Бара

Term Main definition
Бара

Кога во сон ќе видите бара, тоа означува дека многу ќе работите, а ќе имате малку корист од тоа.

Што значи да сонувате бара?

Ако сонувате како гледате бара

Кога во сон ќе видите бара, тоа означува дека многу ќе работите, а ќе имате малку корист од тоа. Можно е да започнете бизнис од кој ќе имате големи очекувања. Било да станува збор за ваш приватен бизнис или да работите за некого, условите нема да ви одговараат и заработката ќе биде мала во однос на трудот и времето што го вложувате. Ќе бидете со недоумица што да правите, бидејќи нема да имате соодветна мотивација и надеж дека ситуацијата ќе биде подобра.

Ако сонувате паѓање во бара во сон

Ако сонувате дека сте паднале во бара, тоа е предупредување дека сте тргнале по лош пат. Ќе имате тежок период во животот кој ќе ве наведе на погрешни заклучоци и ќе почнете да се однесувате тотално поинаку од порано. Ќе се плашите дека другите ќе ја злоупотребат вашата добрина и ќе ве исмеваат. Нема да препознаете кој ви посакува добро, па ќе бидете груби кон семејството и вистинските пријатели. Ќе се чувствувате изгубени и ќе бидете во искушение да правите работи што порано ви биле незамисливи.

Ако сонувате голема бара

Сонување голема разлеана бара симболизира мали задоволства. Секогаш се трудите  да си угодите, без оглед на обврските и другите пречки. Имате ритуали кои ве прават среќни и секогаш наоѓате време за нив. Најчесто спортувате, излегувате, одите на масажа, одите во кино и слично. На тој начин ги полните батериите и секогаш сте задоволни и добро расположени.

Ако сонувате стапнување во бара

Ако сонувате дека сте зачекориле во бара, тоа значи дека сами се доведувате во непријатна ситуација. Многу често причините за сопствените неуспеси ги припишувате на судбината и на другите луѓе, а всушност вие сте главниот виновник. Ќе мора да се соочите со тој факт што е можно поскоро и да излезете од летаргијата во која сте западнале. Обидете се реално да ги согледувате работите и потрудете се  постепено да ги решавате проблемите. Само на тој начин ќе можете да кажете дека сте направиле сè, но дека вашиот труд не вродил со плод. Сè друго се само изговори.

Доколку сонувате дека некој друг зачекорил во бара, тоа значи дека ќе чуете лоши вести од пријатели или познаници. Можно е некој да ви каже дека има здравствени проблеми или се разведува. Ова многу ќе ве потресе и ќе се обидете на секој начин да му/ѝ помогнете. Единственото нешто што навистина можете да го направите е да бидете тука за него/неа и да му/ѝ дадете на знаење дека може да смета на вас.

Ако сонувате давење во бара

Доколку сонувате дека сте паднале во бара и дека се давите, тоа значи дека ќе најдете решение за своите проблеми полесно отколку што мислевте. Веројатно во  моментот ви се чини дека сите грижи на овој свет се на ваш грб и и дека ќе ви биде тешко да донесете вистински одлуки. Сепак, постојат можности на многу едноставен начин да успеете да ги решите, па дури и без многу труд и беспотребни „жртви“.

Ако, пак, сонувате дека некој друг се дави во бара, тоа го симболизира чувството на немоќ. Можеби чувствувате дека во моментов во секоја смисла стагнирате, а не пронаоѓате начин да излезете од тоа. Не би било лошо да побарате совет од блиска личност во која имате доверба.

Ако сонувате дека сте се удавиле во бара

Ако сонувате дека сте се удавиле во бара, тоа подразбира дека сте во сериозна опасност. Некој ќе се труди да ви ја уништи работата или врската или на кој било начин да ви напакости. Можеби дури и сте забележале дека во последно време работите не се одвиваат како што сте планирале. Причината за тоа е што некој страшно ве саботира. Размислете со кого се дружите и кому му се доверувате, за да не паднете во стапица што може да го загрози сето она во што уживате и на кое се радувате.

Кога сонувате дека некој друг се удавил во бара, тоа симболизира мали потешкотии или непријатности што може да ви се случат на работа или дома. Веројатно ќе мора  да се потрудите да избегнете непријатни средби и разговори за болни теми. Станува збор за некој настан кој длабоко ве потресол, па за него не сакате да разговарате ни  со вашите најблиски пријатели.

Ако сонувате пливање во бара

Доколку сонувате дека пливате во бара, тоа значи дека во одлучувачки момент добро ќе се снајдете. Ќе ја воодушевите околината, но и себеси со однесувањето во  некоја стресна ситуација. Ќе сфатите дека ви требало време да „созреете“ и да научите како да се справите со чувствата и импулсите. Потрудете се да продолжите да работите на себе затоа што само така ќе бидете задоволни од својот живот.

Ако сонувате дека некој друг плива во бара, тоа значи дека во блиска иднина ќе сретнете личност која ќе ве воодушеви со своите ставови и погледи на животот. Веројатно ќе сфатите дека тој/таа поседува храброст што ви недостасува во остварувањето на сопствените цели. Иако не се познавате долго, од таа личност би можеле многу нешта да научите.

Ако сонувате дека гледате лотоси во бара

Сон во кој гледате лотоси обично е поврзан со потиснати чувства или проблеми и тешкотии што сте ги превиделе. Иако некои обврски ви изгледале минорни, ќе сфатите дека „туркајќи ги под килим“ се направивте уште поголем проблем.

Од друга страна, лотосите може да значат и дека во блиска иднина ќе мора многу внимателно да донесете одлуки и за сè да размислите во детали. Претпазливоста не е една од вашите најсилни доблести, но ќе сфатите дека единствено на тој начин ќе  избегнете некои стапици на патот кон успехот.

Скокање по лотоси

Доколку сонувате дека скокате по лотоси, тоа значи дека ќе воспоставите рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот. Конечно ќе можете да најдете време за себе и за луѓето што ги сакате, бидејќи ќе успеете подобро да се организирате и навреме да ги извршувате деловните обврски. Можни се убави моменти со семејството и пријателите, па дури и некое кратко патување.

Ако сонувате дека некој друг скока по лотоси, тоа подразбира дека би можеле да влезете во непријатна расправа со партнерот или со некој член на семејството. Тој/таа ќе се обиде да ви го сврти вниманието кон грешките што ги правите, а вие ова ќе го сфатите како обид за манипулација. Размислете добро зошто сметате дека некој би сакал да ве изманипулира и што ви дало причина за така да мислите.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако сте виделе бара или сте згазиле во неа, веројатно тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за бара

Бара е влажно живеалиште со површина до 8 хектари, каде што водената маса е на ниско ниво, што овозможува вршење фотосинтеза.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg