Баба

Term Main definition
Баба

Ја сонувате својата баба: семејна радост; туѓа: јад и лутина; жива и здрава: помош од личност од која тоа не сте го очекувале; на одар: сте заборавиле на некои дадени ветувања.

 

Баба ‒ што значи да се сонува баба?

Соништата за бабите најчесто не значат ништо особено ако сте имале во скоро време средба со својата или со туѓа баба или ако вашата баба е почината. Сепак, ако таков настан не се случил во скоро време, соништата со баба може да бидат многу моќни и да укажуваат на разни состојби, прилики или неприлики кои не ги гледаме, а потсвесно ги чувствуваме. Баба во сон е многу чест мотив, а најчесто значењето е сигурност, мудрост, совест, избегнување проблеми, скоро секогаш е позитивна симболиката.

Ја сонувате својата баба

Кога ја сонувате вашата баба, тоа симболизира семејна радост. Можно е да чуете поволна вест која е поврзана со некој член од семејството. Набргу ќе одите на венчавка, крштевка или друга прослава која ќе ја организира роднина. Исто така, постои можност да ве посети некој од семејството кого долго не сте го виделе. Ќе се потсетите на спомените од детството и ќе се трудите да бидете во контакт почесто.

Зборувате во сон со вашата баба

Кога во сон зборувате со својата баба тој сон означува дека ќе увиддите некоја своја грешка и ќе избегнете исклучителен проблем.

Сонувате како вашата баба плаче

Некој близок се грижи за вас, а не сака тоа да го покаже. Обидете се да предвидите кој би можел да биде, и помогнете му да ја надмине несигурноста во вас.

Сонувате дека вие сте баба

Овој сон означува дека му требате на вашето семејство и му треба вашата помош. Вашата фамилија на вас гледа како на столб на сигурност и човек кој решава проблеми. Ако сте маж и сте го сонувале овој сон тоа значи дека без причини сте несигурни во својата машкост.

Баба која се смее и која е весела

Ако сонувате баба да се смее и да е весела тоа означува дека некои неодамнешни одлуки сте ги донеле правилно и дека поради нив добро ќе поминете во блиска или подалечна иднина.

Сонувате туѓа баба

Ако во сон видите туѓа баба, тоа укажува на јад и лутина. Ќе имате судир со член на семејството кој кај вас ќе предизвика револт. Нема да смеете да реагирате како што ќе сакате, па тоа дополнително ќе ве направи незадоволни. Може да се случи вашите фрустрации негативно да влијаат на партнерот кој нема да биде подготвен да ги толерира наглите помени на расположението.

Зборувате во сон со туѓа баба

Ако во сон зборувате со туѓа баба, тоа укажува дека ќе имате некоја финансиска загуба, бидејќи другата страна ќе ве надмудри.

Туѓа баба кога плаче

Беда, сиромаштија. Генерално лош сон. Можно е дека ќе разжалосите некого без причина.

Почината баба ја сонувате дека е жива и здрава

Сонувањето жива и здрава баба означува помош од личност од која тоа не сте го очекувале. Ќе бидете позитивно изненадени кога во неволја ќе ви се најде пријател кого долго не сте го виделе. После тоа ќе го продолжите дружењето и ќе бидете поблиски од порано.

Сонувате дека бабата ви починала

Ако сте сонувале дека вашата баба починала тој сон означува здравје, долг и среќен живот.

Барате баба во сон

Ако барате баба во сон, тој сон означува дека ви недостига внимание и дека копнеете за него.

Сонувате баба која плете

Ако вашата баба или каква било друга баба плете во сон, а вие тоа го забележите, тој сон означува дека треба трпеливо да ја градите вашата иднина, т.е. да вложувате во знаење.

Сонувате гроб на своја или на туѓа баба

Ако во сон го посетите гробот на својата или на туѓа баба, тој сон означува дека ви претстои период на лошо здравје или здравствени проблеми поради кои ќе мора да посетите лекар.

Сонувате дека се карате со својата баба

Доколку во сон се карате или се препирате со својата баба тоа значи дека некој настан од минатото упорно ве спречува да тргнете понатаму. Нешто што сте го преживеале ни денес не ви дава мир. Често тоа е причина за неуспех на работа или во љубовта. Никако не успевате да се оттргнете од чувството дека нешто сте можеле да смените тогаш, а при тоа занемарувате сè што можете да направите сега. Доколку не разговарате со некој за тоа и не се потрудите тоа што ве мачи да го „закопате“ во минатото, соништата со вакво значење би можеле да бидат почести.   

Сонувате дека се карате со туѓа баба

Доколку во сон се карате со туѓа баба ќе се најдете во ситуација на поискусен колега да морате да му објаснувате зошто некоја задача сте ја завршиле така како што сте ја завршиле. Нему/неа никако нема да му/ѝ бидат јасни вашите постапки и можеби ќе ве обвинува дека сте неодговорни или несериозни. Ќе ви треба многу труд и време да му/ѝ докажете дека не е во право.

Сонувате дека се тепате со својата баба

Кога во сон се тепате со својата баба тоа имплицира грижа на совест, бидејќи сте се огрешиле за некого. Погрешно сте процениле некоја личност, но по некое време сте сфатиле дека не сте биле во право. Не знаете како тоа да го исправите, а знаете дека би требале. Егото не ви дозволува да се извините, без оглед колку би сакале.

Сонувате дека се тепате со туѓа баба

Кога во сон се тепате со туѓа баба тоа значи дека ќе се посрамотите пред поголем број луѓе. Непознавање на темата на разговор ќе ве наведе на погрешен пат, па ќе кажете нешто што ќе предизвика потсмев кај другите луѓе.

Сонувате дека се криете од својата баба

Ако во сон се криете од својата баба тоа значи дека веќе подолго време нешто криете од блиските луѓе. Можеби сте направиле нешто од што се срамите, па би сакале тие никогаш да не дознаат или сте слушнале нешто што не сакате да им го пренесете, бидејќи се плашите да не ги повредите. Доколку така продолжите единствена личност која ќе ја повредите сте самите вие.

Сонувате дека се криете од туѓа баба

Доколку во сон се криете од баба значи дека на јаве некоја личност со своето внимание многу ве гуши. Можеби станува збор за партнерот, близок пријател или родителите. Иако знаете дека неговите/нејзините намери се крајно добри, не можете да се одделите од впечатокот дека не ви е допуштено да размислувате со своја глава и дека од вас се очекува нешто што понекогаш не можете да го исполните. Веројатно тоа сте го потиснале длабоко во себе, но тоа чувство на тежина наскоро ќе го уочат и луѓето од вашата околина.

Сонувате дека сте ја убиле својата баба

Сон во кој ја убивате соствената баба симболизира проблем со блиска личност. Партнер, пријател или член на семејството упорно ви го наметнува своето мислење и ставови и од вас очекува тоа да го прифатите без приговор. Длабоко во себе ќе сфатите дека поголем дел од животот таа личност манипулира со вашите мисли и постапки, но не можете да се ослободите од тоа.

Сонувате дека сте убиле туѓа баба

Ако сонувате дека сте убиле туѓа баба во прашање е чувство на вина. Можеби од семејството криете дека сте потрошили или сте изгубиле пари на кои тие сметаат. Најдобро е да им ја кажете вистината, бидејќи ако се вплеткате во лаги постои реална опасност дека сите ќе ја изгубат довербата во вас.

Кога во сон ќе видите баба на одар, тоа имплицира дека сте заборавиле на дадените ветувања. Ве гризе совеста, бидејќи не сте направиле нешто што сте го ветиле на постара личност. Можно е дека веќе не можете да ја исправите грешката, па жалите за можноста која лесно сте ја пропуштиле.

Дефиниција за баба

Баба е назив за постара личност или мајка на нечиј татко или мајка.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg