Банкрот - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Банкрот

Term Main definition
Банкрот

Кога сонувате дека сте банкротирале, тоа е знак дека ќе му помогнете на пријател.

Што значи да сонувате банкрот?

Ако сонувате дека сте банкрот

Кога сонувате дека сте банкротирале, тоа е знак дека ќе му помогнете на пријател. Вие сте многу грижливи за семејството и пријателите и секогаш се трудите да им помогнете кога се во неволја. Веројатно еден пријател ќе има финансиски проблеми и ќе ви побара заем додека не застане на нозе. И покрај тоа што не стоите најдобро на тоа поле, ќе се откажете од некои работи и ќе му излезете во пресрет. Ќе бидете горди на себе затоа што се покажавте како добар човек и добар пријател.

Некој друг банкротира во сон

Ако во вашиот сон некој друг банкротира, тоа укажува дека ќе напредувате на работа. Кај вас ќе дојде до израз точноста на изреката „Сè додека на еден не му се стемни, на друг не му се разденува“. Ќе имате проблеми со колега кој ќе се обиде на секој начин да ве поткопа и дискредитира. Вие нема да можете да дојдете до израз и неретко ќе преземате заслуга за туѓа работа. Сепак, тоа нема да остане неказнето и шефот ќе види што ќе се случува. Можно е да ве критикува вас и другите колеги дека не сте го предупредиле на време, но вие знаете дека би било залудно ако самите сте се обиделе да му ги отворите очите. Вие ќе го замените и ќе ги добиете сите привилегии и обврски што одат со тоа работно место.

Толкувањето на ваквите соништа зависи од контекстот во кој се случуваат и од деталите и чувствата што ги придружуваат. Чувствата што најчесто ги придружуваат ваквите соништа се страв, загриженост, паника, мачнина, несигурност и срам.

Ако сонувате дека компанијата во која работите банкротирала

Таквиот сон го симболизира стравот од иднината. Можеби имате некои проблеми на работа поради кои се плашите да не ја изгубите работата. Можно е да сте дознале  дека фирмата во која работите е во криза и дека продолжувањето на работата е неизвесно. Ако не е така, постои можност едноставно да сте се оптовариле со црни мисли кои сте ги пренеле од јаве на сон.

Ако сонувате дека вашата фирма банкротирала

Доколку имате сопстевна фирма и сонувате дека работата ви пропаднала, тоа може да значи дека се плашите од ризик или неуспех. Можеби сте вложиле пари во несигурна работа или сте одлучиле да го проширите вашиот сегашен бизнис, па ве мачи прашањето дали сте ја направиле вистинската работа. Во деловниот свет, тоа е сосема разбирливо. Ќе мора да се потрудите да стекнете поголема самодоверба и верба во она што го правите. Само на тој начин ќе се ослободите од негативните мисли.

Ако сонувате дека сте спречиле банкрот

Ако сонувате дека сте спречиле сопствен банкрот, тоа значи дека ќе ја подобрите својата финансиска состојба во блиска иднина. Веројатно минувате низ тежок период и едвај врзувате крај со крај. Живеете од плата до плата и се плашите од секој поголем трошок. Тоа би можело да се промени наскоро, бидејќи би можеле да добиете понуда да преминете на работно место со повисока плата.

Кога сонувате дека сте спречиле некој друг да банкротира, тоа ја симболизира потребата да се докажете на работа. Вие сте личност која ги извршува своите работни задачи професионално и навремено и сте доста сигурни во својата стручност и компетентност. Меѓутоа, неретко се случува другите да бидат наградени за својот труд, а вие да останете со „кратки ракави“. Тоа не значи дека претпоставениот не ве почитува или не ги препознава вашите доблести, туку дека едноставно не знаете како да се наметнете.

Сметате дека фалењето е одлика на непрофесионални луѓе и тоа е во ред, но сепак ќе мора да најдете начин вашите квалитети да дојдат до израз.

Ако сонувате дека сте се спасиле од банкрот

Доколку сонувате дека сте се спасиле од банкрот, тоа симболизира некое  олеснување. Можеби ќе решите проблем што ве мачи долго време. Не мора да значи дека проблемот е од финансиска природа. Можеби сте во лоши односи со партнерот, член од семејството или пријатели. Пред вас е поволен период во текот на кој би требало да ги решите сите несогласувања и конечно да сфатите кого сакате да имате покрај себе, а кого не.

Ако сонувате дека некој друг се спасил од банкрот

Ваковиот сон значи дека ќе слушнете добри вести од пријател или познаник кој имал големи проблеми. Сте се труделе да му/ѝ помогнете, но рацете ви биле врзани. Сега конечно ќе дознаете дека тој успел/а да реши дел од грижите и ќе бидете многу среќни поради тоа.

Ако сонувате дека сте се извлекле од банкрот

Ако сонувате дека сте се извлекле од банкрот и дека вашата финансиска ситуација одеднаш се подобрила, значи дека би можеле да имате некој поголем трошок. Може да имате дефект на автомобилот или на апарат во домаќинството кои ќе бараат дополнително вложување. Тоа тешко ќе ви падне, бидејќи вашиот буџет станува сè „позатегнат“ од месец во месец. Сепак, ако добро располагате со она што го имате, би можеле да излезете од тоа без дополнителен кредит или позајмица.

Ако сонувате дека некој друг се извлекол од банкрот

Доколку сонувате дека некој друг се извлекол од банкрот, тоа значи дека пријател или член на семејството ќе ве замоли да му/ѝ позајмите пари. Со драго срце тоа ќе го направите, ако имате начин да му помогнете. Сепак, постои можност и самите да бидете во незавидна положба, па ќе мора да го/ја одбиете. Ќе сфатите дека ви е страшно жал затоа што не можете да ѝ помогнете на некоја драга личност, но ако ви се врзани рацете, едноставно ќе мора да се помирите со тоа.

Ако сонувате дека некому сте јавиле оти банкротирал

Таковиот сон во кој вие некому ќе донесете толку лоши вести, значи дека некој од вашите пријатели ќе го прекине контактот со вас без какво било образложение. Многу ќе размислувате за тоа каде сте погрешиле и ќе се обидете да добиете објаснување од него/неа, но безуспешно. Таа ситуација ќе ве вознемири уште повеќе затоа што ќе мислите дека нешто не е во ред со вас. Во секој случај, ќе мора да продолжите понатаму со него/неа или без него/неа, така што нема потреба од каква било анализа. Ако престанете да се мачите со такви прашања, комуникацијата со другите луѓе ќе биде подобра и поквалитетна.

Ако сонувате потврда за банкрот

Кога сонувате да гледате потврда за банкрот, но не може да утврдите на чие име е упатена, тоа значи дека би можеле да започнете некоја работа која не е во согласност со законот. Тоа нема да ви биде важно затоа што навистина ви требаат пари. Можеби ќе сфатите дека чесните работи не ви донеле ништо и ќе одлучите да ризикувате. Разбирлива е вашата потреба за брза заработка, но размислете дали тоа е единствениот начин да „грабнете“ пари.

Значењето на сонот може да има поедноставно толкување. Можеби вие или некој од околината сте имале финансиски потешкотии, па тоа ве потресло и ве оптоварило.

Дефиниција за банкрот

Банкрот или стечај е ситуација кога фирмата не е способна да плати достасани обврски кон доверителите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg