значи да сонувате будилник?

Ако сонувате будилник што ѕвони

Ако сонувате будилник што ѕвони, тоа предупредува на непријатен настан во семејството. Сите членови на семејството ќе бидат вознемирени кога ќе дознаат дека сте во врска која не ја одобруваат со личност која не им се допаѓа. И покрај вашето убедување, ќе одбиваат да ја прифатат вашата одлука и ќе ви постават услов да бирате помеѓу нив и партнерот.

Ако сонувате скршен будилник

Кога во сон ќе видите скршен будилник, тоа подразбира дека вашата замисла нема да се оствари. Во наредниот период нема да имате доволно мотивација да работите и да направите сè што сте планирале. Доколку одите на факултет, ќе ги одложувате испитите за следниот рок што ќе ви се удри од глава. На работа ќе натрупате   обврски кои со текот на времето ќе се собираат и ќе ви создадат тешкотии во работењето.

Ако во сон исклучувате будилник

Сонувањето дека го исклучувате будилникот означува дека ќе отидете на одмор кој ви е премногу потребен. Конечно ќе можете да се опуштите и да не размислувате за обврските кои се дел од вашата секојдневна рутина. На почеток ќе ви биде необично и ќе се штрекнувате на секое ѕвонење на телефонот, но набргу ќе се навикнете на уживање и помалку стресни ситуации.

Ако во сон вклучувате будилник

Сон во кој вклучувате будилник укажува на промена на работата или унапредување. Можеби ќе одлучите да прифатите добра понуда за работа која вклучува дури и преселба. Колку и да ви е тешко да го напуштите домот, пријателите и семејството, ќе знаете дека сте направиле добар избор.

Од друга страна, можно е работодавачот да ви понуди унапредување или зголемување на платата доколку на себе преземете уште поголем дел од задачите.

Ако сонувате дека ве разбудил будилник

Ако сонувате дека ве разбудил будилник, тоа значи дека пред одење на спиење сте биле оптоварени со размислување за обврските кои ве очекуваат следниот ден. Можеби сте уморни од бројни проблеми и ви треба малку време за себе. Обидете се во својот преполн распоред да вметнете барем половина час активности кои ве опуштаат. Така ќе го намалите нивото на стрес и ќе спречите да ви го загрози здравјето.

Ако сонувате дека будилник разбудил друга личност

Кога во сон будилник ќе разбуди некој друг, тоа значи дека некој ќе ви помогне да завршите голема работа. Сте презеле огромна одговорност на себе, а немате време да ја завршите таа задача. Затоа сте постојано во трчање и ги занемарувате оние кои ги сакате. Сепак, постои можност колега да ви „скокне“ на помош за побрзо и поквалитетно да одработите некоја работа.                                                         

Ако сонувате дека будилник не ве разбудил

Доколку сонувате дека будилникот не ве разбудил и дека некаде доцните, тоа подразбира дека ќе се разочарате во некој кој нема да го исполни вашиот договор. Тоа ќе го сфатите како порака дека во овој момент можете да се потпрете само на себе и на сопствените способности.

Ако сонувате дека купувате будилник

Сон во кој купувате будилник претставува предупредување дека мрзеливоста ќе ве доведе во сериозни проблеми. Веќе подолго време немате волја да ги одработувате задачите на работа или да се посветите на домашни работи. Тоа би можело да предизвика револт кај домашните или да го наведе работодавачот да размисли за тоа колку сте му навистина потребни. Ако наскоро не се свестите, последиците ќе бидат катастрофални.

Ако сонувате дека продавате будилник

Кога сонувате дека продавате будилник тоа ја симболизира вашата грда навика на другите да им го организирате животот. Веројатно во семејството имате некој кого  го сметате за неспособен да се грижи сам за себе. Затоа „пожртвувано“ на свој „грб“ сте ги презеле неговите/нејзините обврски.

Често сметате дека без вас неговиот/нејзиниот живот би бил хаотичен. Не сте ни свесни колку грешите и кога таа личност конечно ќе ви каже да престанете тоа да го правите, „смртно“ ќе се навредите.

Ако сонувате дека некој ви подарил будилник

Ваквиот сон ви порачува дека е време за сериозен разговор со партнерот. Во последно време сте се довеле во ситуација или да не разговарате или се карате. Тие проблеми во комуникацијата се последица на неразбирање меѓу вас. Морате да поработите на тоа.

Наједноставен начин е смирено да ги изнесете своите ставови и да дозволите на својот партнер/ка да го направи истото. Нема нерешливи проблеми, ако постои волја и љубов меѓу „завојуваните страни“.

Ако сонувате дека сте добиле будилник на подарок

Ако некој во сон ви подари будилник, тоа значи дека ќе станете жртва на нечија манипулација. Покрај себе имате личност која ве гледа како средство за остварување на сопствените цели. Тука едноставно нема искрено и вистинско пријателство. Што побрзо сфатите и си признаете себеси за што се работи, ќе ви биде полесно од тоа да се извлечете.

Ако сонувате како кршите будилник

Доколку сонувате дека сте го скршиле будилникот, тоа укажува на штета. Можно е дека ќе морате да одговарате за грешка која сте ја направиле во минатото. Веројатно станува збор за некој неповолен договор кој сте го потпишале и сега неговите услови ќе стигнат на наплата. Сфатете го тоа како лекција за во иднина добро да размислите што потпишувате.

Ако сонувате како други кршат будилник

Кога во сон ќе видите како други кршат будилник, време е да посетите лекар. Веќе некое време ве мачат симптоми, а дијагноза и лекови барате на интернет. Таквото однесување е многу погрешно и колку побрзо се обратите кај стручњак, толку побрзо ќе примите соодветна терапија.

Ако слушнете будилник

Ако во сон слушнете будилник, тоа може да значи дека се плашите оти времето ви поминало, па сте задоцниле за некои големи работи и дека единствено ви преостанува да жалите за пропуштените прилики. Од друга страна, да слушнете аларм во сон е индикатор на хроничен недостиг на време, кое претставува „болест“ на модерното време.

ТОЛКУВАЊЕТО ЗАВИСИ И ОД ВИДОТ НА БУДИЛНИКОТ КОЈ ГО СОНУВАТЕ

Механички будилник

во сон симболизира страв од излегување од својата „комфор зона“. Би требало да усвоите некои нови знаења и вештини за да ја унапредите својата работа, а тоа никако не ви се допаѓа. Немојте да ги пропуштате понудените прилики затоа што се плашите од неуспех.

Дигитален будилник укажува на страв од неизвесност. Вие сте личноста која се труди со сопствена работа да стекне услови за нормален живот. Меѓутоа, моментално немате доволно приходи и се плашите што би можело да се случи во иднина. Потрудете се да ги тргнете црните мисли така што ќе се дружите со позитивни луѓе.

Будилник на мобилен телефон значи дека конечно ќе можете да испланирате краток излет или патување. Долго размислувате за тоа, но понекогаш ви недостасува време, некогаш пари, а некогаш друштво. Во блиска иднина сите коцки конечно ќе се состават, па ќе ја исполните својата желба.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте слушнале или сте виделе будилник, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за будилник

Будилник е уред кој служи за емитирање аларм во одредено време.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg