Бришење

Term Main definition
Бришење

Можна непријатност во друштво.

Што значи да сонувате дека бришете нешто?

Ако сонувате дека бришете нешто

Ако во сон вие бришете, тоа предупредува на непријатности во друштво. Можно е да не сте целосно искрени со пријателите затоа што се плашите дека може погрешно да ве сфатат. Доколку сте нови во таа средина, ќе сакате да ги импресионирате, па ќе преувеличувате некои настани од вашиот живот.

Ќе се случи не секогаш да можете да ги усогласувате деталите, па ќе се најдете во непријатна ситуација и ќе бидете фатени во лага.

Ако сонувате дека некој брише нешто

Кога сонувате дека други бришат, тоа подразбира дека некој близок ве поткраднува. Веројатно се работи за личност на која сте ѝ подале рака во тежок момент, но нема да умее да го цени тоа. Ќе смета дека не е праведно вие да уживате во животот додека таа се бори. Ќе се обиде да ви земе нешто или некој кој ви значи и покрај тоа што сте имале најдобри намери да ѝ помогнете.

Ако сонувате дека бришете крв

Сонувањето дека бришете крв означува дека не сакате да ја споделите вашата  тајна со никого. Иако во прашање не е ништо сериозно, ќе се однесувате како нејзиното откривање да предизвикува последици. Доколку некој пријател ви кажал некоја тајна, ќе се трудите да ја оправдате неговата доверба и деталите ќе ги чувате само за себе.

Ако некој друг брише крв во сон

Доколку сонувате дека други бришат крв, тоа значи дека ќе мора да исправате туѓи грешки. Можно е колега на работа да предизвика голем проблем поради невнимание и вие да бидете задолжени за негово решавање. Ќе истрпите голем притисок, но, за среќа, нема да има поголеми последици.

Толкувањето на ваквите соништа зависи од контекстот во кој се одвива сонот и деталите и чувствата што ги придружуваат. За време на ваков вид сон може да почувствувате замор, исцрпеност, вознемиреност и страв, а поретко задоволство и среќа.

Ако бришете прозорци

Ако сонувате дека бришете прозорци, тоа значи дека ќе ви се отворат нови видици. Ќе сфатите дека до сега сте пристапувале на некои проблеми од погрешната страна. Мала промена на перспективата ќе ви олесни во она со што се занимавате и ќе имате повеќе волја и енергија да се посветите на таа работа. Можно е да дојдете до идеја да започнете сопствен бизнис.

Сепак, бидете многу внимателни и не двоумете се да барате совети од стручни лица.

Доколку во вашиот сон некој друг брише прозорци, тоа е предупредување дека некој ќе се обиде да ве измами. Внимателно бирајте ги соработниците и потрудете се да не разговарате со сите за своите идеи, планови и желби.

Би било идеално ако разговарате за такви работи само со пријатели и членови на семејството. Со тоа на „непријателите“ ќе им го намалите „просторот за маневар“ за да ви наштетат.

Ако бришете подови

Кога во сон бришете подови, тоа значи дека ќе направите добро дело. Ќе ѝ помогнете на личност што не сте ја виделе досега. Со цел да ви се оддолжи, ќе ви даде вреден подарок. Ќе сфатите дека мотото „доброто се враќа со добро“ сè уште е  на сила.

Сонувањето дека други бришат подови подразбира дека се гадите од сожалување. Во моментов сте во незавидна позиција кога станува збор за љубов, здравје или работа. Луѓето ви приоѓаат со многу апатија, а вие тоа го доживувате како жалење. Затоа бурно реагирате во разговорите со најблиските.

Повеќе од самите проблеми, ве мачат реакциите на оние кои ве сакаат. Имајте и вие разбирање за нив и не се навредувајте поради погрешни работи.

Ако бришете прашина

Ако во сон бришете прашина, тоа значи дека е време да престанете да живеете во минатото. Честопати размислувате за некои среќни и безгрижни моменти и ги пропуштате шансите што сега ви се нудат. Ако сакате подобра иднина, ќе мора да започнете да работите на неа сега.

Нема причина да се враќате во некое минато време и да лелекате над својата судбина. Отворете ги очите и зграпчете ги можностите што ги добивате.

Сон во кој гледате други како бришат прашина укажува на грижа на совест. Поради вашите сопствени обврски или обична мрзеливост, одбивте да им помогнете на пријателите кои се најдоа во незавидна положба. Сега ве мачи што не сте му/ѝ помогнале. Меѓутоа, сè уште не е доцна. Обидете се да се ставите во негова/нејзина положба и ќе сфатите дека секоја помош во бурни времиња е и тоа како добредојдена.

Ако бришете садови

Кога во сон бришете садови, тоа подразбира дека во блиска иднина ќе прифатите работа што нема да ви се допаѓа. Бидејќи нема да имате избор, ќе мора да работите. Сепак, не треба да очајувате. Продолжете да барате друга работа која ќе биде  полесна или подобра и започнете да се усовршувате и во други области.

Доколку во вашиот сон некој друг брише судови, тоа значи дека вашата совест ќе биде мирна и покрај незавидната позиција во која се наоѓате. Пред вас ќе биде одлуката дали ќе му кажете на пријател/ка дека неговиот/нејзиниот партнер го изневерува. Долго ќе се двоумите што да правите, но ќе постапувате според сопствената совест. Ќе му/ѝ кажете што знаете, дури и ако ве чини пријателство. На крајот ќе се покаже како исправна одлука.

Ако бришете со џогер/чистач на под

Ако сонувате дека бришете подови со џогер, тоа укажува на поголема финансиска добивка по што ќе влезете во мирна фаза од вашиот живот. Ќе можете да се одморите, да се опуштите и да уживате опкружени со семејството и пријателите, и што е најважно, веќе нема да се плашите од неизвесната иднина.

Сонувањето дека други бришат подови со џогер значи дека ќе запознаете влијателна личност која може да ви помогне да најдете или да смените работа. Станува збор за некој кој со години е на висока позиција и кој има бројни познанства и врски. Затоа ќе се потрудите да се зближите, за да ви помогне во иднина.

Сепак, бидете внимателни. Преголемата наметливост понекогаш може да има спротивен ефект. Потрудете се да ги покажете своите знаења и вештини, но не бидете премногу нападни.

Ако бришете со крпа

Доколку во сон со крпа бришете прашина, подови, прозорци и слично, тоа значи дека вашиот труд ќе се исплати. Сè што сте вложиле во своето образование и усовршување, како и работата што ја вложувате секојдневно, конечно ќе ви ја донесе посакуваната заработка. Повеќе нема да мора да работите повеќе работи одеднаш за да живеете нормално.

Сон во кој гледате како некој друг брише со крпа укажува на тоа дека ќе ја откриете тајната што ја чувавте подолго време на личност која штотуку сте ја запознале. Ќе сфатите дека можете да му/ѝ верувате и нема да се двоумите да донесете правилна одлука.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна нешто сте бришеле, тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за бришење

Бришењето е процес на отстранување дамки, прашина или други нечистотии од разни предмети.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg