Бабун

Term Main definition
Бабун

Ако видите бабун во сон тоа означува дека ви претстои брак или среќен период во љубовта.

Што значи да сонувате бабун?

Слободни личности да сонуваат бабун

Кога личности кои се слободни сонуваат бабун, тоа подразбира дека наскоро ќе запознаете личност која ќе ве освои. Веројатно вашата приказна ќе започне како и секоја друга авантура без изглед за заедничка иднина. Ако се работи за личност која сте ја запознале во странство, можно е дека вашите очекувања ќе се разликуваат. Вие посериозно ќе ја сфатите таа романса, додека партнерот ќе биде во недоумица дали е подготвен да се врзе или не.  

Личности во врска ако сонуваат бабун

Ако личности кои се во врска или во брак сонуваат бабун, тоа симболизира среќа и задоволство на љубовен план. Со секоја минута помината со партнерот ќе бидете посигурни дека сте го избрале вистинскиот. Ќе имате исти планови и желби, па ако не живеете заедно, ќе донесете одлука наскоро за започнете. Во вашиот однос ќе владее хармонија која ќе се пренесе и на други полиња.

Постари лица ако сонуваат бабун

Кога постари лица во сон ќе видат бабун, тоа значи дека ќе се случи позитивна промена во нивниот живот. Веројатно ќе почнат да се занимааат со некоја активност, посебно ако се работи за личност која е кратко во пензија. Таа промена ќе ве исплаши, но ќе одлучите слободното време да го искористите на најдобар можен начин. Ќе се занимавате со хоби кое отсекогаш сте го сакале како шах, плетење, планинарење и слично. 

Млади личности ако сонуваат бабун

Во овој случај сонот не се толкува.

Гледање бабун во џунгла

Сон во кој гледате бабун во џунгла симболизира мир и благосостојба. Можно е дека во последно време сте имале многу грижи и дека ве мачеле разни штетни мисли. Сепак, пред вас е еден убав период во текот на кој конечно ќе почувствувате среќа и олеснување. Искористете го за да се одморите и да се подготвите за нови предизвици кои ве чекаат.

Гледање бабун во зоолошка градина

Кога сонувате бабун во зоолошка градина тоа значи дека својот живот сте го ставиле во раце на други луѓе. Веројатно сите важни одлуки поврзани со вашиот живот ги носи некој друг. Тоа до сега совршено ви одговарало, бидејќи и вашата одговорност за евентуални неуспеси била минимална, но размислете дали навистина сакате така да живеете. Можеби е време да почнете да остварувате нешто сами, бидејќи така ќе бидете поисполнети и позадоволни со самите себе. 

Гледање бабун во кафез

Ако сонувате бабун во кафез тоа подразбира дека сте останале заробени во некое друго време. Можеби сте раскинале врска или брак, а тоа не сте го преболеле. Од друга страна, можно е сè уште да размислувате за некои посреќни и помирни времиња кога сте имале повеќе пари или подобро здравје. Во секој случај, во некој момент сами себе сте се ограничиле и тоа не ви дозволува реално да ја видите сегашноста или да се посветите на плановите за иднината. 

Гледање бабун во својот дом

Кога сонувате бабун во својот дом тоа значи дека сте мистериозна личност. На луѓето кои неодамна влегле во вашиот живот сте им голема енигма. Не можат да ве дефинираат, бидејќи вие ретко зборувате за себе. Можеби сте поставиле „заштитна бариера“, па вистинското себе го покажувате само на оние на кои навистина им верувате.

Гледање ранет бабун

Ако во сон гледате ранет бабун, тоа значи дека ќе се најдете во ситуација кога помошта од колега, соработник или пријател ќе ви биде многу потребна. Ќе мора да направите голема работа за конечно да дојдете до некои резултати. Можеби моментната ситуација ве фрустрира и ве загрижува, но сè уште верувате дека трудот кој константно го вложувате еднаш ќе се исплати. Иако има многу кои не ве сфаќаат на вистински начин, мора да знаете дека околу себе имате и луѓе кои точно знаат што сакате и кои се подготвени во тоа да ви помогнат.

Гледање мртов бабун

Ако во сон гледате мртов бабун или сонувате дека вие сте го убиле тоа значи дека во блиска иднина ќе исчезнат вашите најголеми стравови. Пред вас е еден мирен период, поволен за работа и љубов. Доколку работата сте ја ставиле на прво место и доколку кариерата ви е поважна од емотивниот живот, би можеле да сретнете личност која ќе ве натера да ги промените своите ставови. Ако сте, пак, повеќе врзани за семејството, и поважни ви се луѓето од работата, би можеле да добиете понуда која тешко се одбива. 

Хранење бабун

Кога сонувате дека храните бабун тоа значи дека имате таен обожавател. Некому веќе подолго време му се допаѓате, но се плаши да ви признае. Доколку сте зафатени причините се сосема јасни, а доколку не сте, постои можност тој/таа да смета дека би можеле да го/ја одбиете. Веројатно некои сигнали и сами сте ги забележиле, но сте се потрудиле да ги потиснете. Можби не би било лошо на таа личност да ѝ дадете можност да ви се приближи, би можел/а да ве изненади со своите позитивни особини. 

Ако во вашиот сон некој друг храни бабун тоа подразбира дека сте љубоморни. Можно е да се трудите партнерот да го врзете повеќе за себе и да ви е криво кога се дружи со други луѓе. Ако сте слободни љубомората може да се однесува на некој близок пријател кој во последно време повеќе внимание посветува на другите отколку вам.

Сонување дека ве нападнал бабун

Кога сонувате дека ве нападнал бабун или повеќе бабуни, тоа значи дека ги преувеличувате своите проблеми. Сè што ве мачи во состојба сте со часови  да го зборувате на другите луѓе. Било да станува збор за здравје, работа или однос со блиски личности. Други сметаат дека за секое решение наоѓате проблем, па понекогаш им е многу тешко да ве слушаат. Ако можеби сте се запрашале зошто со некои луѓе се гледате ретко, одговорот штотуку го добивте. Обидете се помалку да зборувате, а повеќе да слушате бидејќи понекогаш и на другите им е потребен таков соговорник. 

Ако сонувате дека бабуните нападнале некој друг, потсвеста ви зборува дека конечно би требало да направите нешто што подолго време го одложувате. Време е да преземете одговорност за своите постапки и да завршите нешто што сте го ветиле. Можеби сте влегле во фаза кога ништо не ви се работи или кога сте мрзеливи за некои нови обврски, но тоа не значи дека другите би требале да имаат разбирање за таквата состојба.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако сте биле во зоолошка градина или сте виделе бабун на телевизија, тоа сигурно на вас оставило впечаток па затоа сте го сонувале.

Дефиниција за бабун

Бабун или павијан е вид мајмун кој живее во групи кои бројат од 8 до 200 члена.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg