Балсам - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Балсам

Term Main definition
Балсам

Добро здравје, средба со личност која ќе ви помогне во решавање проблем.

Што значи да се сонува балсам?

Користење балсам

Кога во сон користите балсам, тоа е симбол на благосостојба. Се грижите за своето  ментално и физичко здравје. Вежбате редовно и се трудите да консумирате здрава храна. За разлика од вашите пријатели, не пропуштате тренинзи и успевате да ги комбинирате дури и кога сте зафатени. Можно е другите да ви велат малку да се опуштите, но вие знаете кои се вашите приоритети и не се откажувате од нив.

Исто така, овој сон значи дека сте многу директни во односите со другите луѓе. Не сакате да одите одоколу, туку веднаш кажувате што мислите. Се водите според изреката „што на ум, тоа на друм“. Веројатно поради тоа сте имале многу проблеми, но не можете и не сакате да се однесувате поинаку.

Правење балсам

Ако сонувате дека правите балсам, тоа подразбира дека сте уметничка душа. Сакате сами да правите ситници што го разубавуваат животот за вас и вашите пријатели. Секогаш се трудите вашиот подарок да биде единствен и да ја израдува  личноста за која е наменет. Се чувствувате лошо кога немате време да се занимавате со саканите активности затоа што животот ви станува празен и монотон. Свесни сте дека мора да ја работите работата од која живеете и да плаќате сметки, додека со уметност се занимавате за своја душа.

Продавање балсам

Ако сонувате дека продавате балсам, тоа значи дека некому ќе му се одмаздите за злото што ви го направил. Инаку не сте личност која лесно простува ниту заборава, но одмаздата никогаш не била опција за вас до сега. Сепак, „непријателите“ ќе ве натераат да им се одмаздите, па ќе сфатите дека тоа многу ве усреќило. Меѓутоа, бидете многу внимателни, среќата е превртлива. Би било подобро проблемите со другите луѓе, како и досега, да ги решавате дипломатски.

Купување балсам

Кога сонувате дека купувате балсам, вашата потсвест ви кажува дека причината за проблемот кој ве мачи се наоѓа во вас. Токму вие сами сте заслужни за некои непријатни ситуации. Ќе мора да се помирите со фактот дека не сте секогаш во право и да сфатите дека и другите луѓе имаат свое мислење и да престанете да ги наметнувате своите ставови на другите. Семејството и блиските пријатели го толерираат ова затоа што сте им драги, но тоа не значи дека треба така да се однесувате кон секого. Пред да обвините кој било за што било, добро размислете кој навистина е виновен.

Подарување балсам

Ако некому во сон му подарувате балсам, тоа значи дека некое добро дело ќе ви се врати со уште подобро. Ќе бидете во  можност да помогнете на непозната личност. За возврат нема да очекувате ништо, но сепак ќе добиете многу. Ова ќе ви помогне да се ослободите од предрасудите за луѓето што не ги познавате.

Добивање балсам на подарок

Доколку сонувате дека некој ви подарил балсам, можно е блиска личност да ве изневери. Можеби ќе дознаете дека вашиот партнер или пријател се обидел да скрие нешто од вас. Тоа многу ќе влијае на вашата психа, затоа што ќе помислите дека сите околу вас се такви. Ова чувство ќе ве следи долго време, сè додека не ги „залечите раните“ што сте ги добиле.

Сонување дека сте истуриле балсам

Кога сонувате дека сте истуриле балсам, тоа симболизира лоши вести. Можеби ќе  дознаете дека фирмата во која работите е во многу лоша состојба или ќе дознаете  дека личноста што ви се допаѓа подолго време е зафатена. Во секој случај, она што ќе го слушнете нема да биде поволно за вас и ќе ви треба некое време да сфатите  што треба да направите.

Ако некој друг во вашиот сон истури балсам, тоа значи дека ќе се посрамите во поголемо друштво. Веројатно ќе направите или ќе кажете нешто несоодветно што ќе предизвика потсмев кај присутните. За жал, нема да можете да направите ништо за да го спречите тоа и единственото нешто што можете го да направите е да ја заборавите оваа непријатна ситуација што е можно побрзо.

Кршење шише со балсам

Доколку сонувате дека сте скршиле шише или кутија со балсам, тоа значи дека трудот што го вложувате во нешто нема да се исплати. Ако сте планирале да започнете сопствен бизнис или да го проширите постоечкиот, би било подобро да почекате некое подобро време, бидејќи не е добар момент за тоа.

Ако сонувате дека некој друг скршил шише со бласам, тоа значи дека ќе имате поголем трошок. Можеби ќе имате дефект на автомобил или некој апарат за домаќинство ќе „откаже“. Тоа ќе ви донесе главоболка, бидејќи не сте ја испланирале таа ставка во месечниот буџет.

Сонување балсам за усни

Балсам за усни во сон значи дека имате тајна симпатија. Долго време ви се допаѓа некоја личност, но не знаете како да ѝ пријдете. Кога сте заедно во друштво, се трудите да оставите добар впечаток, но не му/ѝ давате никакви значајни сигнали. Стравот од одбивање ве кочи, па немате храброст да му/ѝ се приближите. Покрај тоа, ги игнорирате очигледните знаци дека и нему му/нејзе ѝ се допаѓате.

Сонување балсам за коса

Балсам за коса симболизира негативен став кон луѓето, нештата и животот воопшто. Потсвеста во сон ве предупредува дека треба да гледате на работите од друг, поведар агол. Веројатно лошите искуства ве натерале на такви размислувања, но не смеете да дозволите тоа и понатаму да ве влече назад. Дури кога ќе сфатите дека претерано се грижите, ќе ви се отворат нови видици. Затоа, дајте си шанса да успеете.

Сонување балсам за лузни

Ако сонувате балсам за лузни, тоа значи дека некоја желба ќе ви се оствари. Може да добиете работа или да ја промените постојната или ќе ви се укаже можност некаде да отпатувате. Во секој случај, балсам за лузни во сон симболизира позитивна промена за вас или за некоја блиска личност.

Сонување балсам за рани

Доколку во сон видите балсам за рани, тоа симболизира одредена грижа. Можно е да сте загрижени за сопствената или за здравствената состојба на блиска личност. Сепак, дополнителни тестови и анализи ќе покажат дека немало причина за паника. Во блиска иднина ќе дознаете добри вести.

Сонување балсам за подмладување

Кога сонувате балсам за подмладување, тоа подразбира дека се плашите од стареење и смрт. Веројатно неодамна сте изгубиле драга личност и сè уште сте под впечаток на тоа. Од друга страна, можно е отсекогаш да имате комплекси поради кои сте несигурни во својот изглед. Ве мачи вишокот килограми или некоја друга несовршеност, па затоа многу се трудите да ја скриете. Сè додека не се чувствувате добро во својата кожа, ваквите соништа ќе се повторуваат.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Можно е неодамна да сте  користеле балсам, па тоа оставило впечаток на вас.

Дефиниција за балсам

Балсам е смолест полутечен продукт на некои дрвенести растенија што се користи во медицината, парфимеријата и техниката.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg