Банкар

Term Main definition
Банкар

Сонување банкар значи да не се впуштате во шпекулации.

Што значи да сонувате банкар?

Ако сонувате дека сте банкар

Кога сонувате дека сте банкар, тоа е предупредување да не се впуштате во шпекулации. Можеби ќе бидете во искушение да влезете во работа која, од морална гледна точка, не е во ред. Ќе ве привлече можноста за брза и лесна заработка што може да ви создаде проблеми во иднина. Од друга страна, ќе се исплашите да не ја прокоцкате довербата и угледот што сте го стекнале со текот на годините и со голем труд. Ќе мора да внимавате и со кого работите, за да не бидете злоупотребени. Во вас ќе се води борба помеѓу доброто и злото, а за конечната победа пресудно влијание ќе имаат потребите на вашето семејство кои сакате да ги задоволите.

Разговор со банкар во сон

Ако во сон разговарате со банкар, тоа предупредува на материјална штета. Веројатно имате долгови или работите со загуба долго време. Ќе бидете принудени да земете кредит под многу неповолни услови. Можно е да го ставите под хипотека имотот за да ја спасите фирмата од банкрот. Притоа, ќе изгубите повеќегодишни клиенти и ќе бидете на лош глас. Ќе размислувате да ја затворите фирмата, но тешко ќе ви биде да ставите катанец на нешто што го претставува вашиот живот.

Карање со банкар

Доколку во сон се карате со банкар, тоа значи дека ќе успеете да се изборите за своите цели. Ви претстои турбулентен период полн со грижи, проблеми и стрес за време на кој ќе мора да донесете некои важни одлуки. Ова ќе го одреди понатамошниот тек на вашиот живот, па и одговорноста е поголема. Најдобар начин да се изборите со кризата е да побарате стручен совет. Не донесувајте одлуки преку ноќ и добро анализирајте го секој свој следен чекор.

Кога сонувате дека некој друг се кара со банкар, тоа ја подразбира вашата желба секому да му ја кажете во лице, колку и да е тешка и болна. Со таквиот начин на размислување би можеле да изгубите поголем дел од своите пријатели, па затоа се одлучувате да не се мешате во ничиј живот. Ќе дадете совет ако ве праша некој, но ништо повеќе од тоа. Ќе сфатите дека никој не сака другите да се мешаат во одлуките што ги донесува.

Тепање со банкар

Ако сонувате дека се тепате со банкар, тоа ја симболизира вашата потреба за постојано докажување. Се трудите да бидете секогаш најдобри во сè и сите да се  воодушевуваат на вашите достигнувања. Имате исклучително изразен натпреварувачки дух, кој понекогаш е исклучително добра особина, но понекогаш ве оптоварува толку многу што сте под постојан стрес.

Сон во кој некој друг се тепа со банкар значи дека ќе имате проблем со финансиите. Ќе влезете во многу неповолен период во кој ќе ви биде тешко да ги подмирите натрупаните обврски. Веројатно ќе мора да земете заем или кредит под многу неповолни услови, но ќе сметате дека немате друг избор. Сепак, ако паметно управувате со она што го имате, можеби нема да ви треба таков вид помош.

Убивање банкар

Ако сонувате дека сте убиле банкар, тоа значи дека ќе позајмите пари на некој што нема да може да ви ги врати кога ќе ви требаат најмногу. Оваа ситуација ќе ве фрустрира многу, па ќе се покаете што сте го направиле тоа. Ќе сфатите дека некои одлуки треба да се донесуваат со разумот, а не со срцето.

Ако сонувате дека некој друг убил банкар, тоа значи дека ќе одлучите да го смените факултетот или работата. Ќе сфатите дека тоа не е занимање што сакате да ја работите и покрај разните критики ќе ја промените професијата. Луѓето од вашето опкружување нема да ја разберат оваа постапка и ќе ве убедуваат да не правите таква грешка. За среќа, нема да ги послушате, туку сами ќе донесете одлука што значително ќе го промени текот на вашиот живот.

Криење од банкар

Кога сонувате дека се криете од банкар, тоа подразбира дека се плашите оти вашиот партнер или пријател ќе открие некоја ваша „мрачна тајна“ од минатото. Долго се трудите да со скриете тоа, затоа што се плашите дека околината ќе ве осудува. Меѓутоа, ќе сфатите дека немавте причина да го сторите тоа затоа што вашиот „грев“ не е толку страшен како што вам ви се чинеше.

Сон во кој се обидувате да скриете некого од банкар значи дека растрошноста ве довела до сериозни проблеми. Веројатно потрошивте повеќе отколку што сте требале, но тоа го скривте од партнерот или од членовите на семејството. Ќе се обидете да се извлечете со нови лаги, но нема да успеете. Најдобро би било веднаш да ја кажете вистината, затоа што би можеле да ја изгубите довербата на најблиските.

Ако во вашиот сон некој друг се крие од банкар, тоа значи дека ќе влезете во конфликт со пријател затоа што ќе се обидете да го убедите во исправноста на своите ставови. Ќе му/ѝ го наметнете своето мислење и ќе тврдите дека тој/таа треба да го направи истото. На крај, ќе ви „префрли“, што многу ќе ве повреди, бидејќи немавте лоша намера. Оваа ситуација ќе ве научи да не се мешате во животот на другите луѓе и да оставите секој сам да одлучи што е најдобро за него/неа.

Бакнување со банкар

Каков било вид интимни односи со банкар ја симболизира потребата за слава и почит. Вашата навика да бидете во центарот на вниманието полека прераснува во потреба некој да ви се восхитува. Затоа секогаш се трудите да се покажете во вистинско светло. Вие ги бирате вашиот партнер и пријателите врз основа на тоа колку можат да ви помогнат во кариерата и да се искачите на општественото скалило. Мислите дека сите во друштвото ве сакаат и ценат, но тоа не е секогаш така. Многумина ги насетиле вашите намери и се изолирале од вас. Секако, не го забележавте тоа, бидејќи приоритетите ви се насочени само кон вас.

Ако сонувате дека некој друг се бакнува со банкар, тоа подразбира дека сте љубоморни на некој пријател или колега од работа или факултет. Можеби на нему/неа ѝ оди подобро во животот, повеќе заработува од вас или тој/таа успел/а да најде личност за која верува дека е љубов во неговиот/нејзиниот живот. Иако се трудите тоа да не се види, вашата љубомора избива од секој изговорен збор.

Ако сте банкар по професија или сте имале контакти со банкар во блиско минато, сонот не се толкува. Ако сте гледале филм или некоја серија во која главните ликови се банкари, сонот е последица на впечатокот што ви го оставил она што сте го виделе.

Толкувањето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе банкар или сте разговарале со него, тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за банкар

Банкар е човек кој работи во банка.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg